Wednesday, August 18, 2010

Влезни и излезни единици

Прашања :

Која е основна компјутерска конфигурација? (наведи ги елементите - деловите) .
Како ке ги споиш тие елементи, така да системот ( компјутерот ) функционира?
Каква е улогата на секој од нив? Опиши ја нивната функција?
Наведи некоја дополнителна опрема? За што се користи?

Подреди според намената :

Влезни единици : __________________________________________________

Излезни единици: __________________________________________________

Пополни со: магнетен диск, тастатура, дискета, печатач, плотер, глувче, CRTмонитор, звучници, мемориски стик , дигитален фотоапарат, графичка табла

Влезни и излезни единици

Човекот ја врши комуникацијата со персоналниот компјутер преку посебни уреди т.н. влезни единици и излезни единици. Преку влезните единици на персоналниот компјутер му се задаваат команди, се внесуваат податоците.Задачата на влезните единици е применетите команди и податоците во аналогна форма ( облик на број, текст, звук или слика) , да ги преведе во низа електрични импулси што централната единица можа да ги препознае и да ги смести во меморијата како битови (нули и единици).
Влезни единици
· тастатура
· глувче
· скенер
· микрофон
· дигитален фотоапарат
· камера
· графичка табла
· светлосно перо

Тастатура
Најчесто користена влезна единица е тастатурата (анг. keyboard). Таа е слична со тастатурата на обичната машина за пишување.
Направи паралела
машина за пишување тастатура

На тастатурите постојат три главни копчиња, и тоа: алфабеска група, нумеричката група и група на функциски копчиња (F1 до F12). На некои копчиња има по два знака, а на некои е напишана комада што се задава со нивното притискање. Секое копче на тастатурата има свој код. Кога се притисне некое копче кодот се праќа во компјутерот. Стандардните тастатура имаат 102 или 101 копче, а има и тастатури со 130 и повеќе копчиња. Постојат и ергономски тастатури обликувани според поставеноста на рацете при работа со компјутерот.
Објасни ја функцијата на копчињата : Caps Lock, Shift, Num Lock, Backspace, Delete, Enter, Ctrl+Alt+Delete, Space.

Глувче
Денешниот софтвер работи во графичка околина, каде што командите не се задаваат со испишување, туку со избирање. Глувчето се користи за избирање и активирање на командите.Глувчето се движи по рамна површина (или специјална подлога наречена пед (анг. pad)). Неговото движење се манифестира преку движење на посебен покажувач - стрелка по екранот. Кога стрелката ќе се најде над командата за бараната акција, се притиска едно од копчињата кои се наоѓаат на горниот дел на глувчето.Глувчето е поврзано со глувчето преку кабел, но постојат и безжични глувчиња кои комуницираат преку инфрацрфените зраци или преку слаби радиобранови.

Скенер
Скенерот (Scanner) е оптички влезен уред кој може да прочита текст или графика и таа информација да ја претвори во електронска форма.

Бар код читач
Бар код (Barcode) читачот е оптички влезен уред, кој најчесто може да се сретне во продавниците. Читајќи го бар кодот отпечатен на амбалажата на производот, овој уред овозможува брзо, лесно и без грешки внесување на податоци за производот на касата за наплата, со што доста се заштедува во време.

Аудио-визуелни уреди
Тоа се уреди кои овозможуваат внесување на аудио- визуелни податоци (звук, слика и видео) во компјутерот и нивно претварање во дигитална форма. Такви уреди се: микрофонот, дигиталниот фотоапарат и видео камерата.

Излезни единици

Излезните единици ги примаат резултатите од обработката во компјутерот во облик на елктрични сигнали, ги конвертираат и ги презентираат во форма што е разбирлива за корисникот: броеви, текст, слика и звук.
Излезни единици :
  • монитор
  • печатач
  • звучник
Монитор
Сликата на екранот е составена од многу мали точки наречени пиксели. Каналот на бои е RGB (значи секој пиксел ги содржи црвената, зелената и сината боја). Кога на екранот се прикажува текст, велиме дека компјутерот работи на текстуален начин, кога се прикажува слика тоа е графички начин на работа на компјутерот.
Карактеристики на мониторите
- големина на монитор ( се изразува во должина на дијагоналата изразена во инчи ( 1 “ = 2.54 cm)
- резолуција (број на точки на екранот)
пример : 1024х768 (првата бројка е бројот на хоризонтални, а втората - бројот на
вертикалните точки на екранот)
- растојание меѓу точките (dot pitch)
- фрекфенцијата на освежување (број на исцртувања на слика во 1 секунда изразено во Hz (херци)
Постојат CRT мониторите (Cathode Ray Tube) – со катодна цевка
LCD - монитори (Liquid Crystal Display - LCD), кои се изработени со течен кристал.

Печатач
Печатачот се користи користи за претставување на резултатите од обработката на податоците на хартија. Според принципот на работа и начинот на оставање отпечаток врз хартијата печатачите се делат на: матрични, ласерски, млазни, термички.Најквалитетни и најкористени печатачи денеска се ласерските печатачи. Карактеристично за нив е тоа што тие одеднаш печатат цела страна без разлика на нејзината содржина. Печатењето се изведува со помош на ласерски зрак и специјален прав (тонер).
Квалитетот на ласерскиот печатач зависи од
резолуцијата што ја постигнува на квадратен инч и
од брзината на печатење
Млазните печатачи, т.н инк-џет денес се користат се повеќе, бидејќе се доста квалитетни и релативно ефтини. Печатењето на точките е со капки од мастило, кои излегуваат од минијатурни шприцеви со дијаметар на влакно од коса .. Мастилото се чува во садови (ink catridge) за секоја боја посебно посебно според моделот CMYK (Cian, Magenta, Yelow и Black). Нијансите на боите се добива со мешање на соодветни количини на основните бои. Главни карактеристики се: ниска цена, квалитетен отпечаток, средна брзина на печатење.
Матричните печатачи го добиле името по тоа што секој знак се печати како матрица од точки, при што се печатат само оние точки што му припаѓаат на знакот. Матричните печатачи се нарекуваат уште и иглични, бидејќи точките ги печатат метални иглички кои удираат преку лентата на хартијата. Брзината на печатење се изразува во број на отпечатени знаци во една секунда.
Влезно - излезни единици ( модем)
Тоа е уред што овозможува поврзување на два физички оддалечени компјутери преку обична телефонска линија. Брзината на пренос на податоците се мери со битови во секунда (bps).
Видови:
внатрешни (интерни)
надворешни (екстерни)
Негова задача е да ги прими дигиталните податоци од персоналниот компјутер, да ги преведе во аналогни сигнали ( модулира ) и да ги испрати преку телефонската линија. Модемот на приемниот компјутер, ги прима аналогните сигнали од телефонската линија, ги претвора во дигитални сигнали ( демодулира) и ги внесува во компјутерот.

Прашања:
1. Заокружи ги влезните периферни уреди:
• тастатура,
• монитор,
• печатар,
• глувче,
• скенер.
2. Која е функцијата на влезните периферни уреди?
3. Заокружи ги излезните периферни уреди:
• тастатура,
• монитор,
• печатар,
• глувче,
• скенер.
4. Наброј ги групите на копчиња кај тастатурата!
5. Наброј ги копчињата кај глувчето и објасни ја нивната функција!
6. Како се вика предниот дел од мониторот?
7. Што е резолуција на мониторот?
• големина на екранот,
• број на точки вертикално и хоризонтално на екранот со кои се прикажува сликата,
• вид на монитор.
8. Кои видови печатари ги знаеш ! Каков потрошен материјал при работа користат ?
9. Кои карактеристики треба да ги има добар печатар?







Thursday, August 12, 2010

Машински дел на компјутерот. Надворешни мемории

МАШИНСКИ ДЕЛ НА КОМПЈУТЕРОТ

Нови поими:
хардвер, софтвер, централна единица, периферни единици, матична плоча, процесор, внатрешна меморија, порти, картички, влезни единици, излезни единици, надворешни мемории


Размисли и одговори:
Дали си слушнал за поимите хардвер и софтвер? Дали може да ги објасниш?
Наброј неколку машински делови на компјутерот. Кои делови се неопходни за работа на 
компјутерот?

Компјутерски систем
Компјутерски систем = Машински дел + Програмски дел

Компјутерски систем е целина од хардвер и софтвер. Хардвер (Hardware) се машинските делови на компјутерот. Софтвер (Software) се програмите со кои се работи на компјутерот. Човечкото тело може да ги споредиме со хардвер, а човечките мисли со софтвер.
Хардверот и софтверот еден без друг се неупотребливи.


Општа шема на машинскиот дел на компјутер
Основната конфигурација на персонален компјутер состои од следните хардверски делови:
1. куќиште – кутија од метал или тврда пластика во која се сместени главните делови на компјутерот,
2. монитор – уред кој прикажува слики и текстови произведени од компјутерот,
3. тастатура – уред преку кој се внесуваат податоци и инструкции во компјутерот,
4. глувче – уред кој овозможува избор и движење на елементи прикажани на мониторот

Опис на изгледот на преден дел на вертикално куќиште:
На предниот дел од куќиштето има:
• копче за вклучување на компјутерот во струја - Power,
• копче за рестартирање на компјутерот – Reset,
• предeн влезен дел од уредите за работа со дискета, CD или DVD,
• приклучоци (USB, за звучници - слушалки и слично),
• сијалички.

Опис на изгледот на заден дел на вертикално куќиште:













Делови на куќиштето
Вообичаено во куќиштето се наоѓаат следните електронски уреди:
• матична плоча,
• процесор,
• RAM меморија,
• тврд (хард) диск,
• електронски картици за приклучување на периферни уреди,
• уред за работа со CD или DVD,
• извор за напојување со електрична енергија.

Матична плоча
Матичната плоча е главниот дел во куќиштето на кој се поставени сите важни електронски делови на компјутерот. Сите делови поставени во куќиштето се поврзани со матичната плоча – како деца со мајка.
Главни делови вградени на матичната плоча се:
• процесорот,
• ROM и
• RAM меморијата.

Процесор
Процесор ја има главната задача во компјутерот – врши обработка на податоците.Тој се состои од голем број на електронски кола спакувани во еден чип. Основни составни делови :
- аритметичко-логичка единица (ги извршува аритметичките и логичките операции при обработката)
- управувачка единица (ја контролира и синхронизира работата на процесорот со работата на другите единици на компјутерот)
- регистри (електронски склопови кои служат за привремено чување на меѓурезултатите при извршување на програмите)
При работата процесорот користи посебни импулси генерирани со голема брзина од т.н. такт-генератор.
Брзината на генерирање на инпулсите се нарекува фреквенција
Карактеристики на секој процесор се:
• производител,
• модел,
• брзина на работа,
• кеш меморија.
Брзината на работа на процесорот се изразува во единица мерка Гига Херц (GHz).

Пример :
Производител:Intel Модел:Q9300 Core 2 Quad Брзина:2.5 GHz
Производител:AMD Модел:Phenom 8750 Triple-Core Брзина:2.4 GHz

Внатрешна меморија
Кога се зборува за меморијата на компјутерот, се мисли на внатрешната меморија. Таа се нарекува и работна меморија или оперативна меморија, или е позната како RAM -меморија.

ROM (Read Only Memory) - Меморија која може само да се чита.
RAM (Random Access Memory) - Меморија од која може да се чита и на која може да се запишува. Со исклучување на компјутерот податоците од оваа меморија се бришат.
ROM меморијата го „буди“ компјутерот и контролира дали сите хардверски и софтверски делови се присутни, исправни и подготвени за работа.На пример, компјутерот не може да работи ако не се приклучени правилно тастатурата и глувчето.

Капацитетот на меморијата или способноста да меморира одредено количество податоци се изразува со следните единици:
Бит ( bit ) една 0 или 1 од податоците кои се претставуваат во бинарна форма
Бајт ( byte 1B=8 bit)
Килобајт (1KB= 1024 B)
Мегабајт (1MB= 1024KB)
Гигабајт (1GB= 1024MB)
Терабајт (1TB= 1024GB)

Периферни уреди се деловите од компјутерот кои се наоѓаат околу куќиштето.
1. Периферните уреди можат да бидат влезни – за внесување на податоците во компјутерот и излезни – за прикажување на податоците и програмите обработени од компјутерот.
2. Периферните уреди може да бидат поврзани со компјутерот жично и безжично.
Познати начини за безжично поврзување на електронски уреди се Infra Red (Инфра Ред), Bluetooth (Блутут) и други.

       
Централна единица , Матична плоча , RАМ 


Прашања:
1. Што е компјутерски систем?
2. Што е софтвер , Што е хардвер?
3. Наброј ги вообичаените хардверски делови на еден персонален компјутер!
4. Кој приклучок овозможува најбрз пренос на податоците меѓу компјтерот и приклучениот уред:
• паралелниот,
• серискиот,
• USB,
5. Која е функцијата на ROM меморијата?
6. Кои програми се сместуваат во RAM меморијата?
• Оние со кои во моментот се работи на компјутерот,
• Сите програми од компјутерот.
7. Дали содржината на РАМ меморијата се брише по исклучување на компјутерот од струја! По што можеш да го заклучиш тоа?
8 Во кој дел на матичната плоча се обработуваат податоците во компјутерот?
• мониторот,
• хард дискот,
• процесорот.
9. Дали може во компјутерот да се додаваат нови картички?


1
2
3
4
5
0 - 3
4 - 5
6 - 7
8 - 9
10


НАДВОРЕШНИ МЕМОРИИ

Нови поими:
Хард диск, Дискета, Компакт диск, CD-ROM, CD-R, CD-RW, Дигитален видео диск, Мемориски стик, Преносни мемории.

Размисли
Кои уреди се потребни за чување на документи, музика, видео игри... за подоцнежно
користење? Зошто податоците не можеме да ги чуваме во внатрешната меморија?

Бидејќи со исклучување на персоналниот компјутер од напојување се брише внатрешната меморија, се јавува потреба од зачувување на податоците и програмите за подоцнежна употреба. За таа цел се користат надворешни мемории за зачувување на податоците. Запишувањето на податоците се врши во логички целини наречени датотеки.

Постојат :
• Магнетни( магнетна дискета , магнетен диски, магнетна лента)
• Оптички ( компакт диск и дигитален видео диск)
Полупроводнички   
Основни карактеристики на надворешните мемории се:
• Капацитет или големина на меморијата изразена најчесто во мегабајти и гигабајти
• Просечно време на пристап – времето потребно да се најде бараниот податок и да се пренесе во внатрешната меморија, најчесто изразено во милисекунди.
• Начинот на пристап
o директен (магнетните дискови и дискети)
o секвенцијален (магнетни ленти и компакт дискови)

Магнетната дискета претставува тенок свитлив пластичен диск (анг. floppy disk / diskette) премачкан со магнетен материјал и сместен во пластична футрола. На футролата постои отвор преку кој се читаат и запишуваат податоците. Денешните дискети се со големина од 3,5” (инчи, 1 инч=2.54 cm) и имаат капацитет од 1,44 MB.

Пред да започнеме со користење на нова дискета треба претходно да ја форматираме. Форматирање е постапка на делење на дискетаta на патеки и сектори. Патеките се концентрични кружници, а секторите радијални исечоци.
Обиди се да го пресметаш капацитетот на дискетата :

има 2 страни, секоја страна по 80 патеки, секоја патека по 18 сектори, а секој сектор по 512 B
Значи капацитетот е ??

Хард Диск (Тврд Диск) се состои од една или од повеќе керамички, алуминиумски или стаклени кружни плочи прицврстени на заедничка оска околу која ротираат. Затоа и се нарекува тврд диск (анг. Hard Disk). Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал дебел само неколку микрони, а над него се нанесува заштитен слој. За секоја плоча има по две глави за читање и запишување чие позиционирање е многу попрецизно отколку кај дискетата, бидејќи нема поместување на дисковите, а целата конструкција е херметички затворена и нема опасност од нечистотија како кај дискетите.
Кај магнетниот диск нема директен допир меѓу површината на дисковите и главитe за читање и запишување. Главите „лебдат" на воздушно перниче кое се создава поради многу брзото ротирање на дисковитe. Дискот ротира цело време додека работи компјутерот. Слично како и кај дискетата површината на плочите од тврдиот диск е поделена на сектори и патеки. Патеки со ист реден број формираат цилиндар.






SSD  (solid state drive) е уред со флеш мемориски чипови


CD kомпакт дискот (Compact Disk - CD) е оптичка надворешна меморија. Тој се состои oод пластична плоча врз кој е нанесен тенок слој од алуминиум. Запишувањето на податоците е во облик на минијатурни вдлабнатини распоредени на една непрекината спирала, со почеток од внатре кон надвор Диск единицата во која се става компакт дискот е со ласерско читање на податоците, при што ласерскиот зрак ја детектира рефлектираната светлина која се манифестира како битови - нули и едници.. CD-то има мемориски капацитет од 650-700 MB. Се користат за чување непроменливи податои енциклопедии, атласи, игри, музика.
CD-ата можат да бидат :
• само за читање - CD ROM,
• за читање и еднократно запишување - CD R (Recordable),
• за читање и повеќекратно запишување - CD RW (ReWritable),
• 1 CD = околу 450 дискети (или може да собере, на пример, околу 100 mp3 песни).

DVD или дигитален видео диск е оптички уред со доста поголем капацитет од неговиот претходник CD (Compact Disc). DVD е оптички диск кој се користи како средство за висококвалитетно складирање на податоци, но во масовна употреба воглавно служи за складирање филмови. DVD дисковите по димензиите и по изгледот се потполно идентични со CD дисковите а нивниот поголем капацитет за складирање на податоците се должи на поголемата густина на записот ( повеќе ласерски избушени дупчиња, се користи ласер со помала бранова должина ) и повеќеслојното запишување на податоците. Меморискиот капацитет е од 4.7 GB до 8.5 GB.

Нов тип на DVD уреди се DVD уредите кои користат син ласер наместо црвен за читање и запишување информации на диск. Овие уреди се викаат Blue Laser DVD уреди. Синиот ласер може да ги запишува податоците со многу поголема густина на дискот отколку црвениот. Затоа Blue Laser DVD-ата имаат многу поголем капацитет од обичните DVD-јa. Постојат два типа на Blue Laser DVD:
• HD-DVD (High Definition) со капацитет до 30 GB и
• Blu-Ray DVD со капацитет до 50 GB.

USB flash drive или попозната како USB меморија или Flash меморија претставува посебен тип на електронска меморија која не се губи при исклучување од напојување и е специјален тип на EEPROM (Electrically Erasable Programmable Read-Only Memory) односно меморија која е електрично избришлива и препрограмирачка.

Задача 1 :
Работник во канцеларија е задолжен за комуникација со други сектори во компанијата, како и за одржување на компјутерскиот систем. Наведете на кој начин би било логично тој да ги употреби надворешните мемории:
1. хард диск
2. rewritable CD ( CD-RW)
3. CD ROM

Задача 2:

Наведете разлики помеѓу хард диск и CD ROM
Хард диск
CD ROM

Прашања:
1. Компјутерски мемориски уреди служат за:
• чување на податоците,
• прикажување на податоците,
• обработка на податоците.
2. Димензии на мемориски уред (наведи ги уредите и нивните димензии) . Големина на меморијата која ја има уредот.
3. Хард дискот е
  • оптички диск
  • и едно и друго
  • магнетен диск
  • ни едно ни друго
4. Cd Rom e
  • магнетен диск на кој може да се менуваат запишаните податоци
  • оптички диск на кој може да се менуваат запишаните податоци
  • магнетен диск на кој не може да се менуваат запишаните податоци
  • оптички диск на кој не може да се менуваат запишаните податоци
5. Наведи ги единиците на мемориски капацитет ?
6. Какви видови на CD-а има , Какви видови на DVD-ја има?
7. Кој податок не припаѓа во наведената листа:
a) Хард диск
б) ROM
в) CD
г ) магнетна дискета

Информатика и компјутери


Податок,информација, информатика

Нови поими:
податок, информација, обработка на податоци, информатика ,бит (b)

Размисли и одговори: Дали си слушнал за зборот информација? Од каде најчесто добиваш информации? Како луѓето разменувале информации во минатото, a како сега?

Денешното општество со право можеме да го наречеме информатичко општество. Многумина сметаат дека напредокот на заедницата во многу зависи од расположливите информации и начинот на кој ги користиме, па затоа е важно да ги разбереме основните поими поврзани со информацијата.

Податок и информација
Во секојдневниот живот зборот податок и информација често имаат исто значење. Но, во информатиката постои разлика помеѓу значењето на овие два збора
(податок ≠ информација).

Податоци се знаци, броеви, зборови, слики, звуци и слично кои за човекот сами за себе немаат одредено значење или смисла.
2.49, , св. Климент Охридски, -23 ,
Податокот сам по себе и не е премногу корисен, освем ако најдеме начин да го протолкуваме, т.е. да го претвориме во информација. Повеќе податоци поврзани на одреден логичен начин претставуваат информација. Информациите му овозможуваат на човекот да дознае и разбере што се случува, да донесе некоја одлука или да преземе некоја активност.

Кога еден податок станува информација???

Информацијата се состои од податоци и значења кои им се доделени на податоците.
На податоците прикажани погоре додели им некакво значење, смисла, односно направи ги информации
Размисли:
Едно музичко CD е испратено во вселената и стигнало на некоја населена планета. Што За жителите на таа планета претставува CD – то: податок или информација?
Може ли еден ист податок за различни луѓе да има различно значење, односно информацијата да биде различна?
Дали секоја информација е точна?

Под поимот информација се подразбира сознание, поим или претстава. Терминот информација доаѓа од латинскиот збор information, што значи известување, соопштение исл.
Податокот е запис на информацијата.
ИНФОРмација + автоМАТ ИКА = ИНФОРМАТ ИКА
Информатиката е наука која ги проучува информациите и нивното добивање од податоците .
Обработка на податоци
Секојдневно во нашите глави обработуваме податоци, само што тоа не го нарекуваме така. Посочете некој пример.
Пресметај го просечниот успех од 8 одделение. Објасни ги активностите – операциите кои ги презеде.
Обиди се да го дефинираш поинот обработка на податоци
. Помош : Обработка на податоци е процес .....
Автоматска обработка е обработка на податоци без директно учество на човекот. Една од првите машини за автоматска обработка на податоци била т.н. диферентна машина на Чарлс Бебиџ во 1822 година. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски.
Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјуrинг. За време на втората светска војна работел на Енигма, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјуринг развил процес со кој сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина.
БИТ ( binary digit - bit ) единица мерка за мерење на количината на информации. Информација од еден бит дава одговор на прашањето за кое се можни два еднакво веројатни одговори

Компјутер - особини, развој, видови

Нови поими:
бинарни броеви, компјутер, ENIAC, електронска ламба, транзистор, интегрално коло, чип, големи компјутери, мини и микро

Зборот компјутер доаѓа од англискиот збор “to compute“ што значи смета, пресметува и затоа го викаат и сметач. Податоците кои ги внесува човекот во компјутерот можат да бидат во вид на текстови, броеви, звуци, слики, видео и др. Овие податоци се разбирливи за човекот, но не и за компјутерот.
За да може да работи со податоците компјутерот ги претвора во бинарни броеви со кои знае да работи. Бинарни броеви се броеви запишани со цифрите 1 и 0.
- со 0 и 1 може да се запише секој податокј
- операциите со бинарните броеви се едноставни
- 0 и 1 во електрониката репрезентираат две состојби на напон
- постојат физички медиуми со особина да паметат состојби што се претставуваат со 0 и 1
Компјутер е сложена машина способна да помни голем број податоци и програми и истите автоматски да ги обработи со голема брзина и точност.
Особини на компјутерите
 брзина
 способност за памтење
 автоматско работење
 точност
Историски развој на компјутерите
I генерација компјутери (1946 – 1959)
Прв електронски компјутер е ENIAC (Electronic Numerical Integrator And
Calculator) електронски нумерички интегратор и калкулатор. Создаден 1946
од конструкторите Џон Мокли и Преспер Екерт
ENIAC – 18 000 електронски ламби, 150 m2, 30t тежок, мала брзина, мала
меморија, податоците се помнеле на дупчена хартиена картичка.
II генерација компјутери (1959 – 1964)

Градени врз база на транзистори, помали димензии, поголема брзина и за
помнење користеле магнетна лента.


транзистор
III генерација компјутери (1964 – 1969)
Работат со интегрални кола, драстично помали димензии, појава на мини компјутери, голема брзина, појава на оперативен систем
интегрално коло
IV генерација компјутери
појава на чипот „мал тенок слој силициум на кој може да се „отпечати“ комплетно интегрално коло“.
појава на првиот персонален компјутер PC.
Мали димензии развој на хардвер и софтвер паралелно, голема брзина и капацитет, ниски цени и употреба во невидени размери. Појава на омпјутерските мрежи.

Денес се користат и компјутери од т.н. петта генерација со способност за паралелна работа, но исто така се развива шеста генерација компјутери т.н. невронски компјутери.

Видови компјутери

Големи компјутери историски гледано први се појавиле и се користеле, а и денес се користат пред се` во големите организации како унивезитетите , истражувачките институции, војската , државните институции итн. Работат со неколку стотици корисници кои можат да бидат и на поголема оддалеченост од него. За нивно одржување се грижат повеќе стручни лица.
Мини компјутерите се појавиле во третата генерација на компјутери но и денес имаат слични карактеристики како и големите но , со помали можности. Тие се сместени најчесто во една просторија , а за нив се поврзани повеќе корисници кои не се многу оддалечени од нив и се поврзани со специјални кабли.Со мини компјутерите работи стручно лице – систем инженер.
Микро компјутерите или персоналните компјутери се јавуваат за првпат во 1975 година и до денес се најкористен вид на компјутери.Основна нивна карактеристика ешто се наменети за работа на едно лице.Може да бидат статични ( desktop) и преносни (portable)


Прашања :
1. Што проучува науката информатика?
2. Дали постои разлика помеѓу податок и информација?
3. Што е податок? Наведи примери за податоци!
4. Што е информација? Наведи пример за информација
5. Што е бит?
6. Од каде доаѓа називот сметач?
7. Каков уред е денешниот компјутер?
• електричен,
• електронски,
• механички.
8. Компјутерот е уред во кој податоците може да се :
• внесуваат,
• чуваат,
• обработуваат
• се погоре набројано
9. Наброј различни видови на податоци кои човекот може да ги внесува во компјутерот!
10. За да може компјутерот да ги обработи внесените податоците ги претвора во:
• бинарни,
• текстуални,
• бројни.
11. Зошто компјутерот го сметаме за дигитален уред?
12. Како се вика јазикот на кој работи компјутерот.?
13. Зошто токму бинарниот систем се користи за работа со компјутерите ?

За наведените податоци напиши соодветна информација:
SK 123-AA ________________________
070/222-111 ________________________
ВАРДАР – СИЛЕКС 3:2 __________________
10:25 AM ________________________

Сликата е податок. Во табелата до секоја од сликичките напиши соодветна информација


Во табелата до секој електронски елемент напиши го неговиот назив и во која генерација компјутери е вградуван.