Тестови Матура 2018/2019


Испитот по предметот информатика се состои од писмен дел и практичен дел.
Времетраењето на писмениот дел од испитот по информатика е 30 минути.
Времетраењето на практичниот дел од испитот по информатика е 150 минути.

Писмениот дел од испитот може да носи до 30 бода.
Практичниот дел од испитот може да носи до 80 бода.

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ПО ПРЕДМЕТОТ ИНФОРМАТИКА


1. На Desktop креирајте папка со вашето име и презиме.
Сите фајлови од долунаведените задачи снимете ги во таа папка.

2. Во Microsoft Word отворете нов документ според следните барања:
-       формат на страната А4;
-       проред 1,5.

Содржината на документот да биде:

Во рамката каде што пишува Вметни слика треба да се вметне било која слика со компјутер. Потоа направете ги следните форматирања:
    • големина на букви 12 pt,
    • фонт Arial Black,
5

Зачувајте го документот под име Ispitnazadaca1.

3. Отворете нов документ во Excel кој ќе содржи 2 работни листа. Првиот работен лист именувајте го како Ценовник а вториот како Графикон. Во првиот работен лист направете ја следната табела:

За насловот во табелата „Просветно дело“ направете ги следните форматирања:
    • големина на букви 20 pt,
    • фонт Verdana,
    • боја на буквите Green.
Останатиот текст во табелата е со фонт Verdana и големина на букви 10 pt.
Ќелиите во редот Вкупно пополнете ги со користење на соодветни формули или функции.
Поставете ги границите во табелата.
Во вториот работен лист креирајте графикон во кој ќе бидат прикажани продуктите и нивната цена во денари. Да се користи тип на график – 3D Columns. Името на x – оската да е Продукт, а на y – оската Цена. Наслов на графикот да биде Просветно дело – Ценовник. Легендата да биде десно во графиконот.
Цена со данок е цена помножена со 18%
Зачувајте го документот под име Ispitnazadaca2.

4. Задача во Access
Да се направи база на податоци за ученици во еден клас. Во едната табела да да се чуваат информации за учениците во класот реден број,име, име на родител, презиме, адреса, тел и име на калсен раководител). Другата табела да содржи имиња на задолжителни предмети, и можност да се избере еден од изборните предмети (пр. информатика, алгебра, анализа...) да се води евиденција на успех по предметите за секој ученик. Да се креира прашалник кој ке ги содржи ред.бр на ученикот, име, презиме и подредени оценки во опаѓачки редослед по изборниот предмет.

Програмирање во C++

5. Да се нацрта блог дијаграм или напише во псевдо јазик алгоритам за пресметување плоштина на квадрат со страна а.
6. Корисникот внесува природен број. Напиши програма во C++ со која се пребројува колку цифри има бројот.
7. Да се напише програма во C++ со која ќе се најде најголемиот од три дадени броја a, b, c
Влезот и излезот организирај ги на следниот начин:
Vnesi tri broja
a=…
b=…
c=…
-------------------------
Od trite vneseni broja najgolem e brojot _____
................................


ПИСМЕН ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ПО ПРЕДМЕТОТ ИНФОРМАТИКА


1. Кој исказ е точен:
а) 1420 МВ < 1 KB
б) 1420 MB > 1 GB
в) 1420 MВ = 1GB
2. Koja единица репродуцира звук?
a) монитор
б) микрофон
в) звучник
3. RAM ( Random Access Memory ) e меморија:
а) која е во функција само додека компјутерот работи
б) внатрешна
в) се од горе наведеното
4. Ако фајлот соджи звучен запис, тогаш тој ја има екстензијата:
а) mp3
б) doc
в) exe
5. За да се затвори активна апликација која моментално е блокирана се користи Windows менаџерот:
а) Taskbar
б) Toolbar
в) Task Manager
6. Одреди ја комбинацијата која може да претставува линк на Интернет :
а) www.google.com
б) https://www.wikipedia.org
в) сите од горенаведените
7. Што означува кратенката HTML:

а) Hypertext Markup Language
б) Hyper Text Markup Language
в) Hyper Tool Markup Language
8. Програма за отварање видео записи е:
а) WinZip
б) Windows Media Player
в) McAfee
9. Arial e:
а) големина на букви
б) фонт на букви
в) стил на букви
10. За прегледување страници на Интернет се користи програмата:
а) Google Chrome
б) Mozilla Firefox
в) сите од горенаведените
11. Работниот документ во кој се работи во Excel се вика :
а) работна книга ( workbook)
б) работна табела (worktable)
в) Document1
12. Зачувување ( снимање ) на нов документ се врши со:
а) File>Save
б) File>Open
в) File>Close
13. Кој е односот помеѓу бит и бајт:

а) 1b = 1024B
б) 1B = 8b
в) 1B = 1024b
14. Која од следните екстензии претставува графички фајл:
а) avi
б) doc
в) png
15. Активните апликации во вид на копчиња се прикажани на:
а) Statusbar
б) Toolbar
в) Taskbar
16. Делот од веб-страницата кој служи како врска со друга содржина се вика:
а) тастатура
б) линк
в) пребарувач
17. Со користење на CSS синтаксата при креирање веб-документи се овозможува:
а) додавање на слика на веб-страницата
б) додавање на звук
в) додавање на стил на веб-страницата

18. Запиши ги целосните имиња на кратенките:

LAN __________________________________________
CSS___________________________________________
19. Кои се основните градбени делови на база на податоци:
а) листи
б) прашалници в) табела

Задачи - Excel

Задачи - Access

ПРАШАЊА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА

ПРАШАЊА