Monday, May 18, 2020

Оперативен план за час 19.05.2020 - 26.05.2020

Година: I

Наставна тема: Компјутерски мрежи и интернет
Нaставна единица: Мрежна дистрибуција . Интернет 
Насоки: Работните активности и материјали се дадени во делот  I / II година  Компјутерски мрежи и Интернет.

За дома :  Одговорете на прашањата

1.Со внесување на URL адреса во веб-пребарувач, веб-серверот добива наредба за достава и пренос на бараната страница. Кој протокол ја издава наредбата?
2. Два или повеќе компјутери поврзани помеѓу себе со цел да разменуваат податоци и да споделуваат хардверски уреди се нарекува:
3.  Комуникацијата во компјутерска мрежа од типот peer to peer се одвива меѓу:
4. Која кратенка ја користат владините веб-страници?
5. Една компјутерска мрежа е поврзана со хаб. Каде ќе биде насочен сигналот во компјутерската мрежа кој е испратен од еден компјутер ?
6. Што е IP  и каква форма има ?
7. Која од следните референци го определува протоколот во URL адресата http://www.dzlp.mk?
8. Која е разлика помеѓу хаб и свич?
9. Што е рутер. Која е улогата на рутерот во мрежата?
10.Која кратенка ја користат комерцијалните веб-страници?
11. Што е симболичка адреса и  каква форма има ?
12. Објасни ги поимите DNS, ftp, http, html, url, ssl , www

13.
Кои компјутери ќе продолжат да разменуваат податоци со серверот, доколку компјутерот со име client 2 се исклучи од мрежата?
Одговорите  ги испраќате на mail најдоцна до 26.05.2020



Година: II

Наставна тема: HTML 
Нaставна единица: Табели , Форми 

За дома : Презентација за html  табели 
                или 
                web страница со табели и форми

Решенијата ( код во некој текстуален уредувач ) / презентациите ги испраќате на mail најдоцна до 30.05.2020 

Monday, May 11, 2020

Оперативен план за час 12.05.2020- 19.05.2020

Година: I
Наставна тема: Компјутерски мрежи и интернет
Нaставна единица: Компјутерски мрежи
Насоки: Работните активности и материјали се дадени во делот  I / II година  Компјутерски мрежи и Интернет.

За дома : 
1. Одговорете на прашањата од Компјутерски мрежи.
или
2. Изработете презентација за компјутерски мрежи

Одговорите/презентациите  ги испраќате на mail најдоцна до 19.05.2020
(дел од вашите квизови за Excel се поставени во делот Excel) 

Година: II
Наставна тема: HTML 
Нaставна единица: Изработка на web локација- вежби 

За дома:  Креирај  web сајт кој ќе ги содржи следните елементи 
                  (  Вашиот сајт да содржи барем 3 страници  )

Структура на web страница
   - заглавие 
   - навигација 
    Содржина 
       - наслов 
       - податоци за авторот 
Главен текст /слики /линкови / листи

Темата учениците ја бираат сами (во согласност со нивните интереси)

Ова е само пример 

Hardvermasinski del na kompjuterot

Постави неколку слики 
_______________________________________________________________

Vlezni edinici:
  • tastatura
  • gluvce
  • skener

_________________________________________________

Izlezni edinici :
  1. monitor
  2. printer

Постави линкови на секоја од влезните и излезните единици ( со кликнување на линкот тастатура истиот ве води кон страница во која ќе има слика и објаснување за хардверскиот елемент)  
линиите да бидат во различна боја и ширина

Решенијата (html код) ги испраќате на mail најдоцна до 19.05.2020

Sunday, May 3, 2020

Оперативен план за час 05.05.2020 - 12.05.2020

Наставна тема: Програма за табеларни пресметувања 
Нaставна единица: Повторување за Excel 

За дома : Изработете квиз/тест за Excel со најмалку 10 прашања /задачи ( пример 6 прашања, 4 задачи)
Може да користите било која апликација за изработка на квизови / тестови.

Квизовите / тестовите ги испраќате на mail најдоцна до вторник (12.05.2020 )

Година: II 
Наставна тема: HTML 
Нaставни единици:   Вметнување линии,слики,hyperlink-ови . HTML Подредени и неподредени листи 
Насоки: Работните активности и материјали дадени се во делот I / II  година HTML

За дома : Изработете презентации ( со примери ) за 
1.    Вметнување линии,слики,hyperlink-ови
2.   HTML Подредени и неподредени листи 

Презентациите ги испраќате на mail најдоцна до вторник (12.05.2020 )