Monday, February 1, 2021

Wednesday, August 12, 2020

Zoom

Ova

zoom za nastavnici 

zoom za ucenici

За да може да се одржуваат предавања преку апликацијата ZOOM, потребно е и наставникот и учениците да ја имаат инсталирано апликација на својот уред .

За терминот на часот потребно е да ги известите учениците ден-два претходно, со напомена дека  пред закажаниот термин ќе добијат покана да учествуваат на предавањето ( покана преку СМС, Скајп, Фејсбук или Вибер), така што ќе го испратите линкот или ID-бројот и лозинката за состанокот. Нив можете да ги ископирате од e-mail поканата , или преку копчето Copy URL, односно Copy invitation 

Има можност и за закажување со опцијата Shedule 

За да го започнете часот, т.е. предавањето, стартувајте ја апликацијата ZOOM, кликнете на копчето New Meeting за да отворите канал за вашето предавање. При отворањето на прозорецот за вашето предавање ќе со појави и мало прозорче за активирање на звукот од вашиот компјутер, каде што треба да ја изберете понудената опција Join with Computer Audio.

Менија и алатки за работа

Mute – Исклучување и вклучување на вашиот микрофон. Стрелката десно од иконата на микрофонот отвора неколку опции за нагодување на микрофонот, звучниците и звукот.

Start Video – Вклучување и исклучување на вашата камера. Стрелката десно од иконата отвора неколку опции за нагодување на видеото.

Invite – Копче за испраќање покани до учесниците.

Manage participants – Управување со учесниците (mute, unmute и други опции).

Share Screen – Споделување на екран. Преку оваа опција се избира што ќе прикажувате кај учесниците. Стрелката покрај оваа икона отвора неколку опции за нагодување на споделувањето.

Chat – Алатка за разговор со учесниците и испраќање фајлови.

Record – Копче за снимање на состанокот/предавањето.

Reactions – Избор и испраќање реакции.

End Meeting – Копче за завршување на состанокот, т.е. предавањето.

По зборовите за добредојде и вовед во предавањето, можете да ја исклучите камерата и да ја отворите вашата презентација (во Power Point, Adobe reader, Word... според тоа како сте ја подготвиле). Потоа притиснете на зеленото копче Share Screen,  можете да го изберете прозорецот од програмата што ја користите за презентацијата (видео плеер, Power Point, Adobe reader, Word...), па во тој случај тој ќе се прикажува кај учениците.  Како што може да се види, во тој случај лентата со алатки (toolbar) се менува и се поместува во горниот дел од екранот, а ако курсорот не е врз неа, таа ќе се повлече нагоре за да не пречи.

Додека ја „вртите“ презентацијата, можете да зборувате – микрофонот од вашиот компјутер ќе ги пренесе вашите објаснувања до присутните на предавањето. Можете да ја прекинете презентацијата и да вклучите некоја видеоснимка, па неа да ја споделите преку копчето Share Screen или New Share, па потоа пак да се вратите на презентацијата. Можете наместо презентација да ја вклучите својата камера и да имате предавање „во живо“.

Преку алатката Manage participants можете да го исклучите звукот од слушателите (Mute All ) за да не пречат додека предавате . Потоа, кога ќе дојде моментот за прашања и дискусија, преку истата алатка можете да го вклучите звукот на сите учесници (Unmute All) или да го вклучите звукот само кај оние учесници од листата кои во тој момент треба да зборуваат.

Наставникот до учениците може да испраќа пишани пораки со активирање на алатката Chat . Имате можност пораката да ја испратите до сите учесници (Everyone in Meeting) или само до одреден учесник. Пораки до наставникот може да испраќаат и учениците.

Алатката Chat има опција и за испраќање фајлови, па преку неа, на крајот од предавањето, можете да ги испратите материјалите, прашањата и задачите од предавањето до сите учесници одеднаш (внимавајте тогаш да изберете To Everyone). Доколку  сакате да дадете различни задачи/прашања на секој од учениците, тогаш соодветните датотеки испратете ги во посебни пораки до секој ученик поодделно. Преку истата опција учениците може да ги испратат до наставникот своите домашни задачи.

Апликацијата Zoom овозможува презентација да прават и учесниците, ако наставникот ја овозможи таа опција (од менито Share Screen - опција е овозможена како стандардно нагодување (default). Со тоа се создава можност учениците во живо да ги презентираат своите трудови (одговорени прашања и задачи, презентации,  проектни задачи...) пред наставникот и пред останатите учесници.

Секако, треба да го имате на ум 40-минутното ограничување, па предавањето да го завршите навреме. За крај на предавањето притиснете на копчето End Meeting долу десно.

SISTEMI 

Zoom upatstvo 

https://emiter.com.mk/vesti/18792