Поставување релации помеѓу табелите
Релациите помеѓу табелите треба да бидат логички. Пример
-
Еден клиент изнајмил филмови многу пати
-
Еден филм е позајмен многу пати
Значи врската помеѓу табелата Клиенти и Позајмувања, како
и табелата Филмови и Позајмувања е еден према многу .Тоа се означува со 1:n ( во Access тоа се означува со 1:∞ ) . Покрај оваа релација постојат и 1 : 1 и n:n релации.
- Во базата на податоци, одберете Database Tools, Relationship или кликнете на копчето Relationship на лентата со алатки.
- Се појавува дијалог прозорец Show Table, во кој се избираат соодветните табели и се кликнува на копчето Add.
- Потоа, секоја табела се појавува во прозорецот Relationship. Селектирајте го заедничкото поле во табелата каде што таа е примарен клуч, одвлечете го и пуштете го на неговата копија (полето со исто име) во другата табела. Се отвора Edit Relationship прозорецот.
- Edit Relationship прозорецот ги покажува полињата кои ќе бидат поврзани. Со кликнување на Create се креира релацијата, која ја претставува линијата која ги спојува двете полиња во прозорецот.
Какви релации постојат. Објасни ги.
Како се поврзуваат табелите меѓусебно.
Дали може да се поврзат нееквивалентни полиња?
Опиши ја постапката на поставување релации меѓу табелите . Отворете ги табелите креирани минатиот час, анализирајте какви релации треба да постојат и поставете ги истите.
Дали поставените релации можат да се уредуваат?
No comments:
Post a Comment