Access

Бази

БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

Поими: бит, бајт, поле, запис, датотека, ентитет, атрибут, база на податоци, релациона база на податоци, идентификационо поле (клуч) 

1.       Логичка и физичка организација на податоци

логичка организација
бит- најмала организациона единица

 



Датотека- множество од записи со иста структура (ист број и тип на полиња)

Kога е потребно да се обработат податоци од повеќе датотеки , тогаш датотеките се поврзуваат во логички систем наречен база на податоци 

физичка организација ( зачувување на надворешни медиуми : диск, усб, ....)
(од учениците се бара да објаснат за бит, бајт, поле .. .)

2.       База на податоци

Пример за организација на податоци и поставување на релации меѓу податоците







Се брише и информацијата за курсевите Word i PowerPoint

Подобар начин :

Табела за вработени
Табела за курсеви
Табела за завршени курсеви
(врската меѓу нив е со идентификациони броеви ( шифри) )

 

 - основни поими

 ентитет - секој запис
 атрибут - секоја карактеристика (поле во ентитетот) 

Датотеките графички се претставуваат со табели, составени од редици и колони. Редиците претставуваат записи, колоните полиња во записите.
Сите записи во табелата се различни. Секој запис има сопствени податоци во полињата, со што се карактеризира како посебен објект наречен ентитет.
Записите имаат иста структура (ист број и тип на полиња). Едно поле изразува една карактеристика на сите ентитети. Ваквите карактеристики се нарекуваат атрибути.
Пред да се изработи база на податоци, се прави анализа на барањата што таа треба да ги задоволува (што се очекува од базата, односно кои ќе бидат нејзини корисници). Системот за управување со базата треба да овозможува нејзина надградба, проширување, измени.
Базата се состои од повеќе табели помеѓу кои се поставени одредени релации. Таквата база се нарекува релациона база на податоци.
При дефинирање на податоците кои се внесуваат во табелата пожелно е тие да бидат во попроста форма. На почетокот се задава типот на секое поле, т.е. каков тип податоци ќе содржи полето:број, текст, датум .... Се поставува и поле - примарен клуч, со кој се поставуваат релации на табелата со другите табели во базата.

ACCESS - Дел од учебник и прашања 

ЗАПОМНИ: 














Множество од записи со иста структура (ист број и тип на полиња) се нарекува датотека. Кога е потребно да се обработат податоци од повеќе датотеки, тогаш датотеките се поврзуваат во логички систем наречен база на податоци.

База на податоци претставува организирана колекција на меѓусебно поврзани податоци кои се чуваат на една или повеќе табели. Базата e збирка или колекција на податоци кои обично ги опишуваат активностите на една или повеќе сродни организаци

Базите на податоци нудат организиран механизам за складирање, управување и превземање информации. Тие го прават тоа преку употреба на табели.

Пример: Една база на податоци може да ги содржи податоците за едно цело училиште и од неа ќе може да се добијат одговори на прашања како: Кои ученици поминале одлични? Кои ученици имаат повеќе од 10, а помалку од 20 неоправдани изостаноци? Кој клас има најдобар успех? Кои ученици доаѓаат од гимназија “Св.Климент Охридски?“ Кои ученици учат во паралелката II-5?  Кои наставници се класни раководители? Кој наставник на кој клас е класен раководител? Кој наставник кои предмети ги предава и во кои класови?. . . и други вакви прашања на кои сакаме да добиеме одговор.

Всушност, базите на податоци се креираат со таа цел, да се добијат одговори на голем број прашања, за доста кратко време, за разлика од рачната обработка на податоци. 

Прашања:

Што е база на податоци?
Како графички се претстауваат датотеките?
Што е запис, а што поле?
Пример, за табела со податоци за клиенти еден од записите е:



Колку полиња има записот?
Што е ентитет, а што атрибут?
Дали може да постојат два сосема идентични записи, по што се разликуваат?
Наведи пример за база на податоци

ВЕЖБА 1                ВЕЖБА 2 

Чекори при креирање база на податоци

 Креирање празна база на податоци и нејзино зачувување

  1. Креирање табели во базата ( се повторува постапката за сите табели)
    1. Дефинирање полиња и типови податоци
    2. Поставување примарен клуч
    3. Зачувување на табелата
    4. Пополнување на табелата
    5. Поставување релации помеѓу табелите
  2. Креирање форми / обрасци
  3. Креирање прашалници
  4. Креирање извештаи


No comments: