Monday, September 27, 2010

Текстуален уредувач- Word

ОСНОВИ НА ОБРАБОТКАТА НА ТЕКСТ
Компјутерите најчесто се применуваат за обработка на текст. Програмите за обработка на текст овозможуваат пишување, уредување и печатење писма, статии, книги и други текстови. Карактеристика на овие програми е тоа што внесувањето текст е одделено од печатењето, така што секој текст пред да се отпечати може да се провери и да се отстранат грешките. Освен тоа, секој текст може дополнително да се измени и да му се определи изглед по желба.

РАБОТНА ОКОЛИНА Прозорецот на уредувачите на текст е составен од неколку стандардни делови: лента со наредби, лента со алатки, насловна лента, работен простор, статусна лента, лента со лизгачи, линијар (Слика ).
Насловна лента
Насловната лента е најгорната лента на која се прикажува името на прозорецот односно името на документот што е отворен. На оваа лента во десниот дел се наоѓаат три копчиња и тоа: копче за минимизирање, копче за затворање и копче за враќање.
Работен простор
Работен простор е делот каде што се прикажува документот за внесување и обработка на текстот.
Статусна лента
Во статусната лента се прикажуваат дополнителни информации за прозорецот и документот и моментална состојба на некои копчиња од тастатурата. На пример, на статусната лента можеме да видиме на која страна од документот се наоѓаме, од колку страни се состои на кој ред и во која колона се наоѓа курсорот, на кој јазик пишуваме итн. Лента со лизгачи
Ленти со лизгачи имаме на две места и тоа на долниот дел од прозорецот веднаш над статусната лента и на десниот дел од прозорецот. Лизгачите ни се потребни за побрзо движење низ документот и се користат кога документот е поголем, или кога не ја гледаме целата страна.
Линијар
Линијарот ни ја прикажува ширината на документот и маргините. Има два линијара и тоа: хоризонтален и вертикален. Хоризонталниот се наоѓа на врвот на работниот простор, а вертикалниот линијар се наоѓа во левиот дел од работниот простор. Тие се користат за ориентација во однос на димензиите на листот.
Лентa со менија - се задаваат со кликнување на нив со врвот на стрелката, преку комбинација на копчиња од тастатурата и преку лентите со алатки.
File - работа со документот (отварање нов, отварање постоечки документ,
меморирање, затварање, печатење, уредување на изгледот на страната и сл.)
Edit - работа со текстот преку селектирање, копирање, отсекување, поставување, бришење, пронаоѓање текст и сл.
Insert - внесување слики, дијаграми, броеви на страниците и сл.
Format - уредување на текстот
Table - работа со табеларен приказ на текст и сл.View - можност за активирање на различни погледи на текстуалниот документ
Лентите со алатки се наоѓаат веднаш под лентата со менија и претставуваат групи од копчиња што повикуваат наредби. Овие копчиња ги има во менијата што се наоѓаат на лентата со менија, но од практични причини најпотребните се групирани според нивните функции. За поедноставна работа се украсени со сликички, соодветно за препознавање на нивната функција .
Прикажување и/или отстранување на лентите со алатки се врши со View->Toolbars
Најчесто активни и најкорисни се : Standard, Formatting и Drawing.
Доколку некоја од алатките не е прикажана на лентата, кликни на копчето во облик на надолна стрелка, кое се наоѓа на десната страна од лентата. Избери Add or Remove Buttons.

РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ НА ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ
• Normal – Поглед за внесување, уредување и форматирање на текстот – без маргини, број на страници и слично.
• Web Layot („Веб изглед“) – поглед на документот кога тој треба да се постави како веб страница на Интернет.
• Print Layout („Изглед за печатење“) – поглед кој овозможува да се види како ќе изгледа документот како испечатена страница. Ги прикажува маргините и бројот на страници.
• Outline – поглед кој се користи за преглед на структурата и деловите (наслови, поднаслови и слично) на долги документи.
• Reading Layout – Поглед на документ за читање на документот на екран.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ И НАМАЛУВАЊЕ НА ИЗБРАНИОТ ПОГЛЕД

Големината на погледот на листот се избира со алатката Zoom (Зумирај) од лентата Standard (Стандарден) или View → Zoom (Приказ → Зумирај).

ПРАШАЊА

Каков вид на прозорец се отвара со активирање на апликацијата ?
Што содржи лентата со наслов?
Kako се именувани лентите со алатки кои се прикажани на работниот екран?
Обиди се да ги пронајдеш алатките (копчињата), барем некои од нив од лентите со алатки во менијата?
Kako може да додадете алатка во лентата со алатки, на пример во Standard?
Движете ги лентите со алатки низ работниот простор
Kako се отвараат менијата? Зошто кај називот на секое мени има по една подвлечена буква?
Отвори г омениот File. Kaj некои команди забележуваш копче (алатка) од левата страна и Ctrl+ буква од десната. Дали имаат некакво значење, односно функција?
Дали ја знаете функцијата на некоја команда. Наведете !
Зошто се користи линеарот? Kako се поставува или отстранува од екран. Дали може да извршиш зголемување/ намалување на должината на линеарот? Објасни!
Kakov mo`e da bide pogledot na rabotniot dokument ? Na rabotnata povr{ina napi{i Ime i prezime i izberi go pogledot Print Layout, a potoa pogledot Normal. Koja e razlikata – objasni!.
Zgolemi go pogledot na rabotniot ekran na 150 %
Na rabotniot ekran postavi ja lentata so alatki Tables and Borders
Proveri dali e postavena lentata Drawing. Ako ne e, toga{ postavi ja


Операции со документи

1. Отварање / креирање нов документ File--> New, копче New од стандардната лента со алатки
2. Отварање постоечки документ File--> Open, копче Open од стандардната лента со алатки
3. Зачувување на документ File--> Save as/ Save


ЗА ДОМА


1.Што е шаблон (template)?
2.Што е фонт?
3.Што е блок?
4.Како се врши селектирање на континуиран блок, а како на неконтинуиран?
5.Како ќе ја поништите последната извешена операција?
6.Што се маргини, со која команда се подесуваат
7.Која е разликата помеѓу наредбите Save и Save as?
8.Објаснете ја постапката за копирање дел од текст?
9.Објаснете ја постапката за пренесување дел од текст?
10.Како се менува бојата со која го пишувате текстот?
11.Како се менува бојата на позадината на текстот?
12.Што е хедер, а што футер?
13.Наброј ги погледите на документ?
14.Gutter опцијата во Word служи за _________________.
15.Откако го активирал Word, корисникот три пати ја издал наредбата File-->New.
Последниот новокреиран документ ќе се вика:______________________
16.Начелната постапка за отворање на веќе креиран и снимен документ во Word со наредбата File-- >Open е:
а. се селектира фолдерот во кој се наоѓа фајлот, па потоа фајлот
б. се селектира дискот C:, се селектира My documents, па потоа се селектира фајлот
в. се кликнува на копчето Recently used files, па потоа се селектира фајлот
г. ниту еден од наведените одговори не е точен

УРЕДУВАЊЕ И ФОРМАТИРАЊЕ

Уредување

Бришење делови од документ ( објасни како ќе избришеш одредени делови од документ: знак, збор, реченица, пасус, ...)
( blok -selektiraniot del od dokumentot )
Копирање на текст :
Edit -->Copy ; Ctrl+C ; копче Copy од стандардната лента со алатки
Edit -->Paste ; Ctrl+V ; копче Paste од стандардната лента со алатки
Пренесување на текст (која е разликата помеѓу копирање и пренесување/ отсекување)
Edit -->Cut ; Ctrl+X ; копче Cut од стандардната лента со алатки
Edit --> Paste ; Ctrl+V ; копче Paste од стандардната лента со алатки
Пронаоѓање на текст Edit -->Find ( Ctrl + F)
Замена на текст Edit --> Replace (Ctrl+H)


Форматирање

Избор на фонт, големина на букви, стил, боја, подвлекување, ефекти, вметнување горни и долни индекси

Format --> Font (објасни го прозорецот Font)
x3y-5+x4y-3z2–x7y-2=x3y-2(y-3+xy-1–x4)
a1+a2+…+a100 , a1b1+ a2b2+…+a10b10
Поставување проред

Format --> Paragraph ( проред меѓу редовите, растојание пред и после параграфот, вовлекување , порамнување )
Проредот (растојанието меѓу редовите) може да биде единечен (Single), еден и пол (1.5 Lines), двоен (Double), најмал најпогоден (At Least), со дотерување (Exactly) и повеќекратен (Multiple).
Набројување и нумерирање :

Нумерирање најчесто се користи кога ни е битен редоследот при набројувањето, за разлика од знаковното набројување, каде не ни е важен редоследот по кој ќе бидат наброени податоците во листата.

Пример за нумерирање :

Распоред на часови

1. Makedonski jazik
2. Informatika
3. Matematika
4. Angliski jazik
5. Istorija

Пример за набројување :
- математика
- хемија
- биологија
- географија
Форматирање на текст во колони

Фormat --> Columns (број на колони, широчина на колоните и растојанието меѓу нив (Width , Spacing), линија меѓу колоните
Со користење на наредбата за набројување уредете го следниот текст, при што
треба да внимавате кој начин на набројување треба да го користите:
а) Компјутерот може да се користи за: пишување, пресметување, цртање, комуникација,
складирање податоци, презентации.
б) За да ја стартуваме програмата Microsoft Word треба да ги извршиме следните команди:
Start, All Programs, Microsoft Office, Microsoft Word.

Провери што си научил!

1. Пасус се уредува со наредбата:
a. File → Paragraph
b. File → Page Setup
v. Format → Paragraph
2. Растојанието меѓу редовите ќе го пределиш во прозорецот Paragraph во полето:
a. Line spacing
b. Before
v. After
3. Првиот ред во пасусот :
a. мора да е во иста линија со другите редови
b. може да биде само вовлечен во однос на другите редови
v. може да биде вовлечен или истакнат во однос на другите редови
4. Просторот меѓу колоните во текстот :
a. може да се определи
b. не може да се определи
5. Заглавие и подножје се уредуваат со наредбата:
a. Insert → Header and Footer
b. View → Header and Footer
v. Format → Header and Footer
6. Фуснотите во документот се :
a. под зборор што се објаснува
b. на крајот на страницата
v. на крајот на документот
7. Внесените коментари во текстот:
a. можат да се избришат
b. не можат да се избришат
8. Маргини се:
a. објаснувања на непознати зборови
b. празни места во текстот
v. празнините од четирите страни на страницата
9. Вo Print Preview:
a. може да се уредува текст
b. не може да се уредува текст
10. При печатењето на документот :
a. мора да се отпечатат сите страници
b. можеме да определиме кои страници ќе се отпечатат


Прашања и задачи (УРЕДУВАЊЕ И ФОРМАТИРАЊЕ )


1.Поврзи ја алатката со името:
Font Center Bold Italic Font Color Align Right



Font Size Underline Justify Align Left Highlight
2. Внеси ги имињата на твоите соученици. Секое име напиши го со поинаков фонт.
3. Порамнување на текстот.
Погледни го следниов текст:



Заокружи го и означи го со 1 текстот порамнет лево.
Заокружи го и означи го со 2 текстот порамнет десно.
Заокружи го и означи го со 3 текстот порамнет во средина.
5. Уредување текст:
Отвори Microsoft Office Word. Зачувај нов документ во фолдерот My Documents со име Ova sum jas.
Одбери фонт Mac C Swiss.
Одбери големина на буквите 18 точки (pt) и напиши наслов „ОВА СУМ ЈАС“.
Постави го насловот во средина.
Притисни Enter двапати.
Одбери големина 14 и лево порамнување за останатиот текст.
Напиши нешто за себе. Не го пишувај твоето име никаде во текстот.
Наведи ги најдобрите другари чии имиња ќе ги напишеш со задебелени букви.
Напиши кое ти е омилено јадење. Напиши го јадењето со наскосени букви во сина боја.
Напиши ја твојата омилена боја. Бојата нека биде со подвлечени букви.
Напиши го предметот што најмногу го сакаш со задебелени и наскосени букви на жолта заднина.
Напиши го името на омилениот наставник со подвлечени и наскосени букви во црвена боја.



Прашања и задачи: (ВМЕТНУВАЊЕ ЕЛЕМЕНТИ )
1. Со која команда се поставува рамка во документот?
Со поставување рамка околу текст, направете налепници за кабинетот по информатика
2. На кој начин ќе вметнете симбол во текстот?
3. Објаснете ја постапката за вметнување друг Word документ во тековниот документ.
4. Каде на страницата може да биде поставено нумерирањето Ако нумерирањето е со броеви дали мора да започнува секогаш од бројот 1?
5. Вметнување на слика од Clip Art се врши со наредбата _________________________
6. Напиши ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ - уметнички текст
Нацртај круг, триаголник, вметни Autoshape форма (по избор)
РАБОТА СО ТАБЕЛИ

Вештини што треба да ги усовршиш:
♦♦ Да вметнеш табела во документот.
♦♦ Да означиш ред, колона, ќелија и табела.
♦♦ Да вметнеш ред или колона во табелата.
♦♦ Да избришеш ред или колона од табелата.
♦♦ Да ги уредиш димензиите на редовите и на колоните во табелата.
♦♦ Да го уредиш изгледот на табелата.
Наставен лист

1. Како се креира табела во документ?
2. Од што се состои секоја табела? Креирај табела со 3 редици и 4 колони
3. Како се селектираат елементите на табелата?
4. На кој начин се вметнува нова ќелија, ред или колона? Накои позиции можат да се вметнат елементите?
5. На кој начин се брише ќелија, ред или колона? Објасни ја постапката.
6. Како се менуваат ширината и височината на елементите во табелата?
7. Објасни ги командите од AutoFit.
8. Како се спојуваат повеќе ќелии во табелата? Како една ќелија се раздвојува во повеќе ќелии?
9. Која лента со алатки се користи за работа со табели? Обиди се да креираш табела користејѓи ги алатките од соодветната лента? Опиши ги копчињата од лентата со алатки?


1. Вметнување табела
( I начин) Table --> Insert Table
( II начин) со кликнување на копчето од стандардната лента со алатки
2. OОперации со колони, редици
- означување редица (kako ? :Select Row или со глувче)
- означување колона (kako? :Select Column или со глувче)
- означување табела ( :Select Table или со глувче)
- вметнување редица ( . . . Insert Row)
- вметнување колона (. . . Insert Column)
- бришење редица ( . . .se selektira ; Table -- Delete Rows )
- бришењеколона ( . . . se selektira ; Table-- Delete Colums)
- бришење ќелија ( . . . Delete Cells)
- разделување ќелија ( . . . Split Cells)
- спојување неколку ќелии во една (Merge Cells)
3. Поставување димензии на ќелиите
- со глувче
- со командата Cell Height and Width од менито Table
4. IИсцртување и боење на табела
- Format -- Borders and Shading
Практични вежби:
1. Отвори нов документ и вметни табела со 6 колони и 7 редови.
♦♦ Напиши го твојот рапоред на часови. Во првата колона напиши го редниот број на часот, а во првиот ред –деновите во неделата.
♦♦ Уреди ја табелата по твоја желба.
2. Креирај список на гости за некоја забава, со следниве елементи .
Име и презиме Адреса Телефон Испратена покана?

Програма за табелирање - Excel

Програми за табеларано пресметување овозможуваат подредување на податоци во табела, пресметки со податоците, претставување на податоците и пресметките со графикон и сл
Основни поими
- работна книга
- работен лист
- ќелија
Документот којшто се креира со Excel се нарекува работна книга (Workbook) и се состои од работни листови ( по default три Worksheet) што претставуваат табели, Табелите содржат колони и редови кои во своите пресеци формираат ќелии ( клетки Cells)

РАБОТНА ОКОЛИНА
Работната околина е скоро иста како и кај Word и ги содржи истите елементи.

- лента со наслов на апликацијата и работниот документ
- главно мени со подменија (File, Edit, View, Insert, Format, Tools, Data, Window и Help)
- ленти со алатки
- ленти за хоризонтално и вертикално поместување на документот
- копчиња за минимизирање, за ресторирање и за затворање на прозорецот
- лента со формули – кога имаме селектирано некоја ќелија, се појавува нејзината содржина, а доколку во таа ќелија има некаква формула, таа се прикажува во оваа лента .
- поле за адреса (статусна лента на активната ќелија )
- работни листови Sheet
- колони : означени со A,B,C,....- вкупно 256
- редици : означени со 1,2,3 ... - вкупно 65535
- ќелија : пример A2(се наоѓа во колона А и редица 2), BB10000, C2

Селектирана клетка – Постои една активна ќелија означена со задебелени ивици. Ова можеме да го споредиме со курсорот во Word.

Група на соседни клетки од табелата се вика ранг на келии.
Рангот на келии има своја адреса која се формира од адресата на првата келија и адресата на последната келија во рангот одделени со две точки. На пример, B2:D5.

Типови податоци :
- текстуални: комбинација од букви, бројки, некои специјални знаци вклучително и празното место; порамнети се лево во однос на ќелијата
- нумерички ( броеви) ; порамнети се десно во однос на ќелијата

Уредување на податоците

Корекција на внесени податоци:
- со двоен клик во ќелијата во која вршиме корекција
- со функциски тастер F2
- преку лентата со формули

Селектирање на ќелии

v Една ќелија се селектира со клик врз нејзе
v Една колона се селектира со клик на полето со наслов на колоната (букви)
v Соседни колони се селектираат со клик на полето со наслов на првата колона и влечење до полето со наслов на последната колона
v Еден ред се селектира со клик на полето со наслов на редот (број)
v Соседни редови се селектираат со клик на полето со наслов на првиот ред и влечење до полето со наслов на последниот ред.
v За да се селектираат несоседни ќелии, редови, и колони или било каква комбинација од нив, прво се притиска копчето Ctrl, а потоа се изведуваат претходно опишаните методи за селектирање одделни сегменти.
v Цел работен лист се селектира со клик на коцката која е над полето со наслов на првиот ред, т.е. лево од полето со наслов на колоната А.


Копирање / преместување на податоци :
- Се селектира областа што ќе се копира
- Edit --> Copy / Cut
- се позиционираме на локација за вметнување
- Edit --> Paste

Бришење податоци
-бришење на податоци : Edit --> Delete
- бришење на форматот :Edit--> Clear -->Format
- бришење на содржината : Edit--> Clear -->Contents
- бришење на форматот, содржината, забелешките Edit--> Clear -->All

Прашања и задачи :
1. Објасни ги посатпките за пренесување и копирање на одредена содржина од една ќелија во друга !
2. На кој начин се означуваат колоните и редиците во работниот лист?
3. Како се означуваат последователни, а како непоследователни колони / редици ?
4. Внеси текст во ќелија А1 . Пренеси го текстот во ќелија E5. Ископирај го во E8 истиот текст .
6. Означи ги сите колоните од A do J и редовите 2, 5, 8 i 9.


Операции со ќелии, редови, колони и работни листови

Вештини што треба да ги усовршиш !!
♦♦ да вметнеш ќелија, колона и ред ♦♦ да избришеш ќелија, колона и ред .
♦♦ да промениш димензии на колона, ред.

Вметнување на ќелии, редови и колони
Наредбата Insert -> Cells. Се појавува дијалог прозорецот Insert


Shift Cells Right (помести ги ќелиите во десно)
Shift Cells Down (помести ги ќелиите надолу)
Entire row - вметни цела редица
Entire Column - вметни цела колона

Вметнувањето на цели редови и колони се прави и со наредбите
Insert -> Rows (за да се вметнат редови) или
Insert -> Columns (за да се вметнат колони)


Бришење на ќелии, редови и колони

Наредбата Edit -> Delete

Промена на димензиите на колони и редови

Промена на ширината или висината на редовите со глувче:

1. Покажувачот на глувчето се доведува над границите на насловите на редовите (пр. 1 и 2) или колоните ( пр.A и B) и тој се трансформира во цртичка со две стрелки. Се употребува десната граница од насловот на колоната за да се приспособи ширината на колоните односно долната граница од насловот на редот за да се приспособи висината на редот.
3. Се повлекува граница на потребната големина
4. Се отпушта копчето со глувчето
Прецизно одредување на ширините на колоните и висините на редовите е овозможено преку дијалог прозорци.

Промена на ширината или висината на редовите со наредби:

1. Format -> Column -> Width , се внесува ширината на колоната
2. Format -> Row -> Height , се внесува висината на редицата


Форматирање на ќелии
Уредувањето на форматот, големината (висина и ширина) на ќелијата се врши со помош на менито Format и наредбите што се наоѓаат во менито.
При форматирање на ќелии имаме повеќе параметри за уредување:

Број – тип на податокот, најчесто е број, со нив се изразуваат различни величини (големини) со цели и децимални броеви, парични вредности, време, датум, проценти, дропки, текст. Од таму можеме да избереме каков тип на вредност ќе ни биде прикажан
- Со Number се прикажуваат позитивни и негативни броеви, броеви со децимална запирка, бројот на децимални места се задава во делот decimal places.
- Со Curency се уредуваат и формулираат паричните износи.
- Date се користи за форматирање на датумот (dd.mm.yyyy),
- Time за форматирање на времето (hh:mm:ss).
- Кога работиме со проценти, одбираме Percentage.
- Text се користи кога содржината на ќелијата е текстуален податок.
- Custom го задаваме кога користиме различни формати.
Alignment – тука се подредува порамнувањето на податоците
Фонт – се дотерува типот, големината и бојата на фонтот
Borders – во овој дел се уредува видот и бојата на граничните линии на ќелиите. Сите линии можат да бидат различни. Постојат копчиња за избор на лев, десен, долен, горен раб и за централни (inside) и надворешни (outline) рабови.
Patterns – во овој дел се врши боење или засенчување на полињата со цел да се потенцира одредено поле или група на полиња.
Protection– во овој дел се врши заклучување (locked) на одредени ќелии, редови или колони за да се заштитат податоците во нив од измени или да се скрие (hidden) одредена ќелија .


Провери што си научил !!!
1. Во нов работен лист мораш да почнеш со пишување во ќелијата A1:
a. точно
b. неточно
2. Со притискање на тастерот Enter, ќе се поместиш:
a. една ќелија десно
b. една ќелија лево
v. една ќелија подолу
3. Што од следново ќе се препознае како датум :
a. 02-06-2008
b. 02,06,2008
4. Што значи и кога ќе се појават ознаките ######:
a. си внесол погрешен број
b. нешто си испуштил
v. ќелиите не се доволно широки
5. Нова колона се вметнува десно од колоната во која се наогате:
a. точно
b. неточно
6. Со која наредба ќе ја уредиш содржината на ќелиите :
a. Insert → Cells
b. View → Cells
v. Format → Cells
7. Која од опцииве во прозорецот Format Cells треба да ја потврдиш за да го раздели текстот во една ќелија :
a. Wrap text
b. Shrink to fit
v. Merge cells
8. Што ке напишеш во празна ќелија за да почнеш со пишување на формула :
a. *
b. =
v. f
9. Кој знак за математичкиа операција ќе го користиш за да поделиш 32 so 4?
a. :
b. *
v. /
10. Со која од наведениве формули може да се пресмета аритметучка средина на вредностите во ќелиите A1 i A2?
a. =A1+A2/2
b. =(A1+A2)/2
v. = A1*A2/2
11. Функцијата за пресметување просечна вредност е :
a. AVRERAGE
b. MIN
v. SUM


Формули
Вештини што треба да ги усовршиш
- да внесеш едноставни формули во табела ( формулите ги внесува корисникот)
- не заборавај формулите да ги почнеш да ги пишуваш со знакот =
Pi{uvaweto na formulite e mnogu sli~no kako vo matematikata.
Treba da go zapomni{ osnovnoto pravilo:
Site formuli zapo~nuvaat so znakot =
Во формулите не се работи со вредностите во ќелиите туку со нивните адреси.
На пример, за да се соберат броевите 2 и 3 кои се наоѓаат во ќелиите со адреси A1 и B1 а резултатот да се прикаже во клетката C1 се постапува на следниот начин:
Во клетката C1 не се пишува =2+3 туку =A1+B1 по што во келијата ќе се појави резултатот 5. Зошто се пишуваат адресите на ќелиите ????????????
Формулите во програмите за табеларни пресметки се математички изрази креирани од податоци и различни аритметички оператори ( знаци ) меѓу нив. Во формулите не се работи со податоците во ќелиите туку со нивните адреси.
Ако се промени некоја од вредностите во ќелиите чија адреса се користи во формула автоматски ќе се промени и вредноста на клетката во која е внесена формулата.
Функции
Функциите se готови формули кои може да се користат за изведување одредени пресметки со податоците во табела. Тие се вградени во Excel
Правила за работа со функции
Функциите имаат свое име и се групирани во категории: математички, статистички, логички и сл. Функциите работат со адреси на келии, ранг на келии или несоседни келии.
Елементи на функции
знакот=, името на функцијата по кое во загради следуваат аргументите ( вредностите) на функцијата( аргументите можат да бидат константи, адреси на ќелии, ранг на келии или несоседни келии)
На пример : функцијата =SUM(A1;A5) го пресметува збирот на податоците во ќелиите A1 i A5, додека функцијата=SUM(A1:A5) го пресметува збирот на податоците во сите ќелии од A1 do A5.
=SUM(A1;A5)
име на функција аргументи на функција
Ve{tini {to treba da gi usovr{i{!
Da znae{ da gi presmeta{ zbirot, srednata vrednost na podatocite vo tabela
Постапка за вметнување функции :
I начин
1. Се избира ќелијата во која треба да се внесе функцијата
2. Од иконата AutoSum на стандардната лента со алатки со клик на надолната стрелка се избира функцијата ( овде се наоѓаат најчесто користените функции).Се внесува =името на функцијата ( ) каде меѓу заградите ќе биде впишан опсегот на ќелиите во лево или над селектираната ќелија. Околу опсегот се појавува вибрирачка рамка.
3. Ако опсегот кој Excel го предложил не е коректен, се повлекува преку опсегот кој треба да се употреби (на ист начин како што се врши селектирање ), или на лентата за формули се внесуваaт податоците .
4. се притиска Enter
I начин
1. Избор на келијата во која треба да се прикаже вредноста на функцијата.
2. Избор на функцијата од прозорецот кој се отвара со клик на алатката fx (f(x)).
3. Од категоријата All избор на соодветната функција
SUM - функција за пресметување на сума на повеќе броеви.
Primer: A1=1, A2 = 3, A3= 4
Збитор пресметај го во ќелија A4 , односно во A5
so formula : A4 = A1+A2+A3
so funkcija : A5 = SUM (A1: A3)
AVERAGE функција за пресметување на средна вредност
Primer: B1=1, B 2 = 3, B 3= 4
Се позиционира во ќелија B 4, односно во B 5
so formula : B4 = (B1+B2+B3) / 3
so funkcija : B4 = AVERAGE (B1: B3)
Задача
Отвори ја Tabela Dzeparlak ( се наоgа во фолдерот Formuli на Desktop, под име Vezba1 )
4. Во табелата Dzeparlak пресметај колку вкупно пари добиваш, трошиш, заштедуваш, колку пари во просек добиваш, трошиш и заштедуваш . Za~uvaj ja tabelata.

Оперативен систем

Оперативниот систем е множество од основни програми без кои ниту еден компјутер не може да работи. Тој е врската помеѓу компјутерот и корисникот од една страна и компјутерот и софтверските апликации од друга.
Оперативниот систем има повеќе улоги :
- овозможува врска помеѓу корисникот и компјутерот и соодветно на тоа помеѓу
различните апликации и компјутерот;
- ги координира програмите кои се користат во текот на процесот;
- ја управува распределбата на компјутерските ресурси за различни апликации за да се осигура дека се користат ефикасно.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Организацијата на податоците во компјутерот овозможува нивно лесно пронаоѓање.
Организација на податоците во :
- датотеки
- папки (фолдери)
Сите информации се чуваат (или се "снимаат") во компјутерот во вид на датотеки. Датотека е логичка целина од податоци запаметени под едно име. Датотеките вклучуваат различни видови на податоци: текстови, слики, звуци, видеа, итн. Според видот на податоците кои тие ги содржат, датотекитете може да бидат: документи (текстови, понекогаш комплетирани со табели, графикони, слики, итн), слики, аудио датотеки, филмови, итн.

За подобра организација на датотекитете на дискот, датотекитете се структурираат во вид на дрво структура ( класична архива во папки или директориуми, датотеки и други подпапки ) Главната папка која е на врвот на оваа пирамида е наречена основна папка.
Повеќето документи се креирани во папка "My Documents", и нејзини под-папки

КОРИСНИ СОВЕТИ
1. Користете кохерентен систем за управување и именување на фајловите. На тој начин, полесно ќе ги најдете документите кои ви се потребни и во моментот кога ви се потребни.

Изготвените документи зачувајте ги посебно од програмските фајлови (во посебни папки). На тој начин го избегнувате ризикот од случајно бришење на документите кога деинсталирате или ажурирате документи.

2. Користете кратки и концизни имиња

3. Раздвојте ги фајловите "кои ги обработувате" од оние кои се "завршени". Со ова ќе го намалите бројот на папки кои ги пребарувате кога се обидувате да лоцирате одреден документ, како и количината на податоци кои ги архивирате. Корисно е често (еднаш месечно) да ги префрлате документите и папките на кои не работите повеќе на друга локација или да ги архивирате.

4. Направете "shortcuts". Ако имате потреба да пристапите на истиот документ од различни локации/фајлови наместо да изготвувате копии од истиот документ, можете да направите директен линк до него.

За да најдете документ на кој сте работеле неодамна на вашиот компјутер можете да ја искористите папката на почетното мени (My Recent Documents)


Карактеристики на оперативните системи

На еден компјутер може да се инсталираат повеќе оперативни системи и тогаш корисникот може да избере со којод нив ќе работи.
1. multi user OS ( овозможуваат на еден компјутер во различно време да работат различни корисници со свои програми и податоци (своја околина).
2. мултитаскинг оперативни системи(multi tasking OS ) ( овозможуваат компјутерот да извршува повеќе програми истовремено)

Екран на Windows

- desktop (работна површина)
- икони ( презентираат програми , My Documents, My Computer, Recucle Bin, My Network Places)
- лента со задачи ( Taskbar) : копче Start , часовник
- покажувач на глувче
- прозорци

Видови прозорци
- прозорец апликација
- прозорец документ
- дијалог прозорец
- групен прозорец

Елементи на прозорец

Најчесто прозорците ги имаат следниве елементи :

- лента за име/ наслов (title bar)
- копчиња за работа со прозорецот ( минимизирање, максимизирање/ресторирање, затварање)
- лента со менија
• File (Датотека) мени,
• Edit (Уредување) мени,
• View (Поглед, Приказ) мени,
• Help (Помош) мени.
- ленти со алатки
- работна површина
- ленти со лизгачи ( за хоризонтално и вертикално движење)
- копчиња за хоризонтално и вертикално движење
- покажувач на глувче

Операции со глувчето

Во Windows се користи и левото и десното копче на глувчето , вообичаено левото се користи за акција ( отворање, затворање , избор и т.н.) , а десното за добивање на мени со команди.
Позиционирање е операција на доведување на покажувацот на некое место на екранот( прозорец, икона , мени, команда , ознака , празно место итн.).
Кликнување е брзо притискање и отпуштање на копчето на глувчето.
Двојно кликнување е двапати едоподруго и брзо притискање и отпуштање на копчето на глувчето.
Влечење претставува влечење на објект (прозорец , икона , слика и др.)

Поважни икони на екранот (иконите се слики што презентираат програми ( Excel, Word и сл.), фајлови ( документи, цртежи), уреди за меморија?(дискови, дискети )
My Computer ( пристап на прозорец на кој може да се види што содржи компјутерот или да се добие информација за уредите за меморија )
Recycle Bin ( електронска кошница за отпадоци каде се наоѓаат сите исфрлени документи и папки од која ако целосно не ја исчистиме можеме да си ги земеме повторно и да ги оновиме( рециклираме)).
My Documents ( папка за чување на документите која како избор ја користат сите Windows апликации кога ќе побараме меморирање на документот кој го создаваме во таа апликација)

Операции со датотеки и папки во Windows
- означување датотеки и папки
означување последователни : копче Shift
означување непоследователни : копче Ctrl
означување на сите : Crtl+A, Edit--> Select All
- креирање папка ( фолдер)
File --> New-->Folder , или десен клик , од менито избираме New->Folder
-копирање / отсекување и пренесување на објекти се извршуваат во следните чекори:
се означува објектот (иконата, папката, датотеката) со десен клик па се избира командата Copy за копирање (Ctrl + C ) / Cut за отсекување ( Ctrl +X) се доведува покажувачот на местото каде сакаме да ја пренесеме копијата / oтсечениот објект, десен клик од менито кое ќе се отвори ја избираме команда Paste ( Ctrl и V ) .
- бришење : команда Delete
- преименување : команда Rename
- барање датотека/ папка : Start --> Search
- аранжирање ( подредување) на иконите во активниот прозорец : View --> Arrange Icons

Прашања :

Што е Windows? Опиши го екранот ( корисничкиот интерфејс) на Windows
Што е датотека? За што служи типот ( наставката) на датотеката?
Кои видови прозорци постојат во Windows? Отвори еден прозорец – апликација и објаснете ги неговите елементи.
Како се врши аранжирање на прозорци?
Кои поважни икони ги познавате?
Наведете ги поважните операции со икони.
Како се врши аранжирање на икони ?
Како се стартува апликација преку Start менито?
Како се преминува од една во друга апликација? (отворени се неколку апликации)
Како се става апликација на работна маса ?
Како можат да се видат параметрите на некоја икона:
Дали еден документ може да се отвори со секоја апликација?
Со која команда се креира нов документ, а со која се зачувува(како е именуван прозорецот кој се отвара кога зачувуваме документ )?
Како ќе најдете некоја датотека или папка на дискот?
Како се креира фолдер?
Објаснете како се копираат датотеки и папки.

Вежба: Практична работа во Windows


1.На Desktop креирајте фолдер со вашето име и презиме
2.Во истиот фолдер креирајте четири подфолдери. Именувајте ги Win, Word, Excel и PowerPoint.
3.Од My Documents, преместете го фајлот proba во фолдерот со вашето име и презиме.
4.Ископирајте го овој фајл во четирите подфолдери.
5.Сменете го името на подфолдерот Win во Windows.
6.Пронајдете го фајлот win.ini кој се наоѓа некаде на вашиот компјутер и ископирајте го во фолдерот Windows.
7.Проверете и запишете колкава е големината на фајлот win.ini кој го копиравте во фолдерот Windows
8.Проверете и запишете колку слободен простор имате на хард дискот.

Големина на фајлот win.ini:

Слободен простор на хард дискот:


1
2
3
4
5
0 - 2
3 -4
5-6
7
8

Wednesday, August 18, 2010

Влезни и излезни единици

Прашања :

Која е основна компјутерска конфигурација? (наведи ги елементите - деловите) .
Како ке ги споиш тие елементи, така да системот ( компјутерот ) функционира?
Каква е улогата на секој од нив? Опиши ја нивната функција?
Наведи некоја дополнителна опрема? За што се користи?

Подреди според намената :

Влезни единици : __________________________________________________

Излезни единици: __________________________________________________

Пополни со: магнетен диск, тастатура, дискета, печатач, плотер, глувче, CRTмонитор, звучници, мемориски стик , дигитален фотоапарат, графичка табла

Влезни и излезни единици

Човекот ја врши комуникацијата со персоналниот компјутер преку посебни уреди т.н. влезни единици и излезни единици. Преку влезните единици на персоналниот компјутер му се задаваат команди, се внесуваат податоците.Задачата на влезните единици е применетите команди и податоците во аналогна форма ( облик на број, текст, звук или слика) , да ги преведе во низа електрични импулси што централната единица можа да ги препознае и да ги смести во меморијата како битови (нули и единици).
Влезни единици
· тастатура
· глувче
· скенер
· микрофон
· дигитален фотоапарат
· камера
· графичка табла
· светлосно перо

Тастатура
Најчесто користена влезна единица е тастатурата (анг. keyboard). Таа е слична со тастатурата на обичната машина за пишување.
Направи паралела
машина за пишување тастатура

На тастатурите постојат три главни копчиња, и тоа: алфабеска група, нумеричката група и група на функциски копчиња (F1 до F12). На некои копчиња има по два знака, а на некои е напишана комада што се задава со нивното притискање. Секое копче на тастатурата има свој код. Кога се притисне некое копче кодот се праќа во компјутерот. Стандардните тастатура имаат 102 или 101 копче, а има и тастатури со 130 и повеќе копчиња. Постојат и ергономски тастатури обликувани според поставеноста на рацете при работа со компјутерот.
Објасни ја функцијата на копчињата : Caps Lock, Shift, Num Lock, Backspace, Delete, Enter, Ctrl+Alt+Delete, Space.

Глувче
Денешниот софтвер работи во графичка околина, каде што командите не се задаваат со испишување, туку со избирање. Глувчето се користи за избирање и активирање на командите.Глувчето се движи по рамна површина (или специјална подлога наречена пед (анг. pad)). Неговото движење се манифестира преку движење на посебен покажувач - стрелка по екранот. Кога стрелката ќе се најде над командата за бараната акција, се притиска едно од копчињата кои се наоѓаат на горниот дел на глувчето.Глувчето е поврзано со глувчето преку кабел, но постојат и безжични глувчиња кои комуницираат преку инфрацрфените зраци или преку слаби радиобранови.

Скенер
Скенерот (Scanner) е оптички влезен уред кој може да прочита текст или графика и таа информација да ја претвори во електронска форма.

Бар код читач
Бар код (Barcode) читачот е оптички влезен уред, кој најчесто може да се сретне во продавниците. Читајќи го бар кодот отпечатен на амбалажата на производот, овој уред овозможува брзо, лесно и без грешки внесување на податоци за производот на касата за наплата, со што доста се заштедува во време.

Аудио-визуелни уреди
Тоа се уреди кои овозможуваат внесување на аудио- визуелни податоци (звук, слика и видео) во компјутерот и нивно претварање во дигитална форма. Такви уреди се: микрофонот, дигиталниот фотоапарат и видео камерата.

Излезни единици

Излезните единици ги примаат резултатите од обработката во компјутерот во облик на елктрични сигнали, ги конвертираат и ги презентираат во форма што е разбирлива за корисникот: броеви, текст, слика и звук.
Излезни единици :
  • монитор
  • печатач
  • звучник
Монитор
Сликата на екранот е составена од многу мали точки наречени пиксели. Каналот на бои е RGB (значи секој пиксел ги содржи црвената, зелената и сината боја). Кога на екранот се прикажува текст, велиме дека компјутерот работи на текстуален начин, кога се прикажува слика тоа е графички начин на работа на компјутерот.
Карактеристики на мониторите
- големина на монитор ( се изразува во должина на дијагоналата изразена во инчи ( 1 “ = 2.54 cm)
- резолуција (број на точки на екранот)
пример : 1024х768 (првата бројка е бројот на хоризонтални, а втората - бројот на
вертикалните точки на екранот)
- растојание меѓу точките (dot pitch)
- фрекфенцијата на освежување (број на исцртувања на слика во 1 секунда изразено во Hz (херци)
Постојат CRT мониторите (Cathode Ray Tube) – со катодна цевка
LCD - монитори (Liquid Crystal Display - LCD), кои се изработени со течен кристал.

Печатач
Печатачот се користи користи за претставување на резултатите од обработката на податоците на хартија. Според принципот на работа и начинот на оставање отпечаток врз хартијата печатачите се делат на: матрични, ласерски, млазни, термички.Најквалитетни и најкористени печатачи денеска се ласерските печатачи. Карактеристично за нив е тоа што тие одеднаш печатат цела страна без разлика на нејзината содржина. Печатењето се изведува со помош на ласерски зрак и специјален прав (тонер).
Квалитетот на ласерскиот печатач зависи од
резолуцијата што ја постигнува на квадратен инч и
од брзината на печатење
Млазните печатачи, т.н инк-џет денес се користат се повеќе, бидејќе се доста квалитетни и релативно ефтини. Печатењето на точките е со капки од мастило, кои излегуваат од минијатурни шприцеви со дијаметар на влакно од коса .. Мастилото се чува во садови (ink catridge) за секоја боја посебно посебно според моделот CMYK (Cian, Magenta, Yelow и Black). Нијансите на боите се добива со мешање на соодветни количини на основните бои. Главни карактеристики се: ниска цена, квалитетен отпечаток, средна брзина на печатење.
Матричните печатачи го добиле името по тоа што секој знак се печати како матрица од точки, при што се печатат само оние точки што му припаѓаат на знакот. Матричните печатачи се нарекуваат уште и иглични, бидејќи точките ги печатат метални иглички кои удираат преку лентата на хартијата. Брзината на печатење се изразува во број на отпечатени знаци во една секунда.
Влезно - излезни единици ( модем)
Тоа е уред што овозможува поврзување на два физички оддалечени компјутери преку обична телефонска линија. Брзината на пренос на податоците се мери со битови во секунда (bps).
Видови:
внатрешни (интерни)
надворешни (екстерни)
Негова задача е да ги прими дигиталните податоци од персоналниот компјутер, да ги преведе во аналогни сигнали ( модулира ) и да ги испрати преку телефонската линија. Модемот на приемниот компјутер, ги прима аналогните сигнали од телефонската линија, ги претвора во дигитални сигнали ( демодулира) и ги внесува во компјутерот.

Прашања:
1. Заокружи ги влезните периферни уреди:
• тастатура,
• монитор,
• печатар,
• глувче,
• скенер.
2. Која е функцијата на влезните периферни уреди?
3. Заокружи ги излезните периферни уреди:
• тастатура,
• монитор,
• печатар,
• глувче,
• скенер.
4. Наброј ги групите на копчиња кај тастатурата!
5. Наброј ги копчињата кај глувчето и објасни ја нивната функција!
6. Како се вика предниот дел од мониторот?
7. Што е резолуција на мониторот?
• големина на екранот,
• број на точки вертикално и хоризонтално на екранот со кои се прикажува сликата,
• вид на монитор.
8. Кои видови печатари ги знаеш ! Каков потрошен материјал при работа користат ?
9. Кои карактеристики треба да ги има добар печатар?







Thursday, August 12, 2010

Машински дел на компјутерот. Надворешни мемории

МАШИНСКИ ДЕЛ НА КОМПЈУТЕРОТ

Нови поими:
хардвер, софтвер, централна единица, периферни единици, матична плоча, процесор, внатрешна меморија, порти, картички, влезни единици, излезни единици, надворешни мемории


Размисли и одговори:
Дали си слушнал за поимите хардвер и софтвер? Дали може да ги објасниш?
Наброј неколку машински делови на компјутерот. Кои делови се неопходни за работа на 
компјутерот?

Компјутерски систем
Компјутерски систем = Машински дел + Програмски дел

Компјутерски систем е целина од хардвер и софтвер. Хардвер (Hardware) се машинските делови на компјутерот. Софтвер (Software) се програмите со кои се работи на компјутерот. Човечкото тело може да ги споредиме со хардвер, а човечките мисли со софтвер.
Хардверот и софтверот еден без друг се неупотребливи.


Општа шема на машинскиот дел на компјутер
Основната конфигурација на персонален компјутер состои од следните хардверски делови:
1. куќиште – кутија од метал или тврда пластика во која се сместени главните делови на компјутерот,
2. монитор – уред кој прикажува слики и текстови произведени од компјутерот,
3. тастатура – уред преку кој се внесуваат податоци и инструкции во компјутерот,
4. глувче – уред кој овозможува избор и движење на елементи прикажани на мониторот

Опис на изгледот на преден дел на вертикално куќиште:
На предниот дел од куќиштето има:
• копче за вклучување на компјутерот во струја - Power,
• копче за рестартирање на компјутерот – Reset,
• предeн влезен дел од уредите за работа со дискета, CD или DVD,
• приклучоци (USB, за звучници - слушалки и слично),
• сијалички.

Опис на изгледот на заден дел на вертикално куќиште:













Делови на куќиштето
Вообичаено во куќиштето се наоѓаат следните електронски уреди:
• матична плоча,
• процесор,
• RAM меморија,
• тврд (хард) диск,
• електронски картици за приклучување на периферни уреди,
• уред за работа со CD или DVD,
• извор за напојување со електрична енергија.

Матична плоча
Матичната плоча е главниот дел во куќиштето на кој се поставени сите важни електронски делови на компјутерот. Сите делови поставени во куќиштето се поврзани со матичната плоча – како деца со мајка.
Главни делови вградени на матичната плоча се:
• процесорот,
• ROM и
• RAM меморијата.

Процесор
Процесор ја има главната задача во компјутерот – врши обработка на податоците.Тој се состои од голем број на електронски кола спакувани во еден чип. Основни составни делови :
- аритметичко-логичка единица (ги извршува аритметичките и логичките операции при обработката)
- управувачка единица (ја контролира и синхронизира работата на процесорот со работата на другите единици на компјутерот)
- регистри (електронски склопови кои служат за привремено чување на меѓурезултатите при извршување на програмите)
При работата процесорот користи посебни импулси генерирани со голема брзина од т.н. такт-генератор.
Брзината на генерирање на инпулсите се нарекува фреквенција
Карактеристики на секој процесор се:
• производител,
• модел,
• брзина на работа,
• кеш меморија.
Брзината на работа на процесорот се изразува во единица мерка Гига Херц (GHz).

Пример :
Производител:Intel Модел:Q9300 Core 2 Quad Брзина:2.5 GHz
Производител:AMD Модел:Phenom 8750 Triple-Core Брзина:2.4 GHz

Внатрешна меморија
Кога се зборува за меморијата на компјутерот, се мисли на внатрешната меморија. Таа се нарекува и работна меморија или оперативна меморија, или е позната како RAM -меморија.

ROM (Read Only Memory) - Меморија која може само да се чита.
RAM (Random Access Memory) - Меморија од која може да се чита и на која може да се запишува. Со исклучување на компјутерот податоците од оваа меморија се бришат.
ROM меморијата го „буди“ компјутерот и контролира дали сите хардверски и софтверски делови се присутни, исправни и подготвени за работа.На пример, компјутерот не може да работи ако не се приклучени правилно тастатурата и глувчето.

Капацитетот на меморијата или способноста да меморира одредено количество податоци се изразува со следните единици:
Бит ( bit ) една 0 или 1 од податоците кои се претставуваат во бинарна форма
Бајт ( byte 1B=8 bit)
Килобајт (1KB= 1024 B)
Мегабајт (1MB= 1024KB)
Гигабајт (1GB= 1024MB)
Терабајт (1TB= 1024GB)

Периферни уреди се деловите од компјутерот кои се наоѓаат околу куќиштето.
1. Периферните уреди можат да бидат влезни – за внесување на податоците во компјутерот и излезни – за прикажување на податоците и програмите обработени од компјутерот.
2. Периферните уреди може да бидат поврзани со компјутерот жично и безжично.
Познати начини за безжично поврзување на електронски уреди се Infra Red (Инфра Ред), Bluetooth (Блутут) и други.

       
Централна единица , Матична плоча , RАМ 


Прашања:
1. Што е компјутерски систем?
2. Што е софтвер , Што е хардвер?
3. Наброј ги вообичаените хардверски делови на еден персонален компјутер!
4. Кој приклучок овозможува најбрз пренос на податоците меѓу компјтерот и приклучениот уред:
• паралелниот,
• серискиот,
• USB,
5. Која е функцијата на ROM меморијата?
6. Кои програми се сместуваат во RAM меморијата?
• Оние со кои во моментот се работи на компјутерот,
• Сите програми од компјутерот.
7. Дали содржината на РАМ меморијата се брише по исклучување на компјутерот од струја! По што можеш да го заклучиш тоа?
8 Во кој дел на матичната плоча се обработуваат податоците во компјутерот?
• мониторот,
• хард дискот,
• процесорот.
9. Дали може во компјутерот да се додаваат нови картички?


1
2
3
4
5
0 - 3
4 - 5
6 - 7
8 - 9
10


НАДВОРЕШНИ МЕМОРИИ

Нови поими:
Хард диск, Дискета, Компакт диск, CD-ROM, CD-R, CD-RW, Дигитален видео диск, Мемориски стик, Преносни мемории.

Размисли
Кои уреди се потребни за чување на документи, музика, видео игри... за подоцнежно
користење? Зошто податоците не можеме да ги чуваме во внатрешната меморија?

Бидејќи со исклучување на персоналниот компјутер од напојување се брише внатрешната меморија, се јавува потреба од зачувување на податоците и програмите за подоцнежна употреба. За таа цел се користат надворешни мемории за зачувување на податоците. Запишувањето на податоците се врши во логички целини наречени датотеки.

Постојат :
• Магнетни( магнетна дискета , магнетен диски, магнетна лента)
• Оптички ( компакт диск и дигитален видео диск)
Полупроводнички   
Основни карактеристики на надворешните мемории се:
• Капацитет или големина на меморијата изразена најчесто во мегабајти и гигабајти
• Просечно време на пристап – времето потребно да се најде бараниот податок и да се пренесе во внатрешната меморија, најчесто изразено во милисекунди.
• Начинот на пристап
o директен (магнетните дискови и дискети)
o секвенцијален (магнетни ленти и компакт дискови)

Магнетната дискета претставува тенок свитлив пластичен диск (анг. floppy disk / diskette) премачкан со магнетен материјал и сместен во пластична футрола. На футролата постои отвор преку кој се читаат и запишуваат податоците. Денешните дискети се со големина од 3,5” (инчи, 1 инч=2.54 cm) и имаат капацитет од 1,44 MB.

Пред да започнеме со користење на нова дискета треба претходно да ја форматираме. Форматирање е постапка на делење на дискетаta на патеки и сектори. Патеките се концентрични кружници, а секторите радијални исечоци.
Обиди се да го пресметаш капацитетот на дискетата :

има 2 страни, секоја страна по 80 патеки, секоја патека по 18 сектори, а секој сектор по 512 B
Значи капацитетот е ??

Хард Диск (Тврд Диск) се состои од една или од повеќе керамички, алуминиумски или стаклени кружни плочи прицврстени на заедничка оска околу која ротираат. Затоа и се нарекува тврд диск (анг. Hard Disk). Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал дебел само неколку микрони, а над него се нанесува заштитен слој. За секоја плоча има по две глави за читање и запишување чие позиционирање е многу попрецизно отколку кај дискетата, бидејќи нема поместување на дисковите, а целата конструкција е херметички затворена и нема опасност од нечистотија како кај дискетите.
Кај магнетниот диск нема директен допир меѓу површината на дисковите и главитe за читање и запишување. Главите „лебдат" на воздушно перниче кое се создава поради многу брзото ротирање на дисковитe. Дискот ротира цело време додека работи компјутерот. Слично како и кај дискетата површината на плочите од тврдиот диск е поделена на сектори и патеки. Патеки со ист реден број формираат цилиндар.






SSD  (solid state drive) е уред со флеш мемориски чипови


CD kомпакт дискот (Compact Disk - CD) е оптичка надворешна меморија. Тој се состои oод пластична плоча врз кој е нанесен тенок слој од алуминиум. Запишувањето на податоците е во облик на минијатурни вдлабнатини распоредени на една непрекината спирала, со почеток од внатре кон надвор Диск единицата во која се става компакт дискот е со ласерско читање на податоците, при што ласерскиот зрак ја детектира рефлектираната светлина која се манифестира како битови - нули и едници.. CD-то има мемориски капацитет од 650-700 MB. Се користат за чување непроменливи податои енциклопедии, атласи, игри, музика.
CD-ата можат да бидат :
• само за читање - CD ROM,
• за читање и еднократно запишување - CD R (Recordable),
• за читање и повеќекратно запишување - CD RW (ReWritable),
• 1 CD = околу 450 дискети (или може да собере, на пример, околу 100 mp3 песни).

DVD или дигитален видео диск е оптички уред со доста поголем капацитет од неговиот претходник CD (Compact Disc). DVD е оптички диск кој се користи како средство за висококвалитетно складирање на податоци, но во масовна употреба воглавно служи за складирање филмови. DVD дисковите по димензиите и по изгледот се потполно идентични со CD дисковите а нивниот поголем капацитет за складирање на податоците се должи на поголемата густина на записот ( повеќе ласерски избушени дупчиња, се користи ласер со помала бранова должина ) и повеќеслојното запишување на податоците. Меморискиот капацитет е од 4.7 GB до 8.5 GB.

Нов тип на DVD уреди се DVD уредите кои користат син ласер наместо црвен за читање и запишување информации на диск. Овие уреди се викаат Blue Laser DVD уреди. Синиот ласер може да ги запишува податоците со многу поголема густина на дискот отколку црвениот. Затоа Blue Laser DVD-ата имаат многу поголем капацитет од обичните DVD-јa. Постојат два типа на Blue Laser DVD:
• HD-DVD (High Definition) со капацитет до 30 GB и
• Blu-Ray DVD со капацитет до 50 GB.

USB flash drive или попозната како USB меморија или Flash меморија претставува посебен тип на електронска меморија која не се губи при исклучување од напојување и е специјален тип на EEPROM (Electrically Erasable Programmable Read-Only Memory) односно меморија која е електрично избришлива и препрограмирачка.

Задача 1 :
Работник во канцеларија е задолжен за комуникација со други сектори во компанијата, како и за одржување на компјутерскиот систем. Наведете на кој начин би било логично тој да ги употреби надворешните мемории:
1. хард диск
2. rewritable CD ( CD-RW)
3. CD ROM

Задача 2:

Наведете разлики помеѓу хард диск и CD ROM
Хард диск
CD ROM

Прашања:
1. Компјутерски мемориски уреди служат за:
• чување на податоците,
• прикажување на податоците,
• обработка на податоците.
2. Димензии на мемориски уред (наведи ги уредите и нивните димензии) . Големина на меморијата која ја има уредот.
3. Хард дискот е
  • оптички диск
  • и едно и друго
  • магнетен диск
  • ни едно ни друго
4. Cd Rom e
  • магнетен диск на кој може да се менуваат запишаните податоци
  • оптички диск на кој може да се менуваат запишаните податоци
  • магнетен диск на кој не може да се менуваат запишаните податоци
  • оптички диск на кој не може да се менуваат запишаните податоци
5. Наведи ги единиците на мемориски капацитет ?
6. Какви видови на CD-а има , Какви видови на DVD-ја има?
7. Кој податок не припаѓа во наведената листа:
a) Хард диск
б) ROM
в) CD
г ) магнетна дискета