Saturday, August 7, 2010

Програмски дел на компјутерот

Програма претставува постапка за решавање на некоја задача со компјутерот запишана во текстуална форма во некој програмски јазик. Значи компјутерската програма содржи низа инструкции кои се задаваат на компјутерот за да изврши некоја задача. 
Сите програми што ги извршува компјутерот го прават програмскиот дел на компјутерот кој е наречен софтвер.  Програмите ги контролираат сите процеси во компјутерот од почетокот до крајот
Софтверот може да се подели на две главни групи:
Системски програми – програми кои управуваат со работата на компјутерот
    Оперативни системи
    Контролни програми и комуникациски софтвер
    Услужни програми
    програмски систем
Апликативни програми - програми наменети за извршување на конкретна работа - апликација

Оперативен систем е множество програми без кои ниту еден сметач не може да работи. ОС управува со целокупната работа на компјутерот и ги контролира сите операции што се изведуваат во централната единица и на периферните уреди. ОС се однесува како посредник помеѓу корисникот, програмите и хардверот. 
Постојат повеќе оперативни системи:
  • текстуални ( DOS )
  • графички ( Windows)
Услужни програми ( софтверски алати) овозможуваат управување со податоците и со хардверските компоненти. Се користат за извршување помошни операции: заштита на компјутерот од вируси, компресија, правење резервни копии, конфигурирање на системот, инсталирање/деинсталирање на софтвер, форматирање, организирање и наоѓање на податоци
Контролните програми служат за управување со хардверот се грижат програмските инструкции да се пренесат до соодветните хардверски единици и да се извршат. Имаат задача да го контролираат и тестираат хардверот при секое стартување на компјутерот и да управуваат со него во текот на извршување на сите операции. Овие програми се сместени во ROM меморијата и го чинат BIOS -от. 
Комуникациските програми овозможуваат комуникација помеѓу компјутери
Програмскиот систем и го сочинуваат програми кои им помагаат на програмерите како поддршка во изработка на апликативен софтвер. Пред сѐ, тоа се едитори во кои се пишуваат програми и програмски преведувачи (compilers) кои наредбите напишани во некој од програмските јазици ги претвора во бинарни кодови разбирливи за процесорот
Апликативните програми с.е користат за извршување на точно определена работа. Тоа се програми наменети за корисници и уште се нарекуваат и кориснички софтвер. Распоредени се во повеќе области на примена и тоа:
Уредување на текст - (Microsoft Word, Open Office Writer и други )
Табеларни пресметувања - (Microsoft Excel, Open Office Calc и други)
Бази на податоци -(Microsoft Access , Open Office Base )
Компјутерска графика (Adobe Photoshop, Corel Draw, Open Office Draw )
Статистика и математика
Тековно работење
Комуникации
Мултимедија
Разни други апликации

1.Сите програми што ги извршува компјутерот го прават програмскиот дел наречен софтвер
Пред читање :
Се согласувам                           Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
2. Компјутерскиот систем може да функционира само со еден од потсистемите , односно може да функционира само со хардвер без софтвер
Пред читање :
Се согласувам                             Не се согласувам
Образложение:
_________________________________________________
По читање
Се согласувам                             Не се согласувам
Образложение:
_________________________________________________
3. Веднаш по вклучување на компјутерот се извршуваат програмите кои имаат контрола на сметачот и протокот на податоци, сместени во РОМ меморијата, програми кои го чинат BIOS (Basic Input Output System) , а наречени контролни програми , а потоа се стартува оперативниот систем
Пред читање :
Се согласувам                             Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
_________________________________________________
4. Постои само еден оперативен систем Windows 
Пред читање :
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________

5. Програма претставува постапка за решавање на некоја задача со компјутерот запишана во текстуална форма во некој програмски јазик.
Се согласувам                             Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                                                 Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________

6. Компјутерот може да работи без оперативен систем
Пред читање :
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                           Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________

7. Ако на мојот компјутер немам Word, имам  потешкотии во стартување на другите програми
Пред читање :
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
8. Не можев да го отворам документот со наставка docx,  можеби компјутерот е зафатен со вирус, треба да го носам на поправка
Пред читање :
Се согласувам                             Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________

9. Постојат програми кои вршат некакви услуги – компресија ( зипување), сетуп програми со кои се дотерува времето, датумот, позадината на екранот, итн. заштита на компјутерот од вируси. Ваквите програми се наречени услужни програми
Пред читање :
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение:
__________________________________________________
10. Постојат програми кои управуваат со системот ( компјутерот ) и се неопходни за работа со компјутерот, но постојат и програми без кои компјутерот може да работи .
Пред читање :
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение: ( наведи примери на програми од едниот и другиот вид)
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                            Не се согласувам
Образложение: ( напиши како се наречени едните , а како другите програми)
__________________________________________________

11. Влезот во компјутерот го сочинуваат две компоненти програма и податоци
Пред читање :
Се согласувам                            Не се согласувам
__________________________________________________
По читање
Се согласувам                             Не се согласувам

__________________________________________________

12. Програма е низа од инструкции кои се изведуваат по било каков  редослед и без цел

Пред читање :
Се согласувам                            Не се согласувам

__________________________________________________
По читање
Се согласувам                            Не се согласувам

__________________________________________________

  

No comments: