Структури - повторување

 Структурите за повторување се користат тогаш кога е потребно група чекори ( наредби) да се извршат повеќе пати. Едно извршување на чекорите (наредбите) се нарекува итерација. 

Три форми на контролните структури за повторување се :
- повторување со излез на почетокот од циклусот ( while )
- повторување со излез на крајот од циклусот ( do – while)
- повторување со броење на циклусите (for)
Структура повторување со броење на циклуси 
Секој for циклус има своја контролна променлива на која вредноста ѝ се менува со секое извршување на циклусот што е одредено со вредноста на промена.
Условот мора да биде логички израз кој може да добие вредност точно (true, 1) или неточно (false, 0).
Блокот од искази кој се наоѓа во циклусот се извршува додека вредноста на условот е вистина. Кога условот ќе добие вредност невистина, циклусот се прекинува.

По изразот for нема точка и запирка (;), како ниту по третиот израз внатре во заградите.

C++ дозволува контролната променлива да се декларира во самиот for исказ.

На пример,
    for(int i = 1;i <=n;i++)
     cout<< i ;
исто што и
     int i;
     for (i=1; i<=n;i++)
         cout<< i ;
Следните искази  поврзи ги соодветно на алгоритамските шеми :
  1. Производ на броевите од 1 до 5
  2. Збир на броевите од 1 до 5
  3. Производ на броевите од 1 до n
  4. Збир на броевите од 1 до n


Задачи : Да се состави алгоритам и програма за
  1. Прикажување на природните броеви од 4 до 8
  2. Прикажување на природните броеви од 9 до 5 наназад
  3. Прикажување на природните броеви од 1 до n
  4. Прикажување на природните броеви 2,4,6,8,10
  5. Сума на првите 5 природни броеви
  6. Производ на првите 10 природн броеви
  7. Сума на парните природни броеви од 1 до 20
  8. Аритметичка средина на природните броеви од 1 до n
  9. Да се пробројат парните броеви од к до n
  10. Да се пребројат природните броеви деливи со 3 во интервалот од к до n

No comments: