Наставна
единица Програмирање
и програмски јазици
ПРЕЗЕНТАЦИЈА - Василија Јовчески
Прашања:
- Како комуницираат луѓето меѓусебе, а како со компјутерите?
- Што е програма, а што програмирање ?
- Каква датотека се добива по процесот на прeведување?
- Која е улогата на програмите поврзувачи?
- Што се синтаксни, а што логички грешки?
- Што се библиотеки?
- Како се делат програмските јазици?
- Кои се нижи програмски јазици?
- Направи споредба помеѓу виши и нижи програмски јазици
- За да може компјутерот да ја разбере програмата напишана на виш
програмски јазик, истата треба да ја преведе во --------------------------
- Препознај и класифицирај
|
|
|
||||||
Претстави го целиот процес на
програмирање (неговите фази) во вид на алгоритам (графички или со псевдокод).
Спореди:
со: алгоритам, изворна и извршна програма.
Ќе одам во супермаркет да купам леб млеко кафе
Вчера ќе одам во парк да возам велосипед. Утр ќе одам парк да возам веосипед
Компјутерот не е способен да изврши никаква креативна работа. За да изврши одредена работа, потребно е да му се зададе команда, со која се активира и извршува соодветна програма. Програмата се внесува од надворешната во внатрешната меморија и се извршува наредба по наредба. Ако програмата е правилно напишана ќе го даде бараниот резултат. Целокупната работа на компјутерот се одвива под контрола на програмите сместени во внатрешната меморија. Контролните, услужните и оперативните системи ги пишуваат тимови професионалци, а апликативни програми може да напише и поединец. За да може да се напише програма потребно е да се знае да се програмира.
Што е тоа програмирање?Процесот на пишување на програма е програмирање.
Програма е низа на точно дефинирани инструкции напишани во некој програмски јазик со кои се извршуват конкретни акции.
1. Aнализа на проблемската ситуација и разгледување
можни решенија.
Прво треба да се дефинираат и прецизираат условите под кои задачата ќе се решава. Тоа се прави со анализа на нејзината природа и ако е потребно навлегување во стручната област на која и припаѓа. Постапката за решавање произлегува од извршената анализа на задачата и консултираната стручна литература.
Постапката мора да биде применлива за извршување на компјутер. Секоја операција мора да е точно и еднозначно дефинирана и точно да е одреден редоследот на извршување на операциите. Целата постапка мора да е конечна. Вака дефинираната постапка се нарекува алгоритам, а секое поединечни дејство е алгоритамски чекор. Со поимот алгоритам се среќаваме постојано. Секоја активност на човекот претставува алгоритам. Пр. Подготвување на колач, преминување на улица и др.
Алгоритмот се запишува со елементите на некој програмски јазик и со тоа се добива изворниот код. На датотеката и се доделува некое описно име, а наставката е соодветна на програмскиот јазик во кој е напишан изворниот код. Запишување на алгоритамот како низа од инструкции во избран програмски јазик. Вака запишаниот алгоритам претставува програмски код кој се вика изворна програма.Пр. Во С++ е .cpp.
4. Преведување на изворен код
Изворниот код се преведува со помош на програмите за преведување или компајлери. Преведувачот проверува дали има синтаксна грешка и ако има дава соодветни пораки. Синтаксните грешки се однесуваат на неправилно напишани зборови, неправилно користени или испуштени интерпункциски знаци и сл. По корекција на грешките процесот на преведување успешно се реализира и се добива објектен код со наставка .о или .обј.
5. Поврзување во извршен код
Поврзување на објектните кодови со помош на програмите поврзувачи (linkers). Oбјектниот код добиен со преведување треба да се поврзе со постоечките датотеки во кои се наоѓаат веќе преведени мали програми кои често се користат во програмите. Овие датотеки се нарекуваат библиотеки. Ако кодот не може да се поврзе со потребните библиотеки поврзувачот ќе јави грешка при поврзување (link time errors) и нема да се добие извршен код. Овие се грешки при поврзување и треба да се отстранат. По успешното поврзување се добива извршен код со наставка .ехе. Извршната програма може да се користи самостојно на било кој компјутер.
изворен код ----- преведувач------> објектен код -----поврзувач-----> извршен код
6.Тестирање на програмата
Тестирањето се прави од страна на програмерот или корисниците за кои е наменета програмата. Програмата мора да работи правилно за различни вредности кои го внесува корисникот или да оневозможи погрешно внесување вредности во програмата преку пораки и сл. до корисникот.
Се тестира за да се види дали програмата дава точни резултати. Тестирањето се врши за вредности за кои лесно може да се определи резултатот или за вредности за кои се знае резултатот. Ако програмата неправилно работи, значи има логичка грешка која може да ја корегира само програмерот. По корекција на грешката процесот се повторува.Логичките грешки обично се викаат багови (bugs) и за нивно откривање се користи програма дебагер која овозможува извршување на програмата линија по линија и стопирање на нејзиното извршување на одредено „сомнително“ место
Пример за синтаксна и логичка грешка
Ова е формула за периметар на правоаголник ако се познати неговите страни:
L=2*(а-b
Логичка грешка – формулата не е точна иако поставање на заградата на крајот е правилно запишана.
a=5
b=”Maja”
c= b-a
Логичка грешка – b е текст и не може да биде намаленик.
Потсетување
Изворната програма не е разбирлива за компјутерот. Таа мора да се преведе во машински јазик (во кој инструкциите се запишуваат со 1 и 0) за да биде разбрана и извршена од процесорот.Изворната програма преведена на машински јазик се вика извршна програма.
За преведување на изворната програма во извршна програма се користат програми преведувачи кои во зависност од начинот на преведување може да бидат компајлери (најчесто) и интерпретери.
No comments:
Post a Comment