Мултимедијални презентации се документи во кои, освен текст, се содржат и други видови на податоци: слика, звук, музика, видео, анимација итн. Тие се наменети за презентирање на нивната содржина пред поголем аудиториум. Најчесто се работи за предавања, реклами на фирми, на производи, на услуги, на разни извештаи, изложување na идни планови, на стратегии, на идеи итн.
Познати програми за компјутерски презентации се: се Microsoft PowerPoint од пакетот Microsoft Office, Impress од пакетот програми OpenOffice.org
Една презентација содржи повеќе слајдови, а секој слајд е комбинација на текст, табели, слики или друг тип на мултимедијални објекти.
За успешна презентација треба да се внимава на:
содржината на слајдовите
комбинациите на бои
графичките елементи
големината на буквите
употребата на табели
употребата на ефекти и анимации
РАБОТНА ОКОЛИНА
- име на презентација
- главно мени
- стандардна лента со алатки
- лента со алатки за форматирање
- копчиња за минимизирање, максимизирање/ресторирање и затворање на прозорецот
- панел за слајдови
- слајд што се креира и уредува
- панел за задачи (Таsk Pane)
- лента со алатки за цртање
КРЕИРАЊЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Во PowerPoint се користат три начини на креирање на презентација
1. презентација со автоматска содржина (auto content wizard) - волшебник
За креирање презентација, со однапред одредена форма и содржина
2. презентација со готов дизајн на слајдовите (design template) - шаблон
Има можност за избор на изгледот на слајдовите од повеќе понудени дизајни.
3. празна презентација (blank presentation)
сами да ја креираме презентацијата со сопствен избор на дизајнот на слајдовите.
РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Презентацијата со која се работи може да се прикаже на неколку начини (погледи)
- Normal view (Нормален) – почетниот приказ, каде ја гледаме работната површина во рамка, има три дела, работниот простор, приказ на слајдовите во смалена варијанта и простор за забелешки
•Outline (Контура) – Се занемарува формата и изгледот, а се потенцира содржината (текстуалниот дел) на презентацијата - Slides – приказ на минијатурна верзија на слајдовите
- Slide Sorter -приказ на минијатурни слајдови со цел да се контролира текот на презентацијата, или да се изврши промена на редоследот на слајдовите
- Slide show (Слајд-шоу) –прикажување на презентацијата слајд по слајд на целиот екран
- Notes Page - приказ на слајдови заедно со прибелешките што се однесуваат на нив
Форматирање на слајдови
Изглед ( тип ) на слајдот ( распоред на објектите) Format --> Slide Layout
Изгледот на секој слајд се дефинира при неговото креирање или со наредбата Slide Layout во менито Format, односно View --> Task Pane -->Slide Layout . Од дијалог прозорецот Slide Layout се кликнува на саканиот изглед и на копчето Apply. Со оваа постапка се менува изгледот на слајдот
Дизајн Format --> Slide Design
Дизајн шаблонот содржи дефиниции за изгледот на сите типови слајдови. Тој не ја создава содржината на слајдовите, туку само го дефинира нивниот изглед
За да се користи дизајн шаблон во реализацијата на презентацијата, во дијалог прозорецот за нова презентација се избира картичката Design Templates и потоа се избира дизајн шаблон за презентација и се клика на копчето OK или дизајнот се избира за веќе готова презентација со
наредба Format --> Slide Design . (во прозорецот Slide Design разгледајте ја Color Schemes)
Анимирање на објектите
Понекогаш е потребно да ја направиме презентацијата поинтересна и повпечатлива, и за таа цел во PowerPoint е овозможено да се вметнуваат динамички ефекти. Прикажувањето може да биде одеднаш на сите објекти или објект по објект по однапред определен редослед. За таа цел можат да се придружуваат разни динамички ефекти (анимации).
Наредба Slide Show->Custom Animation.
Ефектите се групирани во 4 групи и тоа:
- Entrance (се користи како ефект при појавување на објекти),
- Emphasis (ги употребуваме кога сакаме да истакнеме некои објекти, особено текстуални),
- Exit (се користат за начин на затворање или напуштање на слајдот),
- Motion paths (се одредува патека на движење или преместување на објектот од едно на друго место на слајдот).
За секоја група имаме предложени по неколку ефекти а можноста на нивно комбинирање се граничи со нашата креативност. Откако ќе се изврши избор на одреден ефект, потребно е да се подредат некои параметри и тоа старт, или начинот на започнување на ефектот, насока на движење и брзина на движење. Потоа имаме и дополнителни опции на стрелката десно од ефектот каде се уредува дали ќе се емитува и звук со анимацијата, кој ефект треба да се изврши по тој ефект, прецизно утврдување на брзината и темпото на извршување на ефектот и други опции.
Преодни ефекти ( трaнзиции)Наредба Slide Show -->Slide Transition (објасни ја постапката )
Работа со Slide Master
Кога е потребно одредени податоци да се појавуваат на секој слајд, а за да се избегне повтореното внесување на таквите податоци на секој слејд, најдобро е истите да се внесат на т.н. Slide Master. Slide Master всушност не е слајд иако изгледа и се уредува како слајд. Промените внесени во мастерот влијаат на секој слајд.
Постапката е следна:
View -->Master --> Slide Master ( се прават корекции)
ВЕЖБА
Листа на задачи за работа во Power Point
1. На Desktop креирајте фолдер со вашето име и презиме.
2. На насловниот слајд како наслов на презентацијата напишете: Преглед на посетеност на курсеви. Форматирајте го текстот со фонт MAC C Swiss и со големина 40.
3. На насловниот слајд како поднаслов на презентацијата напишете го вашето име и презиме. Фонтот нека биде MAC C Swiss со големина 28.
4. Вметнете нов слајд. Како наслов на слајдот напишете: Курсеви кои се изведени. Форматирајте го насловот со фонт Mac C Swiss и големина 32. На слајдот наведете ги следниве курсеви: Windows, Word, Excel и PowerPoint.
5. Вметнете нов слајд . За наслов на слајдот напишете: Табеларен приказ на посетеност. Вметнете табела со димензии: 5 колони и 5 редици.
7. Внесете ги следниве податоци во табелата:
8. Вметнете нов слајд . За наслов на слајдот напишете: Графички приказ на посетеност. Вметнете графикон кој ќе ги прикажува податоците од претходниот слајд.
9. Вметнете стрелка со црвена боја која ќе покажува кон најмалата вредност на графикот. Покрај стрелката напишете текст: Најмала посетеност.
10. На целата презентација додадете подножје (footer) во кое ќе пишува: Преглед на посетеност на курсеви.
11. На целата презентација применете Design Template по сопствена желба.
12. Анимирајте ги слајдовите по сопствена желба
13. Поставете танзиција на слајдовите така што за сите слајдови ќе примените Cover Left транзиција.
14. Снимете ја презентацијата под име Pregled.ppt во фолдерот со вашето име и презиме.
Прашања:
За што се користи PowerPoint?
Наброј ги начините на креирање на презентација
Што е презентација, а што слајд?
Кои се најчесто користени ленти со алатки во PowerPoint ?
Вметнување на нов слајд се прави со :__________________
Како ќе додадете текст во празен слајд?
Опишете ја постапката за внесување Word Art
Со која команда се менува стилот на фонтот на текстот во одредена текстуална рамка ?
a) Format --> Font
b) Format --> Text Box
c) Format --> Background
За да се промени изгледот на тековниот слајд потребно е да се избере наредбата :
a) Format --> Slide Layout
b) View --> Task Pane --> Slide Layout
Слика во слајд се вметнува со : ____________________________
Графикон во слајд се вметнува со :__________________________
Со која наредба се вметнува аудио запис на тековниот слајд :
a) Insert --> Movie and Sound --> Movie from File
b) Insert --> Movie and Sound -->Sound from File
c) Insert --> Movie and Sound --> Play CD Audio Track
Со која наредба се менува позадината на слајдот ?
a) Format --> Slide Design
b) Format --> Background
За да се промен дизајнот на презентацијата потребно е да се избере наредбата :
a) Format --> Slide Design
b) View --> Task Pane-->Slide Design
Нумерирање на слајдовите се врши со командата :
Колку најмногу слајдови можат да се испечатат на еден лист хартија
a) 3
b) 9
c) 10
d) 16
Со која наредба се додаваат специјални ефекти на слајдот?
a) Slide Show -->Slide Transition
b) Slide Show -->Custom Animation
Бришење на слајд/слајдови се врши со командата __________________
Со која команда се додаваат преодни ефекти на промена на слајдовите ?
a) Slide Show--> Custom Show
b) Slide Show--> Custom Animation
c) Slide Show--> Slide Transition
Како се менува редоследот на слајдовите во презентацијата?
Зошто се користи Slide Master
Наброј ги погледите на слајдови .
Како се селектираат и групираат повеќе објекти.
No comments:
Post a Comment