Околина за програмирање

 a

Интегрирана околината за програмирање 

Постапката на изработка на програма може да се подели во неколку чекори :
- пишување на изворен код
- преведување на изворниот код
- поврзување во извршен код
- извршување и проверка на програмата
Постојат посебни програми за секој од наведените чекори.
Наместо користење на посебни програми се користи интегрирана развојна околина (
integrated development environment IDE), која ги обединува горенаведените чекори.
Секоја околина за програмирање е составена од множество програми кои соодветствуваат на различни етапи при решавање на задачата. Тоа се
1. Текст уредувач (внесување на текст од тастатура директно во изворна програма)
2. Преведувач
      ( преведува од јазикот на кој е напишана програмата во јазик на компјутерот, проверува и грешки во програмата - синтаксни )
3. Дебагер
             ( помага при барање на логички грешки )

Вo Dev C++ пронајди ги сите елементи на интегрираната околина на програмирање !
Интегрирана околина
елементи на околина за програмирање 
- лента со менија ( опиши ги )
- лента со алатки 
- работна површина 
     - прозорец за уредување на текст
     - прозорец за соопштенија
     - прозoрец за организација  

Постапка за отварање  

File --> New --> Source File  
Зачувување 
File --> Save as : file name 
              type : C++source file ( *.cpp, *.cc )
Извршување 
Excecute --> Compile and Run

(ПРЕЗЕМЕНО ОД MENDO.MK)

Опиши ја постапката за отворање датотека во Code Blocks (стр.103 учебник)

 Пред да ја создадете вашата прва програма во C++, потребно е на вашиот персонален компјутер да инсталирате софтверска алатка која ќе ви овозможи да пишувате програми, нив да ги тестирате, како и да ги склопувате во софтвер кој компјутерот може да го изврши. Секоја ваквите алатка се нарекува "Интегрирана Развојна Околина" (анг. кратенка IDE). Стандардно, едно IDE содржи:

  • текстуален едитор за изворниот код (место каде што ќе го пишувате вашиот код)
  • компајлер и/или интерпретер
  • алатка за отстранување на грешки - debugger

Постојат повеќе интегрирани развојни околини за пишување на C++ програми. Моментно, најдоброто бесплатно IDE за пишување на овој тип на програми е Code::Blocks. Оваа алатка стандардно се користи од илјадници корисници - како за пишување на едноставни програми, така и за креирање на сериозни комерцијални проекти. 

Преземете го Code::Blocks од следниот линк: codeblocks-10.05mingw-setup.exe

Инсталирајте го Code::Blocks со едноставно извршување на преземената setup датотека. 

Чекори за креирање на вашата прва програма

Време е за креирање на вашата прва програма. Стандардно, првата програма која ја пишуваат сите ново-печени програмери е т.н. hello world програма:

1
2
3
4
5
6
7
8
9
#include <iostream>
using namespace std;
int main()
{
cout << "Hello world!" << endl;
return 0;
}
За да ја извршите оваа програма на вашиот компјутер, направете ги следниве чекори:
  1. стартувајте го Code::Blocks (Start » All Programs » CodeBlocks » CodeBlocks)
  2. кликнете на File, па New Project
  3. Одберете Console Application, и кликнете Go
  4. Кликнете на Next
  5. Одберете C++, и кликнете Next
  6. Внесете име на проектот во полето Project Title » HelloWorld (останатите полиња ќе се нагодат автоматски)
  7. Проверете дали полето Compiler ja содржи вредноста "GNU GCC Compiler", и кликнете Finish
  8. Во левиот дел на екранот, отворете Workspace » HelloWorld (или како и да сте го именувале проектот), па потоа Sources и отворете ја датотеката main.cpp (со кликнување двапати на левото копче од глушецот, или со кликнување на десното копче од глушецот и "Open main.cpp")

    Избришете го постоечкиот код. Потоа, препишете го кодот даден погоре (hello world програмата) во текст едиторот. Внимавајте на големината на буквите - C++ прави разлика помеѓу големи и мали букви, па доколку внесете Cout наместо cout, или Main() наместо main(), програмата нема да функционира. Исто, внимавајте на знаците ';' (точка запирка) - тие се важни и мора да се наоѓаат на истите места како и во програмата дадена погоре. Осигурајте се дека сте го напишале зборот endl правилно; последната буква во endl е l (мало L), а не I (големо i) - во многу фонтови, овие две букви изгледаат исто. На наредбите од програмата не им претходат бројчиња (како што е тоа дадено погоре). Бројчињата се дел од Syntax Highlighter – алатката која ја користиме за прикажување на код.

    Не го копирајте кодот - препишете го самите, наредба по наредба. Што повеќе вежбате да пишувате, станувате подобри.
  9. За да ја извршите вашата прва програма, одете Build (горно мени) па Build and run (или кликнете на F9). Доколку програмата не се изврши, сте направиле некоја грешка при препишувањето - проверете го вашиот код линија по линија. Доколку не можете да ја најдете грешката, погледнете во долниот дел од Code::Blocks - таму ќе биде наведена линијата во која сте направиле грешка.
  10. Браво. Ја креиравте и извршивте вашата прва C++ програма.

Извршувањето на програмата дадена погоре резултира со печатење на текстот "Hello world!" на компјутерскиот екран. Иако е многу едноставна, оваа програма ги содржи клучните елементи од кои е составена секоја C++ програма. Во следното предавање детално ќе ги анализираме овие клучни делови.

Табела на поими

 

Интегрирана околина

Dev C++

Code Blocks

Креирање project

 

 

Креирање на нова датотека во изворен код  ( file )

 

 

Преведување

 

 

Извршување

 

 

 

Реализирај ги следниве програми !. Запиши го излезот !

 Programa 1

#include <iostream>
using std::cout;
using std::endl;
main()
{
cout << "Zdravo na svetot " << endl;
}

 Programa 2

#include <iostream.h>
main()
{
int i;
cout<<”Vnesi broj i Enter” << endl;
cin>>i;
if (i>5) {
cout << “brojot e pogolem od 5 “<< endl;
cout<<”i=”<<i<<endl;
}
else
if (i<5)
cout << “brojot e pomal od 5 “<< endl;
else
cout << “brojot e ednakov na 5 “<< endl;
}

Programa 3

#include <iostream>
using namespace std;
int main(int argc, char *argv[])
{
float a_a,b,c;//varijablite gi vnesuvas so tocka , primer 12.34
cout<<"Vnesi a=";
cin>>a_a;
cout<<"Vnesi b=";
cin>>b;
c=a_a+b;
cout<<c;
cout;
return 0; }

No comments: