Размислете:
Дали имате
потреба за дополнително зачувување на податоците од дискот .
Зошто се налага
потребата од нивно зачувување кога веќе ги имаме на нашиот компјутер .
Како вие
лично вршите зачувување на најбитните податоци?
Што ќе се случи со податоците доколку дојде до
трајно оштетување на хард дискот?
Што е архивирање ? Зошто е потребно да се врши
архивирање на податоци ?
Што се постигнува со компресија на податоци?
На која од датотеките primer.doc i slika.bmp ќе се
постигне поголем степен на компресија ?
Наведи неколку типови на компримирани
датотеки.
Која програма ја користиш за компресирање и
архивирање на податоци. Објасни ја постапката на компресирање на податоци
Архивирање на податоците
Архива
е множество од датотеки кои се спакувани заедно во една датотека со цел правење
на резервна копија (backup), пренесување на друг компјутер, чување на друго место, праќање преку
електронска пошта, поставување на сервер.
Архивирањето претставува правење резервна копија на податоците на дискот
или најчесто на друг диск, на компакт дискови , на дискети или на магнетни ленти .
Програмите кои се користат за архивирање на податоците се нарекуваат бекап програми .
Постапката на правење на резервна копија се нарекува бекап(backup )
Компресија на податоците
Процесот
на намалување на потребниот физички простор за зачувување на податоци со
користење на различни методи на нивно запишување се нарекува компресија на
податоци. Експанзија или декомпресија е инверзна операција која има за цел да ја врати
оригиналната содржина на датотеките
Компресијата претставува постапка со која содржината на датотеките се
запишува во скратаена форма.
Програми
за архивирање и компресија во OC Windows -ARJ,ZIP и RAR
RAR датотеките имаат од 8 до 15 проценти поголема компресија од ARJ, и ZIP датотеките
Една
или повеќе датотеки можат да бидат компресирани по големина, а потоа меморирани
во зипувана датотека. Кога е потребно да се декомпресираат датотеките,
корисникот ги отстранува оригиналните датотеки од зипуваните датотеки користејќи
програма за зипувани датотеки.
Со
компресија се постигнува
1. заштеда на простор
Неколку датотеки (на пример, сите датотеки кои се поврзани со одредена
програма) може да се
симнат како една датотека, и
2. заштеда на време при пренесување на податоци
Датотеките кои се меморирани во зипувана датотека се компресирани со што
ја прават датотеката помала по големина од некомпресираните датотеки, што пак
резултира со побрзо преземање. Големината на компресијата се разликува во
зависност од видот на оригиналната датотека која е компресирана
Постојат
2 основни вида на компресија :
-
компресија без губење на
податоци
-
компресија со губење на
дел од податоците
No comments:
Post a Comment