Задачи - низи

Задачи:

1.Да се најде збирот на парните броеви во низа со n елементи
2. Да се прикажат сите елементи во низа со n елементи чиј збир на цифри е поголем од даден бро ј x.
3. Напиши програма во C++ која пресметува колку броеви од n внесени во низа се трицифрени броеви. Елементите на низата ги внесува корисникот преку тастатура
4. Напиши програма со која се пребројуваат и печатат едноцифрените и парни броеви и двоцифрените инепарни броеви во низа а со n елементи
5. Напиши код во C++ со кој првиот и третиот елемент од низата { 1,7,5,3,9 } ќе ги заменат местата, а останатите ќе ја зголемат вредноста за 3. Да се испечати новодобиената низа.
6. Да се испечати низата на Фибоначи.
7. Да се изврши циклично поместување на елементите на низата броеви [ai]n за к-места во десно
8. Во низата броеви[ai]n да се најде елементот со најмала вредност и неговиот реден број
9. Да се сортира низата [ai]n во растечки редослед, со наоѓање на најмалиот елемент
10. Резервирај меморија за две целобројни низи од по 20 елементи. Внеси ја првата низа. Формирај ја втората низа така што секој елемент во втората низа е за еден поголем од елементот од првата низа кој е на истата позиција.
11. Програма со која се внесуваат елементите на една низа и потоа се креираат две нови низи – првата ги содржи парните броеви, а втората непарните броеви. Испечати ги новите низи
12. Да се најде збирот и производот на елементите на низата броеви [ai]n.
13. Во низата броеви [ai]n да се најдaт елементите кои се двоцифрени
14. Програма која ги одредува елементите во низа ( внесена од страна на корисникот кои се корени на друг елемент во низата
15. Програма со која се печатат сите елементи во низа чиј збир на цифри е парен број. 
16. Напиши програма со која се проверува дали внесениот текст е палиндром или не.
(Палиндром е текст кој се чита исто во двете насоки – од лево кон десно и од десно кон лево)

Внесете низа од (помалку од 100) цели броеви. Од низата да се исфрли поднизата помеѓу првата појава на бројот к и последната појава на бројот m.
Ако во низата не се појавува к, ништо да не се исфрла.
Ако последната појава на m е пред првата појава на к, ништо да не се исфрла.
Ако во низата не се појавува m, а се појавува к, да се исфрлат сите членови од к до крајот на низата.

#include<iostream>
using namespace std;
int main()
{
int a[100];
int n,k,m,i,j,prvindex,vtorindex;
cout<<"Vnesete go brojot na elementi na nizata a, n=";
cin>>n;
cout<<"Vnesete gi elementite na nizata a:"<<endl;
for(i=1;i<=n;i++)
{
    cout<<"a["<<i<<"]=";    cin >> a[i];
}

cout<<"Vnesete ja vrednosta na k="; //broj vo nizata
cin>>k;
cout<<"Vnesete ja vrednosta na m="; //broj vo nizata
cin>>m;
i=0;
do
   i=i+1;
while((a[i]!=k)&&(i<=n)); //so ova do-while vo a[i] se smestuva prvata pojava na k
if(a[i]==k)
{
   prvindex=i;
   j=n+1;
   do
      j=j-1;
   while((a[j]!=m)&&(j>1)); //so ova do-while vo a[j] se smestuva poslednata pojava na m
   if(a[j]==m)
   {
      if(j>=prvindex)
      {
         vtorindex=j;
         for(i=vtorindex+1;i<=n;i++)
            a[i-(vtorindex-prvindex+1)]=a[i];
         n=n-(vtorindex-prvindex+1);
      }
   }

   else
   {
      vtorindex=n;
      n=prvindex-1;
   }  
}

else
   cout<<"vo nizata ne postoi brojot "<<k<<endl;
for(i=1;i<=n;i++) 
   cout<<a[i]<<",";
cout<<endl;              
return 0;
}

No comments: