Проект

                                                                                                 Ако само ми раскажеш, ќе заборавам
                                                                                                 Ако ми покажеш ќе запомнам
                                                                                                 Но ако и ме вклучиш ќе разберам!
                                          
 (стара кинеска поговорка)

Целта на современата настава не е знаењето само по себе, туку знаењето од кое произлегува и разбирањето. Еден од најочигледните недостатоци на традиционалната настава е тоа што честопати очекуваниот резултат е меморирање на фактички информации, а не нивна обработка од повисок ред и примена во реалните животни ситуации. И токму заради надминување на овие слабости, учениците се вклучени во процесот на донесување на заклучоци, решавање на проблеми преку ученичките проекти.


Фази на реализација на проектот:
  •  дефинирање и одредување на целта
    • што сакаме да постигнеме
    • што е нашиот производ
  • поставување на проблемот и избор на тема
    • тематска рамка - задачи за групите
    • рок: почеток и крај
    • очекувани резултати
    • презентација
  •  работа на проектот
    • работа по групи  
      • поделба на групи
      • поделба на задолженијата
        •  водич (организатор)
        •  носител на идеи и акции (креативци, истражувачи)
        •  извршители
    • планирање на работата : 
      •  план на работа : што?, како?, каде?, кога?
    •  собирање на податоци : публикации, интернет, слики, текст, музика, интервјуа
    •  обработка на податоците
    •  изработка на докумантација
    •  изработка на финален производ
  • презентација и евалуација
    • комуникациски вештини
    • динамичност
    • сигурност, снаодливост
    • настап
    • невербална комуникација