Tuesday, October 1, 2013

Архивирање и компресирање на датотеки



Размислете:

Дали имате потреба за дополнително зачувување на податоците од дискот . 
Зошто се налага потребата од нивно зачувување кога веќе ги имаме на нашиот компјутер . 
Како вие лично вршите зачувување на најбитните податоци?
Што ќе се случи со податоците доколку дојде до трајно оштетување на хард дискот?
Што е архивирање ? Зошто е потребно да се врши архивирање на податоци ?
Што се постигнува со компресија на податоци?
На која од датотеките primer.doc i slika.bmp ќе се постигне поголем степен на компресија ?
Наведи неколку типови на компримирани датотеки.
Која програма ја користиш за компресирање и архивирање на податоци. Објасни ја постапката на компресирање на податоци




Архивирање на податоците

Архива е множество од датотеки кои се спакувани заедно во една датотека со цел правење на резервна копија (backup), пренесување на друг компјутер, чување на друго место, праќање преку електронска пошта, поставување на сервер.

Архивирањето претставува правење резервна копија на податоците на дискот или најчесто на друг диск, на компакт дискови , на дискети  или на магнетни ленти .

Програмите кои се користат за архивирање на податоците се нарекуваат бекап програми .
Постапката на правење на резервна копија се нарекува бекап(backup )

Компресија на податоците

Процесот на намалување на потребниот физички простор за зачувување на податоци со користење на различни методи на нивно запишување се нарекува компресија на податоци. Експанзија или декомпресија е инверзна операција која има за цел да ја врати оригиналната содржина на датотеките
Компресијата претставува постапка со која содржината на датотеките се запишува во скратаена форма.

Програми за архивирање и компресија во OC  Windows -ARJ,ZIP и RAR
RAR датотеките имаат од 8 до 15 проценти поголема компресија од  ARJ, и ZIP датотеките

Една или повеќе датотеки можат да бидат компресирани по големина, а потоа меморирани во зипувана датотека. Кога е потребно да се декомпресираат датотеките, корисникот ги отстранува оригиналните датотеки од зипуваните датотеки користејќи програма за зипувани датотеки.
Со компресија се постигнува
1.       заштеда на простор
Неколку датотеки (на пример, сите датотеки кои се поврзани со одредена програма) може да се
симнат како една датотека, и
2.       заштеда на време при пренесување на податоци
Датотеките кои се меморирани во зипувана датотека се компресирани со што ја прават датотеката помала по големина од некомпресираните датотеки, што пак резултира со побрзо преземање. Големината на компресијата се разликува во зависност од видот на оригиналната датотека која е компресирана
Постојат 2 основни вида на компресија :
-          компресија без губење на податоци
-          компресија со губење на дел од податоците

Tuesday, March 20, 2012

Структури за повторување

Структурите за повторување се користат тогаш кога е потребно група чекори ( наредби) да се изврши повеќе пати. Едно извршување на чекорите (наредбите) се нарекува циклус.
Три форми на контролните структури за повторување се :
- повторување со излез на почетокот од циклусот
- повторување со излез на крајот од циклусот
- повторување со броење на циклусите


Повторување  со излез на почетокот од циклусот 

( додека - извршувај)                                     while














Повторување  со излез на крајот од циклусот

извршувај - додека                                  do - while

















Повторување со броење на циклусите




Sunday, January 22, 2012

Структури за избор

Споредбени изрази. Логички операции и изрази 

Секој споредбен израз е операција од 2 операнди .Резултатот е податок од типот bool и може да биде 1 ( true) или 0 ( false)
                                                                                         
Оператор
Математички симбол
Функција
> 
> 
поголемо
>=
≥
поголемо или еднакво
==
=
еднакво
< 
< 
помало
<=
≤
помало или еднакво
! =
≠
различно

Израз
Вредност
5<13
1 (DA)
8<=8
1 (DA)
5==8
0 (NE)
5!=2+3
0 (NE)












Операторите кои се состојат од 2 симбола немаат празно место помеѓу нив






Логички оператор
Математички симбол
Оператор
Операција
макед
англ
&&

И
AND
коњункција
||
V
ИЛИ
OR
дисјункција
!
┐
НЕ
NOT
негација

Структура избор од две можности

Со оваа структура се врши избор помеѓу  две можности во зависност од вредноста на изразот. Изразот може да само две вредности точно и неточно . Тие се нарекуваат логички вредности и затоа изразот се нарекува логички израз



Задачи
1.Да се пресмета периметар и плоштина на квадрат со страна а. Ако а<=о тогаш да се добие порака Страната на квадратот не може да е негативна.
2. За даден агол alfa  да се определи дали е остар или не е остар.
3. Да се утврди дали природниот број n  е парен или непарен.
4. Да се прочитаат три броја и да се утврди дали можат да бидат страни на триаголник.
5. Да се реши линеарната равенка ax + b = 0



Да се прочитаат три броја и да се утврди дали може да бидат страни на триаголник

# include < iostream>
using namespace std;

int main ()
{
float a, b, c;
cout << “vnesi gi stranite na triagolnikot  “<< endl;
cin>>a>>b>>c;
if ((a+b>c) && (a+c>b) && (b+c>a))
            cout << “Takov triagolnik postoi “<< endl;
else
            cout << “Takov triagolnik ne postoi “<< << endl;
system(“pause”);      
return 0;
}


Да се подредат три броја по големина

#include < iostream>
using namespace std;
int main()
{
int a,b,c,pom;
       cout<<"Vnesi  prvi broj:";
       cin>>a;
       cout<<"Vnesi vtor broj:";
       cin>>b;
       cout<<"Vnesi tret  broj:";
       cin>>c;
       if (a>b)
       {   pom=a; a=b; b=pom;   }
       if (a>c)
       {   pom=a; a=c; c=pom;   }
       if (b>c)
       {   pom=b; b=c; c=pom;    }
   
       cout<<"Podredeni : "<<a<<", " <<b<<" , "<<c<<endl;
return 0;
}

Структура избор од повеќе можности