Читање и печатење на податоци
Оператор за доделување на вредност е знакот =
int broj1, broj2;
short int cifra=2;
broj1=(1+2*3)%4;
broj2=broj1/cifra;
x=(y=10)*(z=5) при што се добива x=50
или x=y=z=20 при што се добива x=20, y=20, z=20
Наредби за влез и излез:
C++ користи потоци (анг. stream) за читање (влез) и запишување (излез) на податоци од стандардни медиуми (датотеки, тастатура, екран, итн). Потоците овозможуваат запишување (<<) или читање (>>) на податоци.
cin наредба за читање/ внесување вредности преку тастатура
cout наредба за прикажување вредности на екран
Дефинирани се два оператори:
>> влезен оператор (“прати на”)
<< излезен оператор (“преземи од”)
Стандарден влез (cin)
Читање на податоци од стандарден влез (тастатура) се прави со помош на операторот за извлекување (>>). Програмата ќе ги прочита податоците и ќе ги смести во променливата која сте ја навеле во наредбата за читање.
Пример:
int celbroj;
double realenbroj;
cin >> celbroj >> realenbroj; //citanje na: celbroj i realenbroj
Мора да се внимава на типот на податок кој и го предаваме на програмата: ако сме дефинирале (со cin наредба) дека корисникот, во тој дел од програмата, ќе внесе податок кој е цел број, тогаш тој мора да внесе податок кој е цел број - во спротивно, програмата нема да се изврши успешно.
Стандарден излез (cout)
Во C++, печатењето се врши преку вметнување (со помош на операторот <<) на податоци во cout потокот. Може да се вметнуваат променливи (со што се печати нивната вредност) или какви било други податоци (цели броеви, реални броеви, знаци, текст, итн.). Кога печатиме текст, потребно е истиот да го ставиме во наводници "tekst koj treba da se pechati".
int
x = 100;
cout <<
"Otpecati neshto!"
<< endl;
//Otpecati neshto!
cout << x << endl;
//100
Операторот за вметнување (<<) може да се искористи повеќе пати во една иста наредба. Можно е и да се комбинираат променливи, константи и други податоци во една иста наредба .
cout <<
"Moze i kombinacija "
<<
"od tekst i promenlivi -"
<<x<< endl;
int celbroj;
double realenbroj;
celbroj=123;
realenbroj=45.67;
cout << celbroj << realenbroj; //pecatenje na: celbroj i realenbroj
Output:
12345.67|
За разделување на двете вредности се користи еден или повеќе бланко знаци:
cout << celbroj << " " << realenbroj << endl;
endl е оператор за крај на линијата, т.е. преминување во следната линија
cout << celbroj << "\n" << realenbroj << "\n";
cout << celbroj << endl << realenbroj << endl;
Output:
123
45.67
изразот \n (коса црта, па n) – знак за нова линија (слично како endl).
излезна секвенца
| Опис
|
\” | печатење наводник |
\\ | печатење коса црта |
\a | печатење ѕвоно (аларм) |
\n | преместување на покажувачот на почетокот на следната линија |
\r | преместување на покажувачот на почетокот на тековната линија |
\t | преместување на покажувачот на следната TAB−позиција |
Програма за собирање на два броја
// Sobiranje na dva broja
#include < iostream>
using namespace std ;
main ()
{ // pocetok na main
int broj1; // deklaracija na celobrojnata promenliva broj1
cout << “Vnesete prv cel broj\n”; // tekst za vnesuvanje na broj1
cin >> broj1; // citanje na broj1
int broj2; // deklaracija na celobrojnata promenliva broj2
cout << “Vnesete vtor cel broj\n”; // tekst za vnesuvanje na broj2
cin >> broj2; // citanje na broj2
int zbir; // deklaracija na celobrojnata promenliva zbir
zbir=broj1+broj2; /* naredba za sobiranje */
cout << “Zbirot e “ << zbir << endl;
system ("pause");
} // kraj na main
Забелешки:
#include ; предпроцесорска директива за вклучување на датотеката iostream.
main () е име на главната функција (неопходен дел на секоја програма во С++)
// − oператор за коментар што се протегаат во една линија.
/* и */ − oператори за коментар што не е до крајот на линијата.
Променливите во С++ можат да се декларираат каде било во програмата, а можат да се користат по линијата за декларација.
cout << “Vnesete prv cel broj\n”; − ”на cout се испраќа текстот Vnesete prv cel broj, како излезен поток на знаци”.
cin >> broj1; − ”cin го чита потокот на знаци кој се внесува преку тастатура и му го доделува на broj1.
cout << “Zbirot e “ << zbir << endl; − е наредба за печатење на повеќе вредности.
Операторот sizeof() ja прикажува големина на податочните типови во бајти
#include <iostream>
using namespace std;
int main() {
cout << "Size of char : " << sizeof(char) << endl;
cout << "Size of int : " << sizeof(int) << endl;
cout << "Size of short int : " << sizeof(short int) << endl;
cout << "Size of long int : " << sizeof(long int) << endl;
cout << "Size of float : " << sizeof(float) << endl;
cout << "Size of double : " << sizeof(double) << endl;
cout << "Size of wchar_t : " << sizeof(wchar_t) << endl;
return 0;
}
Size of char : 1
Size of int : 4
Size of short int : 2
Size of long int : 4
Size of float : 4
Size of double : 8
Size of wchar_t : 4
No comments:
Post a Comment