Monday, September 21, 2009

Етика на Интернет и заштита на интелектуалната сопственост

Како треба ( етички) да го користам Интернет ?
Како да се однесувам?
Да се биде паметен на интернет значи да се биде внимателен и да се побара помош доколку е потребно. Да се стекнат добри навики за користење на интернетот кои ќе се прифатат и негуваат во иднина. Целта не е да се забрани користењето на интернетот со надеж дека така децата ќе бидат безбедни. Тоа не само што ќе има сосема спротивен ефект, туку и ќе им затвори еден досега невиден „прозорец“ кон светот на информациите од сите можни области. Ако на децата им кажете „никогаш немојте да ги користите можностите на интернетот затоа што на интернет постојат и бројни опасности“, ризикот е дека ќе сакаат да ги користат што повеќе и тоа на неправилен начин. Целта е да ги подучите правилно да го користат - дури тогаш безбедно ќе ги користат благодетите на овој прекрасен медиум. Најважно е децата да сфатат дека треба да се однесуваат одговорно додека се на интернет.
Трите главни ризици се:
Несоодветни контакти
Несоодветни содржини
Несоодветно однесување
Образложи !!!


Внимавајте , вакви работи се случуваат !!!!!

Момчето не беше кул како што изгледаше на почетокот.Моја блиска другарка која има 13 години, една вечер, разговарајќи преку интернет, запозна момче за кое мислеше дека е многу кул. Тој ѝ рекол дека има 16 години. Таа му ја даде и својата имејл адреса. После некое време, почнал да и поставува навистина одвратни прашања и таа одлучи да престане да комуницира со него. Но, бидејќи веќе му ја имаше дадено својата имејл адреса, момчето почна да и испраќа непристојни и груби пораки и фотографии по имејл. Едноставно не можеше да се ослободи од него! Дознаа и нејзините родители и решија да го исклучат интернетот во следните 30 дена.
Не давајте ја вашата домашна или имејл адреса на непознати или на луѓе кои ги познавате само преку интернет. Никогаш не можете да имате апсолутна доверба во луѓето кои не ги познавате вистински!


Partygirl е всушност возрасен маж…
Кога имав 16 години имав доста проблеми со пријателите од маало и од училиште.. Затоа поминував многу време онлајн, разговарајќи со непознати луѓе преку интернет и ми беше ок.. Но, после некое време ми се случи нешто непријатно и престанав да го правам тоа..Поминувајќи многу време на интернет, запознав една девојка која користеше прекар “Partygirl”. Се сеќавам дека првите 4 реченици што ги разменивме ни беа: „каде живееш?“, „колку години имаш?“, „дали си сам?“ и „што имаш облечено?“.. Така почна.. Продолживме да разговараме за се и сешто. Откако подолго време разговаравме така, а и преку имејл, си разменивме и фотографии, сосема нормални фотографии..После еден месец комуницирање по имејл и чет, се договоривме да се видиме во живо. Си помислив дека може да биде ОК и се договоривме да се сретнеме на Централната станица. Отидов таму со роза и нејзина фотографија за да можам полесно да ја препознаам. Ми пријде еден маж. Ми кажа дека и е дедо или така нешто.. Беше ситен и изгледаше фино. Откако подразмислив го прашав: „Што знаете вие за мене?“ и тој знаеше навистина премногу.. Тогаш побегнав.. “Partygirl” никогаш повеќе не ми се обрати.Сега од оваа дистанца ми е сосема јасно што сакаше тој човек од мене.. Но, што да правиш кога мислиш дека некого познаваш затоа што долго време разговараш со него на интернет?!Внимавајте луѓе!

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ??????
Морам да го заштитам моето име, идентитет и репутациjа
Никогаш и никому не ги кажувај лозинките (анг. password) што ги користиш на интернет, дури ни на своите пријатели.
Никогаш не оди да се запознаваш во живо со некој твој онлајн пријател, освен ако не се согласат твоите родители дека е во ред да одиш. Дури и тогаш – оди со некој од твоите родители .
Никогаш не одговарај на пораки кои прават да се чувствуваш непријатно (те засрамуваат, заплашуваат или на било кој начин прават да се чувствуваш лошо). Прекини ја комуникацијата со тој што ти ги испраќа, веднаш кажи на некој од родителите или на друг возрасен во кој имаш доверба.

Заштита на интелектуалната сопственост
Размисли и одговори !!!
  1. Што е интелектуална сопственост?
  2. Кој може да биде носител на сопственоста?
  3. Што се ексклузивни права? Наведи некое !
  4. Кој може да даде дозвола за користење на некој интелектуален производ?
  5. Што подразбирате под поимот фер употреба ?
Интелектуална сопственост претставува сопственост над се` што е производ на човечкиот интелект.
Интелектуалната сопственост може да биде:
1.авторски права (уметност , литература и музика).
2.индустриска сопственост ( индустриски производи , технолошки постапки, производи , хардвер и софтвер).
Наведи пример !!!
Правата што ги поседува авторот за своите решенија се нарекуваат авторски права. Тие можат да се откупат од друг , да се отстапат и на таков начин да се пренесе правото на користење. Дополнително се регулира дали тој што ги откупил авторските права може да ги препродава на друг. На пример, композиторот може да ги продаде авторските права за некоја песна на издавачка куќа, а таа потоа да ги продава музичките компакт дискови со песната, или авторските права да ги отстапи на друга компанија.
Некои ексклузивни права :
  • репродукција на заштитени дела и производи во било кој формат
  • копирање и дистрибуција
  • јавно изведување (песни, филмови, снимки)
  • јавно прикажување (литература, ликовни дела, графички )
За да се заштитат од неавторизирано користење на програмската опрема, произ­ве­ду­ва­чите користат најразлични методи, како на пример, авторизација или лиценцирање на програмската опрема (софверот). Во тој контекст, програмската опрема се наоѓа и сло­бодно се дистрибуира во такана­речена демонстрациска форма. За да се активира и ко­ристи во комплетна форма потребно е лиценцирање кај производителот.

Лиценца
Лиценцата е документ со кој произведувачот на програмата ги регулира правата на корисникот и условите за користење на софтвер. Со други зборови, лиценцата е договор помеѓу сопственикот на авторското право и корисникот на програмата и е единствен законски доказ за правото на користење на соодветниот производ.
При купувањето софтвер всушност се купуваат правата на користење на соодветните програми со одредени ограничувања наметнати од страна на сопствениците на авторското право. Овие правила се дадени во документацијата која ја придружува програмата, особено лиценцата.
Законот забранува на секоја неовластена личност да објавува, прикажува, размножува, дистрибуира, изведува, пренесува или на друг начин врши неовластена употреба на авторското право или друг вид на право на друга личност (без лиценца). Пиратските примероци и опремата која се користи за нивно производство се предмет на одземање.
Фер употреба на интелектуална сопственост претставува определување на ситуации во кои делата заштитени со авторско право можат да се користат без дозвола на сопственикот(најчесто за едукација во ситуации кога употребата не се користи за да се извлече некоја материјална корист).

No comments: