1. Еден авион полетал во а часот и b минути. Летал c часа и d минути во иста временска зона. Во колку часот слетал ?
2. Во такси во исто време влегле 3 патници. Кога првиот патник излегол таксиметарот покажувал C1 денари, кога излегол вториот C2 и кога излегол третиот C3 денари. Колку треба да плати секој од нив, ако секој плаѓа пропорционално, односно, кога првиот патник ќе излезе тој плаќа една третина од C1 денариза првиот дел од патот.
Пример : Влез 30 50 100
Излез: 10 20 70
3. Ана учи деливост на броеви. Најлесно и е деливост со бројот 5, затоа што е доволно да ја види последната цифра на бројот за да знае дали е делив со 5. Матеј и помага на Ана, така што и задава број x, а Ана мора да пронајде најмал број делив со 5 кој е помал од x и најголем број делив со 5 кој е погoлем од x .
пример. Влез 12 Излез 10 15
Влез 15 Излез 10 20
4. Во текот на годината Јана има n тестови по програмски јазици. Јана ги знае поените по сите n тестови и знае колку вкупно поени се потребни за петка. Напиши програма со која Јана ќе пресмета дали ќе добие петка.
Преку тастатура се внесуваат следниве податоци: број на тестови, поени од тестовите и број на потребни поени за петка.
Пример : Влез 3 8 9 6 27 Влез 3 10 9 9 27
Излез не Излез да
5. Внеси трицифрен цел број. Исмешај ги цифрите на бројот така да се добие најголемиот број составен од тие цифри.
Пример 476 --> 764
6. Да се напише програма со која се наоѓаат сите совршени броеви во интервалот од [1,n]. Совршени броеви се оние чиј збир на делители ( без самиот број) е еднаков на самиот тој број ( пример 6, 28, 496 )
7.Да се напише програма со која се наоѓаат сите броеви од интервалот [1,n] кои се деливи со збирот на своите цифри
8. Напиши програма со која се одредува инверзниот број на даден природен број. Инверзен е број кај кој редоследот на цифрите е обратен .
пример: Влез 35472 Излез 27453
9. Внесувај природни броеви, пресметај го нивниот збир(сума) ако се повеќецифрени и парни, а нивниот производ ако се едноцифрени и непарни се додека производот е поголем од сумата. Да се прикажат сумата и производот .
10. Да се напише програма со која се определуваат сите броеви од интервалот [n1,n2 ] кои се деливи со инверзниот (обратен) број.
11. Да се состави програма со која се печатат броевите на Фибоначии ( броеви со особина секој нареден е еднаков на збирот од претходните два)
1,1,2,3,5,8,13,21...
12. Бројот е “добар“ ако секоја негова цифра е поголема од збирот на цифрите кои се наоѓаат десно од неа. Пример 9620 e “добар“: 2>0, 6>2+0, 9>6+2+0. Напиши програма која за даден природен број испишува дали е “добар“
16. Напиши код во C++ со кој првиот и третиот елемент од низата a[5]={1,7,5,3,9} ќе ги заменат местата, а останатите елементи од низата ќе ја зголемат својата вредност за 3. Да се отпечати новoдобиената низа