Алгоритам претставува постапка од конечен број на прецизно формулирани дејства со точно зададен редослед на нивното извршување. Дејствата од кои се состои алгоритмот се нарекуваат алгоритамски чекори.
Што
ја дефинира секоја постапка ?
- зададени влезни (почетни) податоци
- дефинирана низа операции
- пресметани излезни резултати
Карактеристики на алгоритмите
· Конечност
· Дефинираност
и недвосмисленост
· Влез
· Излез
· Ефикасност
· Остварливост
Алгоритмите треба да се недвомислени,
јасни,прецизни - секоја операција треба да е јасно определена, треба прецизно да
е утврден редоследот на извршувањето на операциите и треба да е разбирлив за
секого, независно кој го напишал. За даден проблем може да се напишат различни
алгоритми и сите тие да бидат правилни, т.е. да даваат точно решение.
При решавањето на даден
проблем, треба да се води сметка за тоа на кој начин е напишан алгоритмот
т.е.по кој редослед се извршуваат операциите во него.
·
алгоритмот да има само
еден почеток
·
алгоритмот да има само еден
крај
·
во него да нема бесконечни
циклуси
·
да нема делови (чекори)
кои никогаш не се извршуваат
Претставување на алгоритмите
текстуално (псеудо јазик
:алгоритам, подалгоритам, почеток, крај, печати, читај, за , до , чекор, зголемувај, намалувај, ако,
тогаш, инаку, повторувај, излез
графички – блок дијаграм (се користат посебни графички симболи за одредени дејства/операции)
Прашања:
1.
Што е тоа алгоритам?
2. Кои се карактеристики
на алгоритмите?
3. Што ја дефинира секоја постапка на
изработка на алгоритам?
4. Што е тоа алгоритамски
чекор?
5. Како се претставуваат алгоритмите (има два начина)?
Состави алгоритам за пресметување плоштина и периметар на
b) Квадрат со дадена страна a
No comments:
Post a Comment