Читање и печатење вредности на променливите
Наредви за влез и излез:
cin наредба за внесување вредности преку тастаура
cout наредба за прикажување вредности на екран
Дефинирани се два оператори:
>> влезен оператор (“прати на”)
<< излезен оператор (“преземи од”)
Пример:
int celbroj;
double realenbroj;
cin >> celbroj >> realenbroj; //citanje na: celbroj i realenbroj
Пример:
int celbroj;
double realenbroj;
...
celbroj=123;
realenbroj=45.67;
cout << celbroj << realenbroj; //pecatenje na: celbroj i realenbroj
На екранот ќе се отпечати:
12345.67|
За разделување на двете вредности се користи еден или повеќе бланко знаци:
cout << celbroj << ′ ′ << realenbroj << endl;
каде што endl е оператор за крај на линијата, т.е. преминување во следната линија
Добиваме:
123 45.67
За печатење во нов ред се користи операторот ′\n′. Следниве две наредби имаат исто значење.
cout << celbroj << ′\n′ << realenbroj << ′\n′;
cout << celbroj << endl << realenbroj << endl;
т.е. како резултат добиваме:
123
45.67
Неколку излезни секвенци:
излезна секвенца | Опис |
\” | печатење наводник |
\\ | печатење коса црта |
\a | печатење ѕвоно (аларм) |
\n | преместување на покажувачот на почетокот на следната линија |
\r | преместување на покажувачот на почетокот на тековната линија |
\t | преместување на покажувачот на следната TAB−позиција |
Оператор за доделување на вредност
Стандарден оператор за доделување вредности е: =
int broj1, broj2;
short int cifra=2;
broj1=(1+2*3)%4;
broj2=broj1/cifra;
Сите изрази имаат вредност, дури и оние кои содржат =. Вредноста на таков израз е вредноста на изразот кој се наоѓа на десна страна. Затоа е можно и доделување од следниот облик:
x=(y=10)*(z=5) при што се добива x=50
или
x=y=z=20 при што се добива x=20, y=20, z=20
Пример: Програма во С++ за собирање на два броја.
// Sobiranje na dva broja
#include < iostream>
using namespace std ;
using namespace std ;
main ()
{ // pocetok na main
int broj1; // deklaracija na celobrojnata promenliva broj1
cout << “Vnesete prv cel broj\n”; // tekst za vnesuvanje na broj1
cin >> broj1; // citanje na broj1
int broj2; // deklaracija na celobrojnata promenliva broj2
cout << “Vnesete vtor cel broj\n”; // tekst za vnesuvanje na broj2
cin >> broj2; // citanje na broj2
int zbir; // deklaracija na celobrojnata promenliva zbir
zbir=broj1+broj2; /* naredba za sobiranje */
cout << “Zbirot e “ << zbir << endl;
system ("pause");
} // kraj na main
Забелешки:
#include ; предпроцесорска директива за вклучување на датотеката iostream.
main () е име на главната функција (неопходен дел на секоја програма во С++)
// − oператор за коментар што се протегаат во една линија.
/* и */ − oператори за коментар што не е до крајот на линијата.
Променливите во С++ можат да се декларираат каде било во програмата, а можат да се користат по линијата за декларација.
cout << “Vnesete prv cel broj\n”; − ”на cout се испраќа текстот Vnesete prv cel broj, како излезен поток на знаци”.
cin >> broj1; − ”cin го чита потокот на знаци кој се внесува преку тастатура и му го доделува на broj1.
cout << “Zbirot e “ << zbir << endl; − е наредба за печатење на повеќе вредности.