Monday, May 16, 2011

Електронска пошта

Електронска пошта, е-пошта, имејл, мејл (енгл. e-mail) се различни називи за мрежниот сервис кој овозможува испраќање и примање на пораки. Името претставува аналогија на традиционалната пошта, при што поштенското сандаче е заменето со сервери, на кои е-поштата се „чува“ додека корисникот не ја превземе.

n
Електронска пошта е облик на комуникација со помош на компјутери и компјутерски мрежи. Предностите на ваквиот начин на комуникација се ниски цени и огромна брзина на пренос на податоци без разлика на оддалеченоста

ana_mari111@t-home.mk
Е- маил адресата се состои од корисничко име, знакот за припадност и името на доменот.


Програмите за работа со електронска пошта се темелат на уредувач на текст за креирање на пораката, механизам за испраќање и примање на пораки и читач на примените пораки. Со пораката може да се испраќаат и датотеки. Пораката се испраќа до примателот врз основа на адресата на електронската пошта. Истата може да биде испратена до еден или повеќе приматели одеднаш. Пораките се чуваат во електронското поштенско сандаче на примателот, кое се наоѓа на неговиот сервер се додека не се поднесе барање за прием на локалниот компјутер. Скоро сите провајдери на интернет услуги имаат и свој сервис за електронска пошта.

Октомври 1971 година Rej Tomlinson ( дипломец на бостонскиот MIT, запослен во BBN-u (Bolt, Beranek, Newman), лабораторија во Kembridžu, во државата Masačusets) , хакер ја напишал првата програма со која е овозможено размена на пораки помеѓу два компјутери. На почетокот напишал програма со кој се овозможувало корисниците на ист компјутер меѓусебно да разменуваат пораки, за да ја усоврши до програма за размена на текстуални пораку помеѓу 2 компјутери. Во тоа време интернет мрежата се состоела од неколку десетина компјутери, главно во Америка, во рамките на проектот на американската војска ARPA. За време од 2 години се утврдило дека од вкупниот промет на мрежата ¾ ( три четвртини) отпаѓа на електронската пошта. Денес електронската пошта е водечки сервис на интернет. Покрај програмата за размена на пошта Rej Tomlinson е одговорен за масовна употреба на знакот @ (et, познато како „ludo a“или „majmun“). Размислувајќи како да ги распредели пораките се одлучил нивните имиња и имињата на компјутерите на кои се наоѓаат да ги раздвои со некој интерпункциски знак. Се определил за знак кој не се користи при пишување на порака, знакорт @. Овој принцип на адресирање се користи и ден денес.


Отворете е-маил.

Од што се состои е- маил адресата

Запиши го форматот на пораката (елементите од кои се состои)

Што е спам ?

Како ќе прикачиш датотека на пораката?