Wednesday, February 23, 2022

Државна матура - проектна задача

 Државна матура - проектна задача 

Проектна задача - инструкции  

( насловот на темата мора да содржи истражувачко прашање)

Ученикот ја подготвува проектната задача самостојно и води досие/ портфолио. Проектната задача се состои од проучување на конкретен проблем кој ученикот го избира од некој (некои) наставен предмет или од пошироки образовни подрачја по сопствена желба и интерес

Проверката на знаењата, умеењата и способностите на учениците за изготвување на сите видови проектни задачи се врши интерно, по претходно утврдени критериуми за оценување. Но, проверката ќе се врши и екстерно од страна на Државниот испитен центар.

Постојат четири вида стандардизирани проектни задачи, и тоа: ( поопширно во линкот) 

• проектна задача- продукт/ творба/ изведба/настан

Проектна задача – продукт/ творба Преку овој вид проектна задача ученикот треба да покаже колку е практично оспособен за вршење општествено корисни работи, колку умее да промовира позитивни и хумани вредности, како и да извршува работи од областа на образовниот профил за кој се подготвува. Крајниот резултат од овој вид задача е изработен конкретен продукт/творба кој може да биде: • писмена или дигитална творба; • изведба / иницијатива/ настан што ќе донесе некаква промена; • продукт од конкретен материјал. Дигитални творби се сметаат социјалните платформи (електронски весник или тематски профил) кои обработуваат креативни и образовни содржини. Содржините можат да бидат и видеоматеријали, кратки филмови, новинарски стории на одредена тема, портрети на личности од важност за заедницата, кампањи и сл. Секој ученик кој изработува дигитална творба треба да подготви и кратка писмена документација (пишан текст) на пет (5) страници која содржи: • краток вовед во кој објаснува: која е потребата, важноста, функцијата од изработената творба (нејзината општествена корисност и оправданост, нејзиното техничко-технолошкото значење); • главен дел кој содржи: краток опис на творбата, начинот на кој биле планирани и организирани активностите за нејзина изработка, приказ на користени скици и шеми, избор на материјали; опфат на податоци, спецификација на опрема користена при изработката на творбата; стручен приказ на процесот на изработка; структура и приказ на готовиот продукт/ творба; • завршен дел во кој ученикот: ги презентира своите сознанија, заклучоци, коментари во врска со проектната задача, ги посочува евентуалните потешкотии со кои се соочил при нејзината изработка; • користена литература: се наведува користената литература (според правилата).  

 • проектна задача- есеј; 

• проектна задача - извештај од емпириско истражување;

 • проектна задача - извештај од експериментално истражување; 

 Испитот кој се однесува на проектната задача се состои од писмен и устен дел или писмен, практичен и устен дел. 

Писмениот дел го сочинуваат сите пишани материјали коишто ученикот ги подготвува во текот на првата и втората фаза. Овој дел треба да е: • технички квалитетно подготвен (компјутерски изработен во А-4 формат, со големина на фонт -12, проред 1,5); • на литературен јазик, со соодветен стил и терминологија; • со правилно запишани и коректно употребени забелешки, фусноти и користена литература при истражувањето. 

Усниот дел на проектната задача е, всушност, самата презентација (одбрана) на задачата. Таа треба да биде кратка, јасна, поткрепена со аргументи, логична, подготвена според композицијата на усното искажување. 

Составена е од три дела:

 вовед, главен дел и заклучок.

Во воведот ученикот ги дава основните информации за темата, објаснува што го мотивирало да го избере истражувачкиот проблем. 

Во главниот дел го образложува јасно и прецизно истражувачкото прашање, а во заклучокот ги презентира завршните согледувања. 

По презентацијата, членовите на комисијата (освен менторот) имаат право на ученикот да му поставуваат прашања. Презентацијата (одбраната) на проектната задача не треба да трае подолго од 20 минути, вклучувајќи го и времето за прашања и одговори. 

Техничка изработка на проектната задача

1. Насловна страница  содржи:

• името на училиштето и лого;
• насловот на проектната задача и предмет;
• името и презимето на професорот;
• името и презимето на ученикот;
• годината на завршување на проектната задача.

2.Форматирање 
Насловната страница :
Големина на страна: A4
Фонт: Times New Roman (12 pt)
Проред: 1.5
Стил на фонтот: Наслов, име на кандидатот и име на менторот – болдирано, останати елементи – обичен (Regular)

Подредување (Alignment)
Наслов: централно (Centered)
Поднаслов: лево, одвоен со празен ред од насловот
Име на менторот: десно
Име на кандидатот: лево
Име на град и година на завршување на трудот: централно

Напомена:  насловот може да се стави со големина на фонт повеќе од 12.

Главниот текст и другите делови од проектната задача треба да бидат форматирани на следниот начин:

• големината на фонтот треба да биде 12 (Times New Roman е најчестиот фонт што се употребува, но во насоките не е конкретизиран кој фонт треба да се користи), подредувањето – Justified),  стил на фонтот – Regular, со приближно 50 букви и знаци во еден ред со проред 1.5 и со маргини на документот од сите страни поставени нормално (Normal) (2.54);

• страниците  се нумерираат со арапски броеви.

Цитирање на автор и давање примери (фусноти во текст)
Цитатите се пишуваат во продолжение на текстот внесени во наводници. Затоа што цитатот е најчесто извадок од друга книга, кажување на автор и слично се користи  следното правило за одбележување:

Во Microsoft Оffice Word: во References се избира Insert Footnote, односно се става после наводниците од цитатот,  ако референцата е на крај на реченицата таа се става по затворените наводници и пред точката.

Пример: 

1.   Светомир Шкариќ:  Уставно право, Унион Трејд,  Скопје, 1955, стр.25

или 

1.     Боландер и Шиел, Управување со човечки ресурски,15

На последната страница се испишува користената литература по азбучен редослед според презимето на авторот. Податоците се впишуваат на ист начин како и кај впишување фуснота, само што овде се подредуваат по број.

Библиографија

1.     Адижес, Исак. Овладување со промените, Скопје: ДЕТРА Центар,2008

2.     Кралев, Тодор. Основи на менаџмент, 8 издание, Скопје:УТМС,2009

3.     МОН. Водач за наставници, Скопје: МОН 2003

4.     Петковски. Константин. Деловно лидерство, Скопје;УТМС,2010

Интернет извори ( доколку се употребува литература од интернет тогаш се копира врската односно се става името на линкот)

www.nea.org

www.worldbank.org


Tuesday, March 9, 2021

Матура 2024/2025

Решавањето на зададените проблеми од C++ ќе се изведува во Code::Blocks или Dev C++


ОПИС НА ИСПИТОТ / Интерно 

Интерниот испит по предметот информатика во рамки на државната матура се состои од писмен и практичен дел
Писмениот дел од испитот може да носи до 30 поени
Практичниот дел од испитот може да носи до 80 поени

Времетраењето на испитот по информатика е 150 минути.
За време на испитот потребно е ученикот да има компјутер без интернет пристап




Практичен дел  - државна матура пример  

Задачи МАТУРА  - практичен дел 



ЗАДАЧИ  C++ 

C++    задачи за државна матура 

Задачи за матура 

1. Еден авион полетал во а часот и b минути. Летал c часа и d минути во иста временска зона. Во колку часот слетал ?

2.  Напиши програма со која дадено време во секунди ќе се прикаже во часови, минути, секунди. Излезот да биде од облик

Vnesi go vremeto vo sekundi: _____

             Ima ___ casovi  , ______ minuti, _______ sekundi. 

3. Во такси во исто време влегле 3 патници. Кога првиот патник излегол таксиметарот покажувал C1 денари, кога излегол вториот C2 и кога излегол третиот C3 денари. Колку треба да плати секој од нив, ако секој плаќа пропорционално, односно, кога првиот патник ќе излезе тој плаќа една третина од C1 денариза првиот дел од патот.

Пример : Влез: 30 50 100
                Излез: 10 20 70

4. Ана учи деливост на броеви. Најлесно и е деливост со бројот 5, затоа што е доволно да ја види последната цифра на бројот за да знае дали е делив со 5. Матеј и помага на Ана, така што и задава број x, а Ана мора да пронајде најмал број делив со 5 кој е помал од x и најголем број делив со 5 кој е погoлем од x .

пример. Влез:  12     Излез:  10 15
               Влез:  15     Излез:  10 20

5. Во текот на годината Јана има n тестови по програмски јазици. Јана ги знае поените по сите n тестови и знае колку вкупно поени се потребни за петка. Напиши програма со која Јана ќе пресмета дали ќе добие петка.

Преку тастатура се внесуваат следниве податоци: број на тестови, поени од тестовите и број на потребни поени за петка.

Пример : Влез 3 8 9 6 27     Влез 3 10 9 9 27
                Излез    не             Излез    да

6. Внеси трицифрен цел број. Измешај ги цифрите на бројот така да се добие најголемиот број составен од тие цифри.

Пример 476 --> 764

7. Да се напише програма со која се наоѓаат сите совршени броеви во интервалот од [1,n]. Совршени броеви се оние чиј збир на делители ( без самиот број) е еднаков на самиот тој број ( пример 6, 28, 496 )

8.Да се напише програма со која се наоѓаат сите броеви од интервалот [1,n] кои се деливи со збирот на своите цифри

9. Напиши програма со која се одредува инверзниот број на даден природен број. Инверзен е број кај кој редоследот на цифрите е обратен .

пример: Влез 35472 Излез 27453

10. Напиши програма со која се пресметува збирот на трицифрените броеви кај кои последната цифра е најмалку 2 пати поголема од првата цифра. Истовремено се печатат и броевите кои ја имаат таа особина.

11. Внесувај природни броеви, пресметај го нивниот збир(сума) ако се повеќецифрени и парни, а нивниот производ ако се едноцифрени и непарни се додека производот е поголем од сумата. Да се прикажат сумата и производот .

12. Да се напише програма со која се определуваат сите броеви од интервалот [n1,n2 ] кои се деливи со инверзниот (обратен) број.

13. Да се состави програма со која се печатат броевите на Фибоначии ( броеви со особина секој нареден е еднаков на збирот од претходните два)

1,1,2,3,5,8,13,21...

14. Бројот е “добар“ ако секоја негова цифра е поголема од збирот на цифрите кои се наоѓаат десно од неа. Пример 9620 e “добар“: 2>0, 6>2+0, 9>6+2+0. Напиши програма која за даден природен број испишува дали е “добар“

15. Напиши програма со која се печатат броевите од низа а со n елементи кои припаѓаат во третата стотка и при делење со 4 имаат остаток 1. 

16. Напиши програма со која ќе се внесат оцените на еден ученик, ќе се избројат единиците и ќе се соопшти колку единици има ученикот и дали ученикот ја поминува или повторува годината.

17. Напиши програма со која ќе се печaтат сите четирицифрени природни броеви кои се деливи со збирот на двта броја составени од првите две цифри и од последните две цифри на четирицифрениот број 

18. Резервирај меморија за две целобројни низи од 10 елементи. Внеси ја првата низа. Формирај ја втората низа така што секој елемент во втората низа е за еден поголем од елементот од првата низа кој е на истата позиција.

19. Програма која ги одредува елементите во низа кои се корени на друг елемент во низата .       

20. Напиши програма со која се пребројуваат и печатат едноцифрените и парни броеви и двоцифрените и непарни броеви во низа а со n елементи

21. Напиши код во C++ со кој првиот и третиот  елемент од низата a[5]={1,7,5,3,9} ќе  ги заменат местата, а останатите елементи од низата ќе ја зголемат својата вредност за 3. Да се отпечати новoдобиената низа