Етички правила за користење дигитална технологија

Дигитална дилема: Што би направил ти?

* **Цел: Преку реални животни ситуации, учениците да развијат критичко размислување, емпатија и преку дискусија да ги дефинираат етичките правила на однесување во дигиталниот простор (авторски права, сајбер-насилство приватност, плагијат и одговорно споделување).

Учениците треба да ги анализираат случајот, да донесст одлука за правилно постапување и да подготват кратка презентација (или брза симулација/ролева игра од 1-2 минути), излагање со дебата (говорник од групата го изнесува ставот и заклучоците на групата)

Група 1: Авторски права и интелектуална сопственост

* **Случај: Марко подготвува проектна задача за училиште. На интернет наоѓа одличен дизајн и готов текст од друг автор. За да заштеди време, тој целосно го копира текстот, ја презема сликата без да го наведе изворот и го потпишува проектот како свој авторски труд.

Прашања за дискусија:

1. Кои правила за дигитална етика ги прекршил Марко?

2. Какви последици може да има ова постапување?

3. Како би постапиле вие на местото на Марко? Наведете ги правилните чекори (цитирање, користење лиценци како Creative Commons и сл.).

Група 2: Приватност и лични податоци

* **Случај: На училишниот одмор, Елена прави смешна фотографија од својот соученик додека тој јаде. Без да го праша за дозвола, таа ја објавува фотографијата на затворена WhatsApp/Instagram група од класот, каде што другите почнуваат да ставаат посмешни и побизарни коментари.Прашања за дискусија:

1. Дали е повредена приватноста на соученикот и зошто?

2. Која е разликата помеѓу шега и нарушување на личен интегритет во дигиталниот простор?

3. Како би постапиле вие:

* Доколку сте Елена?

* Доколку сте соученикот што е фотографиран?

* Доколку сте дел од групата каде што е споделена фотографијата

Група 3: Вештачка интелигенција (AI) и академска етика

* **Случај: Матеј добил задача да напише есеј. Наместо сам да размисли и да истражи, тој користи алатка за вештачка интелигенција (напр. ChatGPT), го генерира целиот есеј, го копира „од збор до збор“ и го предава кај наставникот тврдејќи дека сам го напишал.

Прашања за дискусија:

1. Дали постапката на Матеј е етичка? Зашто?Дали користењето на AI алатки е секогаш погрешно? 

Каде е границата меѓу помош при учење и измама/плагијат? Која е разликата помеѓу користење технологија за истражување/идеи и претставување на туѓ/автоматизиран труд како свој?

2. Како оваа постапка му штети на самиот ученик во неговиот развој?

3. Како би постапиле вие? Како етички да се искористи AI за да помогне во изработка на задачата без да се прекршат правилата

Група 4: Сајбер-насилство (Cyberbullying) и одговорно коментирање

* **Случај: Некој креирал лажен профил на социјална мрежа и објавува навредливи статуси и гласини за ученичка/ученик од вашиот клас. Неколку ученици од класот редовно ги лајкуваат и споделуваат тие објави бидејќи им се интересни. Стефан гледа што се случува, но молчи за да не стане и тој мета.

Прашања за дискусија:

1. Каква е одговорноста на оние кои само лајкуваат или споделуваат вакви содржини?

2. Какви последици има сајбер-малтретирањето врз жртвата?

3. Дали молчењето во дигиталниот простор ве прави соученик во негативното поведение?

4. Како би постапиле вие? Кои се чекорите за пријавување на лажниот профил и за поддршка на соученичката?

Група 5: Лажни вести и дезинформации 

* **Случај: Јана гледа драматична вест на социјалните мрежи во која се тврди дека училиштето ќе се затвори на еден месец поради непозната причина. Без да ја провери веродостојноста на информацијата или изворот, веднаш ја споделува веста во сите групи со пријателите, предизвикувајќи паника и дезинформации.

Прашања за дискусија:

1. Кои се последиците од неконтролирано споделување непроверени информации?

2. Како можеме да препознаеме дали некоја информација е точна и доверлива пред да ја споделиме?

3. Како би постапиле вие: Кои чекори ќе ги преземете за проверка пред да притиснете „Сподели“ (Share)?

Рефлексија и изработка на „Кодекс на дигитална етика“ 

1. Почит кон авторството: Секогаш цитирај го изворот и не го претставувај туѓиот труд како свој.

2. Заштита на приватноста: Не објавувај слики или информации за други без нивна изричита дозвола.

3. Етичка употреба на AI: Користи ги дигиталните алатки за истражување и учење, а не за препишување.

4. Не биди пасивен набљудувач: Пријави сајбер-малтретирање и поддржи го оној на кој му е потребна помош.

5. Провери пред да споделиш: Не шири лажни вести или содржини што можат да навредат некого.

No comments: