Saturday, May 22, 2010

Access / Base

БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

Датотеките графички се претставуваат со табели, составени од редици и колони. Редиците претставуваат записи, колоните полиња во записите.
Сите записи во табелата се различни. Секој запис има сопствени податоци во полињата, со што се карактеризира како посебен објект наречен ентитет.
Записите имаат иста структура( ист број и тип на полиња). Едно поле изразува една карактеристика на сите ентитети. Ваквите карактеристики се нарекуваат атрибути.
Пред да се изработи база на податоци, се прави анализа на барањата што таа треба да ги задоволува (што се очекува од базата, односно кои ќе бидат нејзини корисници). Системот за управување со базата треба да овозможува нејзина надградба, прошитување, измени.
Базата се состои од повеѓе табели помеѓу кои се поставени одредени релации. Таквата база се нарекува релациона база на податоци.
При дефинирање на податоците кои се внесуваат во табелата се задава типот на секое поле, т.е. каков тип податоци ќе содржи полето:број, текст, датум .... Се поставува и поле - примарен клуч, со кој се поставуваат релации на табелата со другите табели во базата.

Access - презентација  



Поставување релации помеѓу табелите


Откако се креирани повеќе табели со соодветни примарни клучеви, може да се креираат релации помеѓу табелите.  При тоа треба да се дефинира и терминот Секундарен ( надворешен) клуч, кој претставува примарен клуч од табела што е копија во друга табела (каде не е примарен клуч) и се употребува за меѓусебно поврзување на табелите.
За да се постават релации помеѓу табелите, треба да се направат следниве чекори:
Access 
  1. Во базата на податоци, одберете Tools, Relationship или кликнете на копчето Relationship на лентата со алатки.
  2. Се појавува дијалог прозорец Show Table, во кој се избираат соодветните табели и се кликнува на копчето Add.
  3. Потоа, секоја табела се појавува во прозорецот Relationship. Селектирајте    го  заедничкото поле во табелата каде што таа е примарен клуч, одвлечете го и пуштете го на неговата копија (полето со исто име) во другата табела.  Се отвора Edit Relationship прозорецот.
  1. Edit Relationship прозорецот ги покажува полињата кои ќе бидат поврзани. Со кликнување на Create се креира релацијата, која ја претставува линијата која ги спојува двете полиња во порозорецот.
Base 
   Во базата на податоци, одберете Алатки / Релации, изберете ги соодветните табели од  прозорецот Додавање  табели . 
Начинот на поставување на релациите е ист како кај Access

Прашања.
Какви релации постојат. Објасни ги.
Како се поврзуваат табелите меѓусебно.
Дали може да се поврзат нееквивалентни полиња?
Опиши ја постапката на поставување релации меѓу табелите . Отворете ги табелите креирани минатиот час, анализирајте какви релации треба да постојат и поставете ги истите.
Дали поставените релации можат да се уредуваат?




http://linoit.com/users/elile/canvases/Base


Извештаи 

Извештаите се еден вид формулари за печатење, кои можат да содржат разни податоци од базата. Можат да се гледаат само во Print Preview.
Податоците во еден извештај може да се земаат од една или повеќе табели. Ако се земаат од една табела, велиме дека извештајот е базиран на таа табела. Ако, пак, податоците се земаат од повеќе табели, најнапред се креира прашалник а потоа  извештајот го базираме на прашалникот.
Постапка :
- избор на објект Report --> Create report by using wizard
- од листата tables/queries бираме табела или прашалник
-  ги следиме барањата ( избор на полиња, групирање на податоци , сортирање ( до 4 полиња), изглед и стил на извештајот


Прашања
  1. Што претставуваат извештаите?
  2. Што е разликата помеѓу  извештаите и прашалниците ?
  3. Дали креирањето на прашалници е со волшебник или во дизајн изглед?
  4. Кои објекти треба претходно да се изработени за да може да се изработи прашалник?
  5. Дали во еден извештај може да се ставаат полиња од различни табели? Објасни!
  6. Следејќи инструкциите за креирање извештаи изработи извештаи  за книги и ученици . 

    Publisher

    Kviz Publisher


    Издаваштво или издавачка дејност е процесот на продукција и дистрибуција на уметнички творби или информации, односно активноста на обезбедување на достапност на делото или информацијата до јавноста. Со издавачка дејност главно се бават издавачките куќи, кои, зависно од видот на делата што ги објавуваат, може да бидат музички, информативни или новински, книгоиздателски, филмски, итн.
    Традиционално, издаваштвото се однесува пред сѐ на литературните дела и на весниците. Со развојот на технологијата, издаваштвото се проширува најпрво и на музички дела (плочи, касети, ЦД), филмски дела (видео, ЦД, ДВД) електронски книги, интернет страници, компјутерски игри, итн.
    Издаваштвото ги вклучува фазите на развој, купување, уредување, графички дизајн, производство на медиум (на пр. печатење) и маркетинг и дистрибуција на делата.
    Издаваштвото содржи и важни законски аспекти: авторски права, заштита на делата, заштита на изворот на информациите итн.
    Една од областите во која користењето на компјутерите многу ја олеснува работата е персоналното издаваштво ( desktop publishing).
    Пред да се отпочне со креирање на публикација пожелно е да се размислува на следниве работи:
    - видот на публикацијата ( весник, книга, реклама, леток итн)
    - намена на публикацијата ( цел, читатели, дизајн)
    - скица на корицата и внатрешните страници
    - елементи ( текст, графички објекти и начин на внесување )
    Publisher овозможува креирање на публикација на 2 начини:
    - со избор на готов дизајн :
    o Publication for Print дизајните се групирани по тип: брошури, весници, посетници ...
    o Web Site and E- mail
    o Design Sets содржи дозајни групирани по сличност
    - празна публикација


    Елементи на прозорецот Publisher
    - Лента со наслов , Главно мени
    - Ленти со алатки: Standard, Formatting, Лента Object
    - Линеар
    - Ленти за хоризонтално и вертикално поместување
    - Икони на страници
    - Работна површина



    Во текст рамките внеси ги називите на елементите
    Прашања :
    1. Работа со ленти со алатки
    - прикажување на екран
    - отстранување од екран
    Зошто се користат? Како се прикажуваат а како отстрануваат од екран ?
    2. Лента Objects (Опишете ги алатките )
    ( обидете се да ги поставите следниве параметри )
    3. Поставување параметри
    - подесување на линеарот
    - поставување водилки
    - поместување и бришење водилки
    - oтстранување на водилки
    - брзо порамнување на објектот
    Креирајте нова публикација : опција Publication for Print, категорија Newsletter, дизајн Axis Newsletter

    Одговори
    1. Обезбедуваат брз пристап докомандите
                - View --> Toolbars (се кликнува на саканата лента)
                 - со клик со десното копче на некоја од лентите се прикажува листа од сите ленти
          2.  Алатки од лентата Object
    -          Селектирање
    -          Цртање рамка за текст
    -          Вметнување табела
    -          Вметнување уметнички текст
    -          Вметнување рамка за слика
    -           цртање линии
    -          Цртање стрелка
    -          цртање правоаголник
    -          цртање елипси
    -          цртање геометриска фигура
     3. Подесување на линеарот :
    -         прикажување или криење : View --> Rulers
    -         мерни единици : Tools -->Options ( General ….)
        Поставување водилки :
    -         Линии кои служат за порамнување на објектите на точно определена хоризонтална или вертикална положба
    -         Позиционирај го покажувачот на хоризонталниот односно вертикалниот  линеар, притисни го глувчето и влечи ја водилката до саканата локација

    Уредување на текст

    Од менијата Edit   во Word и  во Publisher опишете ги, објаснете ги  заедничките команди кои ги објаснуваат следниве активности :
    -          копирање, отсекување, пастирање 
    -          барање и замена  на текст
    -          креирање на рамка за текст , селектирање рамки за текст, пренесување , ротирање на рамка
    -          прецизно подесување на димензиите на рамка за текст : View Toolbars --> Measurment
    -          додавање текст во публикација :
    1.       со директно пишување во рамката
    2.       со специјално вметнување : се копира во Word , се отвара Publisher Paste Special
    3.       со вметнување на текстуална датотека ( Insert --> Text file)
    Приказна е текст кој се препознава како посебна целина. Приказна може да биде и една буква, а може да се содржи само во една текст рамка или да се протнува низ повеќе.

    Oбјаснете ги ознаките на горната слика. 
    -          уредување на приказна од Publisher vo Word
    1. се означува рамката за текст
    2. Edit --> Edit Story in Word
    3. се уредува текстот во Word 
    4. File --> Close & Return то име на публикација 

    Специјални ефекти 

    Од менијата Format   во Word и  во Publisher опишете ги, објаснете ги  заедничките команди кои ги објаснуваат следниве активности :
    - обвивање на текст 
    - стил на првата буква од параграфот
    - промена на бојата на текстот
    - креирање на бројувачка листа
    - поставување проред во текстот
    - позиционирање на текстот во рамката за текст ( хоризонтално, вертикално)
    - текст во колони : (2 начини)
    1. Arange --> Layout Guides( Grid Guides)
    2. се означува рамката , Format --> Text Box, Columns


     

    PowerPoint

    Презентација е активност со која се покажува и објаснува содржина на одредена тема на поединци или група луѓе.
    Мултимедијални презентации се документи во кои, освен текст, се содржат и други видови на податоци: слика, звук, музика, видео, анимација итн. Тие се наменети за презентирање на нивната содржина пред поголем аудиториум. Најчесто се работи за предавања, реклами на фирми, на производи, на услуги, на разни извештаи, изложување na идни планови, на стратегии, на идеи итн.
    Познати програми за компјутерски презентации се: се Microsoft PowerPoint од пакетот Microsoft Office, Impress од пакетот програми OpenOffice.org
    Една презентација содржи повеќе слајдови, а секој слајд е комбинација на текст, табели, слики или друг тип на мултимедијални објекти.

    За успешна презентација треба да се внимава на:
    содржината на слајдовите
    комбинациите на бои
    графичките елементи
    големината на буквите
    употребата на табели
    употребата на ефекти и анимации

    РАБОТНА ОКОЛИНА



















    - име на презентација
    - главно мени
    - стандардна лента со алатки
    - лента со алатки за форматирање

    - копчиња за минимизирање, максимизирање/ресторирање и затворање на прозорецот
    - панел за слајдови
    - слајд што се креира и уредува
    - панел за задачи (Таsk Pane)
    - лента со алатки за цртање

    КРЕИРАЊЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

    Во PowerPoint се користат три начини на креирање на презентација
    1. презентација со автоматска содржина (auto content wizard) - волшебник
    За креирање презентација, со однапред одредена форма и содржина
    2. презентација со готов дизајн на слајдовите (design template) - шаблон
    Има можност за избор на изгледот на слајдовите од повеќе понудени дизајни.
    3. празна презентација (blank presentation)
    сами да ја креираме презентацијата со сопствен избор на дизајнот на слајдовите.


    РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

    Презентацијата со која се работи може да се прикаже на неколку начини (погледи)

    • Normal view (Нормален) – почетниот приказ, каде ја гледаме работната површина во рамка, има три дела, работниот простор, приказ на слајдовите во смалена варијанта и простор за забелешки
      •Outline (Контура) – Се занемарува формата и из­гледот, а се потенцира содржината (текстуалниот дел) на презентацијата

    • Slides – приказ на минијатурна верзија на слајдовите

    • Slide Sorter -приказ на минијатурни слајдови со цел да се контролира текот на презентацијата, или да се изврши промена на редоследот на слајдовите

    • Slide show (Слајд-шоу) –прикажување на презентацијата слајд по слајд на целиот екран

    • Notes Page - приказ на слајдови заедно со прибелешките што се однесуваат на нив

    Форматирање на слајдови

    Изглед ( тип ) на слајдот ( распоред на објектите) Format --> Slide Layout

    Изгледот на секој слајд се дефинира при неговото креирање или со наредбата Slide Layout во менито Format, односно View --> Task Pane -->Slide Layout . Од дијалог прозорецот Slide Layout се кликнува на саканиот изглед и на копчето Apply. Со оваа постапка се менува изгледот на слајдот

    Дизајн Format --> Slide Design
    Дизајн шаблонот содржи дефиниции за изгледот на сите типови слајдови. Тој не ја создава содржината на слајдовите, туку само го дефинира нивниот изглед
    За да се користи дизајн шаблон во реализацијата на презентацијата, во дијалог прозо­ре­цот за нова презентација се избира картичката Design Templates и потоа се избира ди­зајн шаблон за презентација и се клика на копчето OK или дизајнот се избира за веќе готова презентација со

    наредба Format --> Slide Design . (во прозорецот Slide Design разгледајте ја Color Schemes)

    Анимирање на објектите

    Понекогаш е потребно да ја направиме презентацијата поинтересна и повпечатлива, и за таа цел во PowerPoint е овозможено да се вметнуваат динамички ефекти. Прикажувањето може да биде одеднаш на сите објекти или објект по објект по однапред определен редослед. За таа цел можат да се придружуваат разни динамички ефекти (анимации).

    Наредба Slide Show->Custom Animation.

    Ефектите се групирани во 4 групи и тоа:

    - Entrance (се користи како ефект при појавување на објекти),

    - Emphasis (ги употребуваме кога сакаме да истакнеме некои објекти, особено текстуални),

    - Exit (се користат за начин на затворање или напуштање на слајдот),

    - Motion paths (се одредува патека на движење или преместување на објектот од едно на друго место на слајдот).

    За секоја група имаме предложени по неколку ефекти а можноста на нивно комбинирање се граничи со нашата креативност. Откако ќе се изврши избор на одреден ефект, потребно е да се подредат некои параметри и тоа старт, или начинот на започнување на ефектот, насока на движење и брзина на движење. Потоа имаме и дополнителни опции на стрелката десно од ефектот каде се уредува дали ќе се емитува и звук со анимацијата, кој ефект треба да се изврши по тој ефект, прецизно утврдување на брзината и темпото на извршување на ефектот и други опции.

    Преодни ефекти ( трaнзиции)

    Наредба Slide Show -->Slide Transition (објасни ја постапката )

    Работа со Slide Master

    Кога е потребно одредени податоци да се појавуваат на секој слајд, а за да се избегне повтореното внесување на таквите податоци на секој слејд, најдобро е истите да се внесат на т.н. Slide Master. Slide Master всушност не е слајд иако изгледа и се уредува како слајд. Промените внесени во мастерот влијаат на секој слајд.

    Постапката е следна:
    View -->Master --> Slide Master ( се прават корекции)

    ВЕЖБА

    Листа на задачи за работа во Power Point

    1. На Desktop креирајте фолдер со вашето име и презиме.
    2. На насловниот слајд како наслов на презентацијата напишете: Преглед на посетеност на курсеви. Форматирајте го текстот со фонт MAC C Swiss и со големина 40.
    3. На насловниот слајд како поднаслов на презентацијата напишете го вашето име и презиме. Фонтот нека биде MAC C Swiss со големина 28.
    4. Вметнете нов слајд. Како наслов на слајдот напишете: Курсеви кои се изведени. Форматирајте го насловот со фонт Mac C Swiss и големина 32. На слајдот наведете ги следниве курсеви: Windows, Word, Excel и PowerPoint.
    5. Вметнете нов слајд . За наслов на слајдот напишете: Табеларен приказ на посетеност. Вметнете табела со димензии: 5 колони и 5 редици.
    7. Внесете ги следниве податоци во табелата:



    8. Вметнете нов слајд . За наслов на слајдот напишете: Графички приказ на посетеност. Вметнете графикон кој ќе ги прикажува податоците од претходниот слајд.
    9. Вметнете стрелка со црвена боја која ќе покажува кон најмалата вредност на графикот. Покрај стрелката напишете текст: Најмала посетеност.
    10. На целата презентација додадете подножје (footer) во кое ќе пишува: Преглед на посетеност на курсеви.
    11. На целата презентација применете Design Template по сопствена желба.
    12. Анимирајте ги слајдовите по сопствена желба
    13. Поставете танзиција на слајдовите така што за сите слајдови ќе примените Cover Left транзиција.
    14. Снимете ја презентацијата под име Pregled.ppt во фолдерот со вашето име и презиме.

    Прашања:

    За што се користи PowerPoint?
    Наброј ги начините на креирање на презентација
    Што е презентација, а што слајд?
    Кои се најчесто користени ленти со алатки во PowerPoint ?
    Вметнување на нов слајд се прави со :__________________
    Како ќе додадете текст во празен слајд?
    Опишете ја постапката за внесување Word Art
    Со која команда се менува стилот на фонтот на текстот во одредена текстуална рамка ?
    a) Format --> Font
    b) Format --> Text Box
    c) Format --> Background

    За да се промени изгледот на тековниот слајд потребно е да се избере наредбата :
    a) Format --> Slide Layout
    b) View --> Task Pane --> Slide Layout

    Слика во слајд се вметнува со : ____________________________
    Графикон во слајд се вметнува со :__________________________
    Со која наредба се вметнува аудио запис на тековниот слајд :
    a) Insert --> Movie and Sound --> Movie from File
    b) Insert --> Movie and Sound -->Sound from File
    c) Insert --> Movie and Sound --> Play CD Audio Track

    Со која наредба се менува позадината на слајдот ?
    a) Format --> Slide Design
    b) Format --> Background

    За да се промен дизајнот на презентацијата потребно е да се избере наредбата :
    a) Format --> Slide Design
    b) View --> Task Pane-->Slide Design

    Нумерирање на слајдовите се врши со командата :

    a) Insert -->SlideNumber
    b) Format --> SlideNumber
    c) Slide Show-->Slide Number

    Колку најмногу слајдови можат да се испечатат на еден лист хартија
    a) 3
    b) 9
    c) 10
    d) 16

    Со која наредба се додаваат специјални ефекти на слајдот?
    a) Slide Show -->Slide Transition
    b) Slide Show -->Custom Animation
    Бришење на слајд/слајдови се врши со командата __________________
    Со која команда се додаваат преодни ефекти на промена на слајдовите ?
    a) Slide Show--> Custom Show
    b) Slide Show--> Custom Animation
    c) Slide Show--> Slide Transition
    Како се менува редоследот на слајдовите во презентацијата?
    Зошто се користи Slide Master
    Наброј ги погледите на слајдови .
    Како се селектираат и групираат повеќе објекти.

    Impress

    Impress e дел од OpenOffice пакетот, наменет за изработка на презентации. Слајдовите кои ги сочинуваат презентациите можат да имаат најразлични компоненти: текст, слика, цртеж, табела, график, звучни и видео записи.
    Поими:
    - презентација ? Докумeнтот на кој се работи во Impress се вика презентација
    - слајд ? Елементите на презентацијата се викаат слајдови. Слајд е страница на
    презентацијата
    Активирање : Апликации --> Канцелариски -->Impress
    Работен екран
    - насловна лента
    - главно мени
    - стандардна лента со алатки
    - лента со алатки за форматирање

    - копчиња за минимизирање, максимизирање/ресторирање и затворање на прозорецот
    - панел за слајдови
    - слајд што се креира и уредува
    - панел за задачи
    - лента со алатки за цртање
    Креирање на презентација
    Два начина за креирање нова презентација:
    • Креирање на празна презентација.
    На овој начин ќе биде креирана презентација со еден празен (бел) слајд
    • Креирање на презентација од образец (урнек).
    Покрај формата, дизајнот и ефектите, овој начин во добар дел ја одредува и содржината на
    презентацијата.
    Креирање празна презентација
    Празната презентација нема шема на бои или дизајн и нема претпоставен текст што би помогнал во уредувањето на слајдовите.
    • Датотека → Нов → Презентација ( дијалогот Волшебник за презентации)
    • Се кликнува на опцијата Празна презентација и на копчето Креирај.Оваа презентација има само еден слајд подготвен за уредување.
    • Додавање на слајдови се врши со наредбата Вметнување → Слајд

    Креирање нова презентација со волшебник

    • Датотека → Нов → Презентација
    • Од прозорецот Волшебник за презентации се избира опцијата Од образец и соодветниот образец.
    • Се избира излезниот медиум (фолија, хартија, екран и сл.)
    • Понудени се и опции за поставување на:
    - ефектите за преод помеѓу слајдовите
    - брзината на преодот
    - начинот на промената на слајдовите:
    - стандардно - клик на глувчето, копче од тастатурата и сл.
    - автоматски – слајдовите ќе се менуваат по одредено време.
    • Се поставува името на авторот, насловот на презентацијата и друг опис за темата на презентирање. Овие аргументи ќе бидат испишани на слајдот кој ќе биде креиран.
    • Со кликнување на Креирај се креира презентацијата со избраните поставувања. Таа ќе содржи еден слајд.

    Зачувување на презентација :
    Датотека → Зачувај, или клик на копчето Зачувај на стандардната лента со алатки, или
    се притиска Ctrl+S.

    Погледи на презентација
    Нормален - прикажување на еден слајд
    Главни црти - ја прикажува главната содржина на слајдот (насловите, поднасловите, текстот и сл.). Може да се менува само текстот на слајдот.
    Белешки - за додавање на белешки кон слајдовите. Белешките не се прикажуваат при презентацијата.
    Извадоци - се прикажуваат одреден број на слајдови
    Подредувач на слајдови - слајдовите се намалени и се прикажуваат во редици и колони
    Слајд-шоу - до овој приказ се пристапува преку менито Приказ или со помош на тастерот F5.
    Автоматски изглед на слајд
    Автоматскиот изглед овозможува да се одреди структурата на поединечен слајд во презентацијата.
    • Се селектира слајдот што се менува.
    • Форматирај → Изгледи на слајдови или се отвора делот Распореди во лентата со задачи
    • Двојно се кликнува на саканиот изглед на слајд од прикажаната лента со понудените изгледи на слајдови.

    Внесување текст и графички објекти на слајд
    • Алатки за цртање
    • Цртање објект
    • Цртање автоматски облици
    • Вметнување текст во облик
    • Вметнување мултимедијален објект

    Промена на бојата на подлогата на слајдот
    • Се избира слајдот чија подлога треба да се промени.
    • Форматирај → Страница, се избира картичката Подлога, начинот на боењето,
    пополнување
    • Се избира дали да се примени позадината на сите слајдови или само на селектираниот.

    Поставување на слика
    • Се кликнува десно на слободната површина на слајдот.
    • Од менито што ќе се отвори се избира наредбата Слајд → Постави слика на подлога за слајд
    • се селектира сликата (датотеката) која ќе биде поставена како позадина и се кликнува на Отвори.

    Преодни ефекти на слајдовите
    • Се селектираат слајдовите на кои им се додаваат преодни ефекти.
    • наредбата Слајд-шоу → Преод на слајдови или од панелот Задачи → Преод на слајдови
    • Се избира преодниот ефект за селектираните слајдови и се одредува неговата брзина
    (средно или брзо). Исто така, може да се одреди звукот со кој ќе биде проследена
    промената на слајдот како и начинот на промена на слајдот (со клик на глувчето или
    по одредено време)

    Inkscape

    CorelDraw

    КОМПЈУТЕРСКА ГРАФИКА

    Нови поими : битмапирана (растерска) графика,  векторска графика, Property лента, кутија со инструменти - алатки, рабни линии

    Размисли и одговори !!
    Што е мултимедија?
    Типови податоци во мултимедијалните системи. Во која категорија спаѓа графика.
    Задача:
    Замисли дека имаш мозаик од камчиња. Што се случува кога се обидеш да го зголемиш или намалиш истиот? Што се случува кога дигиталните слики од фотоапарат се обидеш да ги зголемиш? Од што зависи квалитетот на сликата?

    Компјутерската графика се дели на две категории: битмапирана (растерска) графика и векторска графика.
    Со растерска графика се обработуваат растерски слики што претставуваат правоаголни табели од пиксели. Секој пиксел има точно одредена позиција во правоаголната табела што ја претставува сликата и точно одредена обоеност. Тоа наликува на мозаик од камен­чиња, каде секое каменче има еднаква големина во мозаикот. Секое каменче има точно одредена позиција и обоеност. Растерските слики се најчесто употребуваните електронски медиуми за слики, како што се фотографии или дигитални слики.
    Векторската графика се презентира со математички модели, односно со геометриски фигури и вектори. Сликата создадена со векторска графика е составена од линија и криви дефинирани со геометриски објекти – вектори. Векторите ја опишуваат сликата според геометриските карактеристики. Кога се обработуваат геометриските фигури кои ја составуваат сликата во векторската графика, тогаш не се менуваат другите гео­мет­ри­ски фигури и не се губи квалитетот на сликата. Сликата може да се прикажува на кој било медиум без разлика на резолуцијата. Квалитетот на сликата не се менува со зго­ле­мување на резолуцијата, односно со скалирање.



    Работна околина
    - насловна лента
    - стандардна лента со алатки
    - мени лента
    - ленир
    - toolbox- kкутија со инструменти (алатки за работа)
    - навигатор за страниците
    - статусна лента
    - drawing page - страница за цртање
    - drawing windows - поле за цртање
    Toolbox - Pick tool ( селектирање)
    - Shape tool (промена во составните точки)
    - Zoom tool ( промена на големината на погледот)
    - Freehand tool ( цртање линии)
    - Rectangle toll (цртање правоаголник/квадрат)
    - Ellipse tool (цртање елипса/круг)
    - Polygon tool (цртање полигони/многуаголници)
    - Text tool ( алатка за пишување текст )
    - Outline tool ( избор на рамка)
    - Fill toll ( полнење со бои)

    1. Oбјаснете ги алатките од лената Toolbox
    2. Направете сами
    (подесете мерна единица)
    1. Во лентата Toolbox кликнете на алатката за селектирање Pick Tool.
    2. Кликнете во просторот за цртање.
    3. Од листата Units одберете мерна единица milimeters наместо inches.
    4. Погледнете ги линаерите. Штотуку ја сменивте мерната единица со која ќе работите.
    (подесете страница)
    1. Со наредбата Layout®Page Setup отворете го прозорецот Options.
    2. Селектирајте ја гранката Size (доколку гранката не се гледа, кликнете на знакот + до гранката Page).
    3. Во десниот дел од прозорецот одберете Normal Paper (ќе се појави точка во крукчето).
    4. Одберете ориентација Portrait.
    5. Од листата Paper одберете формат А4.
    6. Кликнете на OK.

    ЦРТАЊЕ ОСНОВНИ ОБЈЕКТИ
    Правоаголник и квадрат
    Алатката Rectangle Tool, овозможува цртање на правоаголник на многу едноставен начин.
    Направете сами
    (нацртајте правоаголник)
    Во лентата Toolbox кликнете на алатката Rectangle Tool.
    Поставете го покажувачот на место каде сакате да биде еден од аглите на правоаголникот. Притиснете и држете го левото копче од глувчето. Повлечете со глувчето кон спротивнио агол на правоаголникот. Откако ќе ја добиете саканата големина отпуштете го копчето.
    Повторете ја истата постапка, меѓутоа сега додека цртате држете го притиснат тастерот Ctrl. Забележавте дека нацртавте квадрат. Доколку држите притиснато копче Shift, ќе почнете да цртате правоаголник со центарот каде го позициониравте глувчето. Со заедно притискање на копчињата Ctrl и Shift веќе сфативте дека ќе нацртате квадрат почнувајќи од центарот.
    Елипса и кружница - избор на алатката Elipse Tool .
    Направете сами:
    (нацртајте елипса, круг )
    Постапката на цртање елипса и круг е идентична со постапката за цртање правоаголник/квадрат
    Цртање кружен исечок
    Со алатката Elipse Tool нацртајте елипса.
    Во лентата Property Bar кликнете на алатка .
    Во полињата десно од алатката внесете вредности на агли 40 и 270.

    Правилни повеќеаголници , мрежи и спирали
    Во CorelDRAW можат да се цртаат и многуаголници, спирали и мрежи. Сите три алатки се во една група, од кои е видлива само една и тоа алатка којашто е последна користена.
    Направете сами:
    (нацртајте ѕвезда)
    Со алатката Polygon Tool nacrtajte петаголник.
    Во лентата Property bar одберете облик на ѕвезда . Сменете го бројот на краците на 6.
    Обликот се смени во ѕвезда.
    Селектирајте ја алатката Graph Paper Tool (мрежа). Во лентата Property bar определете го бројот на колоните и редиците. Нацртајте мрежа.
    Селектирајте ја алатката Spyral Tool. Во лентата Property bar определете го бројот на обвиткувања и типот на спиралата (симетрична или логаритамска) . Нацртајте различни облици за да ги приметите разликите.

    Разни облици
    CorelDRAW располага и со група алатки за цртање разни облици како што се стрелки, ѕвезди, облачиња и слично. Групата располага со следните алатки:
    Star Shapes за цртање ѕвезди
    Basic Shapes за цртање основни облици
    Arrow Shapes
    Flowchart Shapes
    Callout Shapes
    Повеќе облици можете да најдете на лентата Property Bar со отворање на алатката Perfect Shapes.
    Вежба: Нацртајте разни облици со помош на горенаведените алатки и алатката Perfect Shapes.
    Линии
    Алатки за цртање разни облици линии се групирани, а на располагање ви се следните алатки:
    Freehand Tool за цртање линии
    Bezier Tool за цртање криви линии
    Artistic Media Tool за цртање со четка
    Pen Tool за цртање криви линии
    Polyline Tool за цртање надоврзани линии
    Dimension Tool за цртање линии и испишување димензии
    Interactive Connector Tool за цртање прави меѓусебно поврзани линии

    Направете сами:
    Одберете алатка Freehand Tool.
    (нацртајте линија, права линија, искршена линија )
    Опишете ги постапките
    Совет: За да нацртате искршена линија треба да постапите на следниот начин: на почетната точка кликнете еднаш, во точките каде линијата се прекршува кликнете двапати, а на крајната точка еднаш.

    РАБНИ ЛИНИИ И ПОВРШИНИ
    Рабните линии можат да бидат со различни облици, широчина и боја. Со алатката Outline Pen Dialog отворете го прозорец Outlune Pen. Објаснете го!
    Избор на стил на почетна и крајна точка на линија

    Задача:
    Нацртајте права линија
    Одберете боја од палетата со бои (со десното копче).
    Од лентата Property Bar одберете широчина 8 точки (points), стил на почетната и крајната точка
    Може да изберете стил на почетна и крајна точка и од прозорецот Outline Pen
    Површини
    Површините можат да се исполнат со боја или со различни шаблони (не заборавете дека треба да бидат претходно селектирани). За таа намена се користат алатки од групата алатки Fill Tool

    А, сега обидете се да дизајнирате насловна страна на учебникот по информатика или некое омилено списание.
    Нацртајте неколку сообраќајни знаци.



    РАБОТА СО ОБЈЕКТИ - трансформации

    Промена на големина на објекти
    Нацртајте правоаголник. Селектирајте го , поместете го покажувачот на едно од квадратчињата.
    Покажувачот ќе добие облик на двонасочна стрелка. Држете го левото копче притиснато,
    повлечето до саканата големина и пуштете го копчето.
    За прецизно доделување димензии користете ја наредбата Arrange-Transformation- Size, по што ќе се отвори Roll Up менито Transformation
    Направете сами:
    (нацртајте квадрат со димензии 100x100mm)
    Нацртајте правоаголник.
    Arrange-Transformation-Size .
    Кликнете врз од Roll Up менито , ќе се отвори картичката Size.
    Оставете ја опцијата Non-Proportional потврдена. Под насловот Size внесете вредности 100 во полињата H (хоризонтално) и V (вертикално)
    Кликнете на копчето Apply за да ја смените големината на објектот.
    Напомена: Со копчето Applay To Duplicate можете да направите копија на објект поместен на друга позиција
    Совет: Големината на објектите најлесно можете да ја смените со внесување вредности во лентата Property Bar.

    Поместување објекти
    со глувче или за прецизно поместување користете ја наредбата Arrange-Transformation-Position.
    Направете сами:
    (поместете правоаголник со долниот лев агол во точката (100, 200))
    Нацртајте правоаголник.
    Arrange-Transformation-Position .
    Од Roll Up менито, Position исклучете ја опцијата Relative Position, доколку е потврдена. Под насловот Position ќе се испишат хоризонтална H и вертикална V позиција на центарот на елипсата. (означено е крукче под опцијата Relative Position) .
    Ги забележавте осумте квадратчиња и крукчето во средина. Тие наликуваат и им одговараат на квадратчињата од селекцијата на објектот. Кликнете во долното лево квадратче, вредностите H и V сега ја покажуваат позицијата на соодветен агол на правоаголникот.
    За H внесете вредност 100, а за V 200. Со ова ја определивте новата позиција на соодветниот агол.
    Кликнете на копчето Apply за да го поместите објектот.

    Напомена: Со копчето Applay To Duplicate можете да направите копија на објект поместен на друга позиција

    Ротација и искосување
    За да заротирате или искосите објект со помош на глувчето прво треба да означите објект но овој пат двапати (или доколку е веќе означен кликнете уште еднаш). Наместо квадратчињата ќе се појават двонасочни стрелки и тоа на аглите закривени, а на средините прави.
    За да ротирате објект направете го следното:
    Поместете го покажувачот на една од стрелките на аглите. Покажувачот ќе добие облик на кружна стрелка .
    Држете го левото копче притиснато, повлечето до саканата позиција и пуштете го копчето.
    За прецизно определување на агол на ротација користете ја наредбата Arrange-Transformation-Rotation.
    Направете сами:
    (нацртајте цвет со ротација на круг)
    Нацртајте круг.
    Кликнете врз од Roll Up менито , ќе се отвори картичката Rotation
    Потврдете ја опцијата Relative Center. Со ова обезбедивте круг да ротира околу една од точките која му припаѓа.
    Означете едно од квадратчињата ( како на примерот) Со ова определивте околу која точка ќе го ротирате кругот (центар на ротација).
    Внесете вредност 60 во полето Angle. (мерка за аглите е степен). Кругот ќе го заротирате за 600..
    Кликнете на копчето Apply to Duplicate 5 пати.
    Напомена: Агол на ротација можете да внесете и во лентата Property Bar, но тогаш објект може да ротира само околу својот центар.

    За да искосите објект под некој агол направете го следното:
    Двапати означете го објектот.
    Поместете го покажувачот на една од стрелките на средишните точки. Држете го левото копче притиснато, повлечето до саканиот облик и пуштете го копчето.
    Напомена: Со глувче можете објект да искосите само хоризонтално или само вертикално.
    За прецизно определување на агол на искосување користете ја наредбата Arrange-Transformation-Skew.
    Направете сами:
    (искосете правоаголник, а потоа ротирајте го)
    Нацртајте правоаголник.
    Кликнете врз од Roll Up менито , ќе се отвори картичката Skew.
    Внесете вредност 30 во полето H.
    Кликнете на копчето Apply.
    Кликнете на картчка Rotation.
    Потврдете Relative Center, кликнете во крукчето во средина и внесете агол на ротација 45.
    Кликнете на копчето Apply to Duplicate 3 пати.
    На секој објект определете различна боја.
    Напомена: Со опцијата Use Anchor Point определувате која од точките ќе остане неподвижна.
    Задача: Нацртајте го знамето на Европската Унија

    Направете сами:(центрирајте објекти)
    Нацртајте правоаголник и во него елипса и петаголник.
    Селектирајте ги правоаголникот, елипсата и петаголникот .Со наредбите Align Centers Horizontaly и Align Centers Verticaly центрирајте ги објектите.
    o Обидете се да нацртате графици слични на графиците од сликата


    Организирање на објекти 


    Нови поими:  групирање, аранжирање, комбинирање

    1. Групирање на објекти
    Групирање - работа со неколку објекти истовремено; ротирање, преместување, приказ во огледало, искосување ..., не се менуваат објектите во групата
    - се селектираат објектите
    - Arrange à-->Group
    дегрупирање: Arrange --> Ungroup
    2. Аранжирање на објекти
    Аранжирање- уредување на објектите едни во однос на други
    командаArrange -->Order
    - to front (го поставува селектираниот објект како прв )
    - to back (го поставува селектираниот објект како последен)
    - forward one (го подигнува објектот за еден погоре )
    - back one ( го симнува селектираниот објект за еден подолу)
    - reverse order (поставува обратен редослед на објектите)
    2. Комбинирање на објекти
    Комбинирањето ги претвара селектираните објекти воеден, комбинирајќи ги составните објекти
    - се селектираат објектите
    - Arrange --> Combine
    - комбинираните објекти можат да се разделат со Arrange --> Break Apart

    ТЕКСТ
    Во основа CorelDRAW разликува два вида текст: уметнички (artistic) и пасусен
    (paragraph) текст. Уметнички текст се користи за кратки текстови. За подолги текстови
    (пасуси) на графикот се користи пасусен текст.
    Украсен текст
    1. Се селектира алатката Text Tool од лентата Toolbox.
    2. Се кликнува на саканата позиција
    3. Се внесува текстот со тастатурата.
    Украсниот текст претставува објект како и секој друг објект во CorelDRAW. Тој може
    да биде селектиран, поместуван, боен, да му се доделуваат рабни линии, да му се мену-
    ва големината, да се ротира и сл.
    Пасусен текст
    1.Се селектира алатката Text Tool од лентата Toolbox.
    2. Се кликнува и со повлекување се исцртува правоаголна рамка
    3. Се внесува текстот со тастатурата.
    Форматирањето на текстот може да се врши :
    - преку лентата Property Bar
    - Text --> Format Text

    ВЕЖБА
    Изработи корица за учебник по информатика во CorelDraw.Притоа треба да се запазат следниве барања:
    - формат на страница A4
    - позадината(background) исполни ја со боја по избор
    - ориентација Landscape
    Нацртај ги следниве објекти :
    - крива линија, дебелина 3 mm и постави стрелки (изборот е твој) на крајните точки
    - искосена елипса
    - триаголник, ротирај го за агол од 48 степени и постави го така да има пресек со елипсата.
    Групирај ги претходно нацртаните објекти
    - круг чија рабна линија е со сина боја и дебелина 6 mm
    - во кругот вметни симбол од Webdings, раздели го на составните делови и секој дел обој го
    различно
    - квадрат со диманзија 86 mm, пополни го со шара користејќи ја алатката Fill tool

     

    Критериум
    Број на поени
    1
    Отворање на нов документ и зачувување на зададена локација
    доколку не е отворен нов документ или не е зачуван на правилната локација
    1
    0
    2
    Поставување формат на страница А4, ориентација  Landscape
    2
    3
    Боење позадина
    1
    4
    Цртање крива линија  
    1
    5
    Избор на дебелина на линијата и стрелки
    2
    6
    Цртање елипса, искосување
    2
    7
    Цртање триаголник
    1
    8
    Ротирање на триаголникот за агол од 48
    1
    9
    Групирање објекти
    1
    10
    Цртање круг
    1
    11
    Избор на дебелина и боја на линијата
    1
    12
    Вметнување на симбол, разделување и обојување
    3
    13
    Квадрат со димензија, пополни го со шара
    2

    Вкупно
    20

    1
    2
    3
    4
    5
    0-7
    8-10
    11-15
    16-18
    19-20

    http://polldaddy.com/s/E3120A28AFF88B4F

    Специјални ефекти 

    Нови поими : ефект на перспектива, ефект на енвелопа, мешање (бленд), лупа (ленс), поставување текст  по патека 


    CorelDraw  дава безброј интересни можности за креирање на специјални ефекти на објекти. До соодветна наредба ќе дојдете преку менито Effects или преку групата алатки  од лентата Toolbox

    Shadow
    На вашите објекти можете да додадете сенка, како тој да е осветлен од некој извор на светлина.
    Важно: Објекти не смеат да бидат проѕирни, односно мора да имaат боја.
    Направете сами:
    Нацртајте објект по сопствен избор. Од палета со бои додадте боја на објектот.
    Кликнете на алатката Drop Shadow Tool и обидете се на додадете сенка

    Transparency
    На вашите објекти можете да додадете и транспарентност, односно да градирате провидност.
    Важно: На објектите мора претходно да им доделите боја.
    Направете сами:
    Нацртајте објект по сопствен избор.Од палета со бои додадте боја на објектот.
    Кликнете на алатката Interactive Transparency Tool, додадете транспарентност

    Extrude
    Со наредбата Extrude или со алатката Interactive Extrude Tool вашите објекти ќе добијат и трета димензија.
    Направете сами:
    Нацртајте рамнински објект по ваша желба( пример елипса) , додадете боја. Користејќи ја алатката Interactive Extrude Toolрамнинскиот објект претворете го во тродимензионален.

     Contour:
    Со наредбата Contour или со алатката Interactive Contour Tool на вашите објекти можете да им доделите контури.
    Направете сами:
    Нацртајте срце.
    Од лентата Toolbox одберете алатка Interactive Contour Tool,
    Напомена: со наредбата Effects®Contour ќе го отворите Roll Up менито Contour, од каде можете да имате поголема контрола врз објектите, како што е избор на боите, насока, број на линии и друго.

    Lens
    На еден објект можете да му дадете својство на проѕирност или лупа во однос на друг објект и слично, со наредбата Effects®Lens, при што ќе го отворите Roll Up менито Lens.
    Направете сами:
    Напишете текст по желба, преку него нацртајте елипса. Важно е елипса да биде напред.
    Додека е селектирана елипсата отворете го Roll Up менито Lens.
    Од паѓачкото мени одберете го ефектот Fish Eye (рибино око). Што се случува?
    Напомена: Во Roll Up менито Lens, имате поголема контрола врз примена на ефекти врз објектите.

    Envelope
    Објект можете да трансформирате така што ќе следи насока на некој друг објект со наредбата Effects®Envelope, при што ќе го отворите Roll Up менито Envelope.
    Направете сами:
    Напишете текст по желба. Зголемете го текстот, особено во висина за да подобро го видите ефектот..
    Отворете го Roll Up менито Lens, па кликнете на копчето Add Preset.Истражувајте
    Доделете ефект Envelope и на други облици

    Напомена: Со поместување на контролни точки објектите можете дополнително да ги измените.

    Blend
    Со наредбата Blend или со алатката Interactive Blend Tool вашите објекти можете да ги претопите од еден во друг.
    Направете сами:
    Нацртајте правоаголник и елипса со различни бои.
    Од лентата Toolbox одберете алатка Interactive Blend Tool, па кликнете на правоаголникот и држете го левото копче.
    Со глувчето повлечете кон елипсата  и пуштете кога ќе се исцртаат контури на меѓуобјекти.
    Повлечете со лизгачот за да го определите растојанието помеѓу меѓуобјектите.

    Напомена: Во Roll Up менито Blend, имате поголема контрола врз претопувањето на објектите, како што се број на меѓуобјекти, агол на ротација, па дури и путања на претопување

    Distortion
    Со алатката Interactive Distortion Tool  можете да изобличите објекти во најразноврсни облици.
    Користете ја и лентата Property Bar за повеќе можности

    o        Обидете се со изобличување да добиете интересни графици.

    o        Експериментирајте со комбинирање на повеќе ефекти.