Saturday, August 7, 2010

Оперативен систем

Оперативниот систем е множество од основни програми без кои ниту еден компјутер не може да работи. Тој е врската помеѓу компјутерот и корисникот од една страна и компјутерот и софтверските апликации од друга.

Оперативниот систем има повеќе улоги :

- овозможува врска помеѓу корисникот и компјутерот и соодветно на тоа помеѓу различните апликации и компјутерот;

- ги координира програмите кои се користат во текот на процесот;

- ја управува распределбата на компјутерските ресурси за различни апликации за да се осигура дека се користат ефикасно.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Организацијата на податоците во компјутерот овозможува нивно лесно пронаоѓање. Организација на податоците во :

- датотеките 

- папките (фолдерите)

Сите информации се чуваат (или се "снимаат") во компјутерот во вид на датотеки. Датотека е логичка целина од податоци запаметени под едно име. Датотеките вклучуваат различни видови на податоци: текстови, слики, звуци, видеа, итн. Според видот на податоците кои тие ги содржат, датотекитете може да бидат: документи (текстови, понекогаш комплетирани со табели, графикони, слики, итн), слики, аудио датотеки, филмови, итн.

За подобра организација на датотекитете на дискот, датотекитете се структурираат во вид на дрво структура ( класична архива во папки или директориуми, датотеки и други подпапки ) Главната папка која е на врвот на оваа пирамида е наречена основна папка. Повеќето документи се креирани во папка "My Documents", и нејзини под-папки

КОРИСНИ СОВЕТИ

1. Користете кохерентен систем за управување и именување на фајловите. На тој начин, полесно ќе ги најдете документите кои ви се потребни и во моментот кога ви се потребни. Избегнувајте комплицирани структури - ако имате потреба да зачувате повеќе фајлови во една папка, а не можете да ги видите сите, подредете ги по азбучен ред. Изготвените документи зачувајте ги посебно од програмските фајлови (во посебни папки). На тој начин го избегнувате ризикот од случајно бришење на документите кога деинсталирате или ажурирате документи.

2. Користете кратки и концизни имиња за да можете да го видите целосно името и лесно да се движите низ системот на фајлови, како на пример скратеници или чести имиња. Друг метод за полесно пронаоѓање на документи е впишување на датумот во името.

3. Раздвојте ги фајловите "кои ги обработувате" од оние кои се "завршени". Со ова ќе го намалите бројот на папки кои ги пребарувате кога се обидувате да лоцирате одреден документ, како и количината на податоци кои ги архивирате. Корисно е често (еднаш месечно) да ги префрлате документите и папките на кои не работите повеќе на друга локација или да ги архивирате. Избирајте во која папка зачувувате фајлови! Не зачувувајте бескорисни фајлови (на пр. Не мора да се зачуваат сите електронски пораки).

4. Направете "shortcuts". Ако имате потреба да пристапите на истиот документ од различни локации/фајлови наместо да изготвувате копии од истиот документ, можете да направите директен линк до него. За веднаш да пристапите до фајл можете да направите директен линк до него на десктопот. За да најдете документ на кој сте работеле неодамна на вашиот компјутер можете да ја искористите папката на почетното мени (My Recent Documents) 

Карактеристики на оперативните системи

На еден компјутер може да се инсталираат повеќе оперативни системи и тогаш корисникот може да избере со којод нив ќе работи.
1. multi user OS ( овозможуваат на еден компјутер во различно време да работат различни корисници со свои програми и податоци (своја околина).
2. мултитаскинг оперативни системи(multi tasking OS ) ( овозможуваат компјутерот да извршува повеќе програми истовремено)

Екран на Windows

- desktop (работна површина)
- икони ( презентираат програми , My Documents, My Computer, Recucle Bin, My Network Places)
- лента со задачи ( Taskbar) : копче Start , часовник
- покажувач на глувче
- прозорци

Видови прозорци
- прозорец апликација
- прозорец документ
- дијалог прозорец
- групен прозорец

Елементи на прозорец

Најчесто прозорците ги имаат следниве елементи :

- лента за име/ наслов (title bar)
- копчиња за работа со прозорецот ( минимизирање, максимизирање/ресторирање, затварање)
- лента со менија
• File (Датотека) мени,
• Edit (Уредување) мени,
• View (Поглед, Приказ) мени,
• Help (Помош) мени.
- ленти со алатки
- работна површина
- ленти со лизгачи ( за хоризонтално и вертикално движење)
- копчиња за хоризонтално и вертикално движење
- покажувач на глувче

Операции со глувчето

Во Windows се користи и левото и десното копче на глувчето , вообичаено левото се користи за акција ( отворање, затворање , избор и т.н.) , а десното за добивање на мени со команди.
Позиционирање е операција на доведување на покажувацот на некое место на екранот( прозорец, икона , мени, команда , ознака , празно место итн.).
Кликнување е брзо притискање и отпуштање на копчето на глувчето.
Двојно кликнување е двапати едоподруго и брзо притискање и отпуштање на копчето на глувчето.
Влечење претставува влечење на објект (прозорец , икона , слика и др.)

Поважни икони на екранот (иконите се слики што презентираат програми ( Excel, Word и сл.), фајлови ( документи, цртежи), уреди за меморија?(дискови, дискети )
My Computer ( пристап на прозорец на кој може да се види што содржи компјутерот или да се добие информација за уредите за меморија )
Recycle Bin ( електронска кошница за отпадоци каде се наоѓаат сите исфрлени документи и папки од која ако целосно не ја исчистиме можеме да си ги земеме повторно и да ги оновиме( рециклираме)).
My Documents ( папка за чување на документите која како избор ја користат сите Windows апликации кога ќе побараме меморирање на документот кој го создаваме во таа апликација)

Операции со датотеки и папки во Windows
- означување датотеки и папки
означување последователни : копче Shift
означување непоследователни : копче Ctrl
означување на сите : Crtl+A, Edit--> Select All
- креирање папка ( фолдер)
File --> New-->Folder , или десен клик , од менито избираме New->Folder
-копирање / отсекување и пренесување на објекти се извршуваат во следните чекори:
се означува објектот (иконата, папката, датотеката) со десен клик па се избира командата Copy за копирање (Ctrl + C ) / Cut за отсекување ( Ctrl +X) се доведува покажувачот на местото каде сакаме да ја пренесеме копијата / oтсечениот објект, десен клик од менито кое ќе се отвори ја избираме команда Paste ( Ctrl и V ) .
- бришење : команда Delete
- преименување : команда Rename
- барање датотека/ папка : Start --> Search
- аранжирање ( подредување) на иконите во активниот прозорец : View --> Arrange Icons

Прашања :

Што е Windows? Опиши го екранот ( корисничкиот интерфејс) на Windows
Што е датотека? За што служи типот ( наставката) на датотеката?
Кои видови прозорци постојат во Windows? Отвори еден прозорец – апликација и објаснете ги неговите елементи.
Како се врши аранжирање на прозорци?
Кои поважни икони ги познавате?
Наведете ги поважните операции со икони.
Како се врши аранжирање на икони ?
Како се стартува апликација преку Start менито?
Како се преминува од една во друга апликација? (отворени се неколку апликации)
Како се става апликација на работна маса ?
Како можат да се видат параметрите на некоја икона:
Дали еден документ може да се отвори со секоја апликација?
Со која команда се креира нов документ, а со која се зачувува(како е именуван прозорецот кој се отвара кога зачувуваме документ )?
Како ќе најдете некоја датотека или папка на дискот?
Како се креира фолдер?
Објаснете како се копираат датотеки и папки.

Вежба: Практична работа во Windows


1.На Desktop креирајте фолдер со вашето име и презиме
2.Во истиот фолдер креирајте четири подфолдери. Именувајте ги Win, Word, Excel и PowerPoint.
3.Од My Documents, преместете го фајлот proba во фолдерот со вашето име и презиме.
4.Ископирајте го овој фајл во четирите подфолдери.
5.Сменете го името на подфолдерот Win во Windows.
6.Пронајдете го фајлот win.ini кој се наоѓа некаде на вашиот компјутер и ископирајте го во фолдерот Windows.
7.Проверете и запишете колкава е големината на фајлот win.ini кој го копиравте во фолдерот Windows
8.Проверете и запишете колку слободен простор имате на хард дискот.

Големина на фајлот win.ini:

Слободен простор на хард дискот:


1
2
3
4
5
0 - 2
3 -4
5-6
7
8

No comments: