Sunday, December 11, 2011

Наредби за читање и печатење

Читање и печатење вредности на променливите 

Наредви за влез и излез: 

           cin       наредба за внесување вредности преку тастаура

           cout     наредба за прикажување вредности на екран

Дефинирани се два оператори: 

>> влезен оператор (“прати на”)
<< излезен оператор (“преземи од”)
 
Пример:
int celbroj;
double realenbroj; 
cin >> celbroj >> realenbroj;           //citanje na: celbroj i realenbroj

Пример:
int celbroj;
double realenbroj;
...
celbroj=123;
realenbroj=45.67; 
cout << celbroj << realenbroj;          //pecatenje na: celbroj i realenbroj

На екранот ќе се отпечати:
12345.67|

За разделување на двете вредности се користи еден или повеќе бланко знаци:
cout << celbroj << ′ ′ << realenbroj << endl;
каде што endl е оператор за крај на линијата, т.е. преминување во следната линија
Добиваме:
123 45.67

За печатење во нов ред се користи операторот ′\n′. Следниве две наредби имаат исто значење.

cout << celbroj << ′\n′ << realenbroj << ′\n′;
cout << celbroj << endl << realenbroj << endl;
т.е. како резултат добиваме:
123
45.67

Неколку излезни секвенци:

излезна секвенца

Опис

\”
печатење наводник
\\
печатење коса црта
\a
печатење ѕвоно (аларм)
\n
преместување на покажувачот на почетокот на следната линија
\r
преместување на покажувачот на почетокот на тековната линија
\t
преместување на покажувачот на следната TAB−позиција


 
Оператор за доделување на вредност
 
Стандарден оператор за доделување вредности е: = 

int broj1, broj2;
short int cifra=2;
broj1=(1+2*3)%4;  
broj2=broj1/cifra;

Сите изрази имаат вредност, дури и оние кои содржат =. Вредноста на таков израз е вредноста на изразот кој се наоѓа на десна страна. Затоа е можно и доделување од следниот облик:
x=(y=10)*(z=5) при што се добива x=50
или
x=y=z=20 при што се добива x=20, y=20, z=20


Пример: Програма во С++ за собирање на два броја.

// Sobiranje na dva broja
#include < iostream> 
using namespace std ;
main ()
{                                                           // pocetok na main
int broj1;                       // deklaracija na celobrojnata promenliva broj1
cout << “Vnesete prv cel broj\n”; // tekst za vnesuvanje na broj1
cin >> broj1;                        // citanje na broj1
int broj2;                      // deklaracija na celobrojnata promenliva broj2
cout << “Vnesete vtor cel broj\n”;             // tekst za vnesuvanje na broj2
cin >> broj2;                                // citanje na broj2
int zbir;                                  // deklaracija na celobrojnata promenliva zbir
zbir=broj1+broj2;                               /* naredba za sobiranje */
cout << “Zbirot e “ << zbir << endl;
system ("pause");
}                                                           // kraj na main


Забелешки:
#include ;      предпроцесорска директива за вклучување на датотеката iostream.
main () е име на главната функција (неопходен дел на секоја програма во С++)
//                      − oператор за коментар што се протегаат во една линија.
/* и */                − oператори за коментар што не е до крајот на линијата.
Променливите во С++ можат да се декларираат каде било во програмата, а можат да се користат по линијата за декларација.
cout << “Vnesete prv cel broj\n”; − ”на cout се испраќа текстот Vnesete prv cel broj, како излезен поток на знаци”.
cin >> broj1;                                          − ”cin го чита потокот на знаци кој се внесува преку тастатура и му го доделува на broj1.
cout << “Zbirot e “ << zbir << endl;          − е наредба за печатење на повеќе вредности.

No comments: