Sunday, December 11, 2011

Податоци во C++, Декларирање на променливи

Податоци во С++

Величина е карактеристика на даден предмет или појава. Можат да бидат
·                константи
·                променливи

Константи се вредности  за кои се одделува место во работната меморија на компјутерот, имаат сопствено име и вредноста не се менува во процесот на извршување на програмата.

Променливи се вредности  за кои се одделува место во работната меморија на компјутерот, имаат сопствено име и вредноста може да примаат различни вредности во процесот на извршување на програмата.

Вредностите кои ги добиваат величините при извршување на програмата се наречени податоци

Во С++ се обработуваат податоци од различен тип: цели броеви, реални броеви, знаци, текстови итн.

Податоците ги имаат следниве карактеристики: име, тип и вредност.

 
Имиња на податоците

Имињата (идентификаторите) на податоците во С++ се формираат со почитување на следниве правила:
• името започнува со буква или подвлечена црта,
• малите и големите букви се разликуваат,
• името може да содржи цифра,
• името не смее да содржи специјален знак: !, @, #, % итн.

Пример: Правилни имиња се: a, b2, it, i1j2, _radius, R итн.
Пример: Неправилни имиња се: a-b, dolar$, %proc, char. итн. 

Типови податоци 

Основни типови податоци

              целоброен                                int
 реален со обична точност         float
 реален со двојнаточност           double
 знаковен                                   char
 логички                                     bool
 
Податочни типови


Име
Бајти*
Опис
char
1
карактер или цел број долг
short
2
цел број 16 бита долг.
long
4
цел број 32 бита долг.
int
4
Цел број
float
4
броеви со подвижна запирка
double
8
броеви со подвижна запирка со дупла
прецизност.
long
double
10
long броеви со подвижна запирка со дупла прецизност.
bool
1
Boolean вредности. Може да има една од
двете можни вредности: true или false.


* Големината во бајти зависи од системот на кој се компајлира.


Декларирање и иницијализирање на променливи

Искази се основни градбени блокови програмата. Тие се состојат од израз и знакот ; на крајот. Израз може да биде израз за доделување на вредност, инкремент или декремент операција, повик на функција, контролен исказ или декларација на променливи. На пример х=1      е израз
х=1;    е исказ.
За групирање на искази во сложен исказ или блок се користат големи загради { }

Променливи се декларираат со искази од облик:
тип листа_на_променливи;
int i, j, k;

Променливите можат истовремено и да се иницијализираат при декларирање:  
Пример

int i=52;

Пример:
#include
main()
{
short ed_cena, vkupno;    /* Deklaracija na promenlivi */
short parcinja=1000;        /* Deklaracija so inicijalizacija*/
ed_cena=50;                    /* Dodeluvanje */
vkupno = ed_cena * parcinja;
}

Операции со целоброен тип податоци:  int 

собирање                                                                +
одземање или негација                                         -
множење                                                                  *
делење                                                                     /
делење по модул (остаток од делење)             %.



Податоците од целоброен тип поврзани со аритметичките оператори (+, -, *, / и %) дефинираат аритметички изрази чија вредност е целобројна. 

Пр. Одреди го резултатот на следните операции: 
7 / 3 =2 
205 / 20 =10
205 % 20 =5
25 % 3 =1
7.0 / 4 =1.7500
 
Реален тип податоци float, double 
Податоците од овој тип можат да бидат константи или променливи.
Прецизноста на податоците од тип float и double е различна и тоа:
float податоците зафаќаат 32 бита и имаат 7 значајни цифри.
double податоците зафаќаат 64 бита и имаат 15 значајни цифри.

Пример:
float x;
const float g=9.81;
double visina;
double iznos=12345.67

Операции со податоци од реален тип:
собирање (+),
одземање или негација (-),
множење (*),
реално делење (/)       (ако барем еден од операндите е реален).


Логички тип податоци bool
Податоците од овој тип имаат една од следниве две вредности: точно (true) или неточно (false).

bool da_ne;
bool odgovor=false;

Логичките податоци поврзани со логичките оператори даваат логички изрази.
Логички оператори се:

&& логичко И (AND); || логичко ИЛИ (OR); ! логичко НЕ (NOT)

Релациони оператори: <      <=     >     >=       = =             !=

Приоритет на операторите:
NOT !
унарен минус -
аритметички + - * / %
релациони < <= > >=
еднаквост = = !=
AND &&
OR || 

Знаковен тип податоци char 
Податоците од овој тип имаат вредност знак или целбројна вредност. Тие можат да бидат константи или променливи и се третираат како било кој податок од целоброен тип: можат да се читаат, да се печатат, да се споредуваат и со нив да се извршуваат аритметички операции.

char

Пример:
char a;
char znak=′+′;
const char dolar=′$′;
char denar=′d′;
char x=120;