Во С++, најчесто се користат следните два типа на оператори:
- унарни оператори - оператори кои вршат акции врз еден операнд. Наједноставен пример за унарен оператор е '-' операторот, кој може (на пример, во изразот -155) да изврши акција врз еден операнд (155) и да произведе нова вредност (-155).
- бинарни оператори - оператори кои вршат акции врз два операнди. На пример, во изразот "3+5", операторот '+' претставува бинарен оператор
Доделување на вредност (=)
Аритметички оператори (+, -, *, /, %)
C++ подржува 5 бинарни аритметички оператори: оператор за собирање (+), оператор за одземање (-), оператор за множење (*), оператор за делење (/) и оператор за пресметка на остаток од делење (%).
Скратување на изрази (+=, -=, *=, /=, %=, ++, --)
Prefiks i postfiks
Ако x е цел број чија вредност е 5 и напишеме
int a = ++x;
тоа значи дека компајлерот го инкрементира x ( x добива вредност 6), а потоа вредноста ја враќа на а. Значи а = x = 6.
Ако потоа напишеме
int b = x++;
тоа значи да се додели вредноста од x (6) на променливата b, а потоа да се инкрементира x. Сега b =6, x = 7.
x = 3; | x = 3; |
Релациски оператори (==, !=, <, >, <=, >=)
Експлицитно претопување
Претопување претставува претворање на податок од еден тип во друг. Кога вршиме операции врз податоци од различен тип, C++ се обидува, самиот, да претвори еден од податоците во соодветниот податочен тип на другиот (поедноставниот тип се претвора во посеопфатниот тип). Оваа постапка се нарекува имплицитно претопување.
Во C++ постојат оператори за експлицитно претопување, кои овозможуваат рачно претворање на податок од еден тип во друг
No comments:
Post a Comment